Солана и Рен доаѓаат во Македонија

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Хавиер Солана и еврокомесарот за проширување Оли Рен, ќе го посетат Скопје во втората половина на јули.

Хавиер Солана

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Хавиер Солана и еврокомесарот за проширување Оли Рен, ќе го посетат Скопје во втората половина на јули.

Одвоените посети на двајцата високи европски дипломати, се предвидени во рамки на турнеите на Солана и Рен на Западен Балкан, за кои деталите се уште се прецизираат, соопштија официјални извори во Брисел.
Солана и ОлиПосетата на Солана на регионот, е предвидена за идната недела и најверојатно ќе започне на 13-ти јули во Белград, по што Солана ќе ги посети Приштина и Скопје.

Еврокомесарот Рен се очекува на 22 јули да има средби со властите во Белград, а ден потоа да ги посети Црна Гора и Македонија.

Посетата на Рен треба да уследи по одлуката која Европската унија се очекува да ја донесе за укинување на визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора.

Европски претставници неделава потврдија дека Европската комисија на 14 јули ќе го усвои предлогот за укинување на шенген визите за овие три земји.

Истиот ден предлогот би требало да биде упатен и до Советот на министри на Унијата и Европарламентот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top