Ознака: посета

logo

Хрватски новинари во посета на Македонија

Post Views: 0 На покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија,  од денеска до 18 август во земјава ќе престојуваат новинари од националната телевизија на Хрватска – ХТВ. Целта на посетата е презентирање на туристичките потенцијали на Македонија пред хрватската јавност,  а во фокусот на нивното внимание ќе бидат Крушево, Охрид, Струга и Вевчани. Во соопштението од Агенцијата изразуваат задоволство што бројот на странските туристи, според статистичките податоци во јуни годинава, е зголемен за 19,7 отсто во однос на истиот месец од 2008 година. Во...

Continue reading

Oli Ren

Еврокомесарот Оли Рен во Македонија

Post Views: 4 Времето до објавувањето на извештајот за напредокот на Македонија во евроинтеграциите и исполнувањето на осумте критериуми е кусо. Ова е пораката што на македонскиот државен врв ќе му ја пренесе еврокомесарот за проширување Оли Рен за време на денешната посета на Скопје. Комесарот рен во Скопје треба да се сретне со претседателите на Државата, на Собранието и на Владата, Ѓорге Иванов, Трајко Вељаноски и Никола Груевски. Исто така предвидени се и средби со министрите вклучени во процесот на евроинтеграции, како и со Националниот совет за евроинтеграции при Собранието. Главните...

Continue reading

Македонскиот премиер во официјална посета на Србија

Post Views: 5 Премиерот Никола Груевски, денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Србија. Тој ќе има средби со државниот врв на Србија, со  претседателот на Владата, Мирко Цветковиќ, претседателот на Народното собрание  на Србија, Славица Ѓукиќ Дејановиќ, како и со претседателот на државата, Борис Тадиќ. Според предвидената агенда македонскиот премиер ќе ја посети и Стопанската комора на Србија, каде ќе учествува на Деловниот форум на кој ќе учествуваат и бројни македонски и српски стопанственици. Во рамките на посетата,предвидено е потпишување на Спогодба...

Continue reading

Javier Solana

Солана во Македонија

Post Views: 8 Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана денеска треба да пристигне во Македонија, во рамки на турнејата по западен Балкан. Во рамки на посетата, Солана ќе има средби со премиерот Никола Груевски, претседателот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на опозициониот СДСМ Бранко Црвенковски. Попладне Солана ќе отпатува за Косово, а турнејата ќе ја заврши во среда во Подгорица. Пред да замине на турнејата по западен Балкан, Солана во неделата порача дека овој регион е подрачје од животна важност за Европската Унија (ЕУ). „Европската перспектива...

Continue reading

Gorge Ivanov

Македонскиот претседател во посета на Хрватска

Post Views: 1 Македонскиот претседател Ѓорге Иванов од денеска престојува во тридневна официјална посета на Хрватска, на покана на хрватскиот претседател Стипе Месиќ. Претседателот Иванов за време на посетата ќе оствари средба и со хрватската премиерка Јадранка Косор, како и со спикерот Лука Бебиќ, јави хрватската агенција Хина. Според агендата, претседателите Иванов и Месиќ денеска ќе учествуваат на хрватско-македонскиот економски форум. Претседателот Иванов, како што пренесува Макфакс, се очекува да оствари средба со претставниците на македонското малцинство во Хрватска. {loadposition...

Continue reading

Хавиер Солана

Солана и Рен доаѓаат во Македонија

Post Views: 0 Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Хавиер Солана и еврокомесарот за проширување Оли Рен, ќе го посетат Скопје во втората половина на јули. Одвоените посети на двајцата високи европски дипломати, се предвидени во рамки на турнеите на Солана и Рен на Западен Балкан, за кои деталите се уште се прецизираат, соопштија официјални извори во Брисел.Посетата на Солана на регионот, е предвидена за идната недела и најверојатно ќе започне на 13-ти јули во Белград, по што Солана ќе ги посети Приштина и Скопје. Еврокомесарот Рен се очекува на 22 јули да...

