ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ГО ПОСЕТИ ЦЕНТАРОТ ЗА ТРЕТМАН НА ДЕЦА СО АУТИЗАМ

Во посета на Центарот за третман на деца со аутизам кој функционира во просториите на Општа болница Охрид, беше градоначалникот Кирил Пецаков. Од страна на вработените беше запознаен со начинот на фукционирање и работење на Центарот, но и за нивните потреби.

 |   | 

Локалната самоуправа се обврза да изнајде начин за субвенционирање кој ќе биде финасиско олеснување на родителите чии деца го посетуваат Центарот. Дополнително она што било обврска на Општина Охрид за изградба на нови пристапни скали, а не се реализирани досега, во најкус рок ќе се пристапи кон реализација.

Носител на проектот за отворање на овој центар е Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам „ВО МОЈОТ СВЕТ“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top