Метју Нимиц во Македонија

Специјалниот претставник на Обединетите нации(ОН) во спорот за името Метју Нимиц денеска и утре треба да престојува во Македонија, по што ќе отпатува во Грција.

Metju Nimic
Метју Нимиц

Специјалниот претставник на Обединетите нации(ОН) во спорот за името Метју Нимиц денеска и утре треба да престојува во Македонија, по што ќе отпатува во Грција.

Metju NimicПосета следи по разговорите што Нимиц ги имаше со амбасадорите на двете земји, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, на 22. јуни во седиштето на ОН Женева.

По средбата со преговарачите Јолевски и Василакис, медијаторот рече дека е време за интензивирање на потрагата по решение за името, при тоа додавајќи дека двете страни остануваат во своите рововски позиции.

Нимиц, на прес конференција, рече дека во Женева се разговарало токму за областите во кои досега немало напредок во преговорите, што всушност го блокирало и целиот тој процес.

Според грчки дипломатски извори, има малку надеж за сериозен напредок во преговорите.

Медијаторот Нимиц во Скопје ќе биде примен од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски, додека во Грција најверојатно ќе оствари средба со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани и амбасадорот Василакис.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top