Continue reading

Metju Nimic

Метју Нимиц во Македонија

Post Views: 1 Специјалниот претставник на Обединетите нации(ОН) во спорот за името Метју Нимиц денеска и утре треба да престојува во Македонија, по што ќе отпатува во Грција. Посета следи по разговорите што Нимиц ги имаше со амбасадорите на двете земји, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, на 22. јуни во седиштето на ОН Женева. По средбата со преговарачите Јолевски и Василакис, медијаторот рече дека е време за интензивирање на потрагата по решение за името, при тоа додавајќи дека двете страни остануваат во своите рововски позиции. Нимиц, на прес конференција, рече дека во Женева...

Continue reading

Elizabeta Milevska

Министерката за култура во официјална посета на Полска

Post Views: 1 Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на покана од полскиот министер за култура и национално наследство Богдан Здројевски од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Полска. Во рамки на посетата, како што пренесува Макфакс, двајцата министри ќе потпишат Програма за културна соработка меѓу двете министерства за 2009-2011 година. Македонската министерка денеска во градот Олштин ќе присуствува на концерт на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, чие гостување е финансирано од Годишната програма за култура на Министерството за култура....

Continue reading

Miroslav Lajcak

Министерот за надворешни работи на Словачка во официјална посета на Македонија

Post Views: 14 Министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак денеска ќе допатува во официјална посета на Македонија, на покана шефот на дипломатијата Антонио Милошоски. Според Елена Димчова од одделението за односи со јавноста на Министерството за надворешни работи, посетата на Лајчак ќе биде одбележана со подигнување на нивото на досегашната Канцеларија за врски на Словачка во амбасада. „Ова ќе биде 28-ма резидентна амбасада во Македонија“, рече Димчова. Министрите Лајчак и Милошоски во Скопје треба да потпишат договор меѓу Словачка и Македонија за заштита на инвестициите....

Continue reading

Zoran Konjanoski

Министерот за одбрана во посета на Казахстан

Post Views: 1 Македонскиот министер Зоран Коњановски,  денеска и утре ќе учествува на ЕАПС Безбедносниот форум, што ќе се одржи во Астана, Казакстан. На Безбедносниот форум ќе учествуваат делегации од 28 земји членки на НАТО и од 22 Партнерски земји, се наведува во соопштението од одбрана. ЕАПС Безбедносниот форум е формат кој обезбедува дијалог помеѓу земјите членки на НАТО и Партнерите. Првиот Безбедносен форум  се одржа во мај 2005 година во Оре, Шведска. На Безбедносниот форум делегациите ќе разговараат за: безбедноста со посебен акцент на ситуацијата во Авганистан, безбедноста...

Continue reading

vojnici

Турска воена делегација во дводневна посета на АРМ

Post Views: 1 Воена делегација на вооружените сили (ВС) на Република Турција, предводена од началникот на Генералштабот на ВС на Република Турција, генерал Илкер Башбуг, од денеска претстојува во дводневна официјална посета на Армијата на Република Македонија. Турската воена делегација ќе биде пречекана со високи воени почести, од нивниот домаќин началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски.  Реформските процеси во одбраната и трансформацијата на АРМ, нејзината формациска поставеност, како и проширување на билатералната  воена соработка помеѓу двете...

Continue reading

Dragan Sutanovac

Српскиот Министер за одбрана во посета на Македонија

Post Views: 1 Македонско-српска спогодба за соработка во областа на одбраната треба да потпишат денеска министрите за одбрана на двете држави, Зоран Коњановски и Драган Шутановац. Двајцата министри се очекува да разменат мислења во однос на политичко-безбедносната ситуација на Балканот, чија стабилност за двете земји е од приоритетен интерес. Српскиот министре Шутановац за време на посетата на Скопје ќе го примат и претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски.   {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top