Македонскиот премиер во официјална посета на Србија

Премиерот Никола Груевски, денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Србија. Тој ќе има средби со државниот врв на Србија, со  претседателот на Владата, Мирко Цветковиќ, претседателот на Народното собрание  на Србија, Славица Ѓукиќ Дејановиќ, како и со претседателот на државата, Борис Тадиќ.

Премиерот Никола Груевски, денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Србија.

BelgradТој ќе има средби со државниот врв на Србија, со  претседателот на Владата, Мирко Цветковиќ, претседателот на Народното собрание  на Србија, Славица Ѓукиќ Дејановиќ, како и со претседателот на државата, Борис Тадиќ.

Според предвидената агенда македонскиот премиер ќе ја посети и Стопанската комора на Србија, каде ќе учествува на Деловниот форум на кој ќе учествуваат и бројни македонски и српски стопанственици.

Во рамките на посетата,предвидено е потпишување на Спогодба за економска соработка и Програма за културна соработка со Република Србија, што ќе претставува дополнително зајакнување на успешната билатерална соработка помеѓу двете земји. Во составот  на македонската делегација ќе бидат и заменикот на претседателот на Владата, Владимир Пешевски, заменик министерот за култура, Драган Недељковиќ и директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо.

Претседателот на Владата на Република Македонија, исто така, ќе оствари средба и со претставниците на македонското малцинство во Република Србија, се наведува во соопштението од владината прес служба.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top