Ознака: портпаролот

logo

„Градоначалникот Петрески не се грижи за своите сограѓани“ обвинуваат од ОК на ДПМНЕ

Post Views: 5 „Крајно неодговорен чин на градоначалникот на Охрид и на неговиот несопсобен тим, бидејќи не одговорија на програмата на Владата за вработување на невработените лица“, обвини на денешниот прес Никола Митровиќ, портпарол на О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Митровиќ додаде дека во услови на глобална економска криза, неповолни економски текови, кога сo оваа програма Владата на РМ им овозможува извор на приходи на своите граѓани, охридскиот градоначалник Александар Петрески не покажал никаков интерес за тоа да помогне на своите сограѓани. „Веројатно за Петрески нема никаква криза,...

Continue reading

Nikola Mitorvik

Паркинзите повторно тема на пресс на ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 7 Доделувањето на градските паркинзи под концесија, од страна на Локалната, повторно тема на прес конференција на општинската ВМРО-ДПМНЕ. Портпаротлот Никола Митровиќ истакна дека нашиот град веќе осум години е заложник на неодговорната политика на градоначалникот  Александар Петрески како и на мала група блиска до него која буквално во последно време го тероризира Охрид. Портпаролот Митровиќ додаде дека криминал има и во спроведувањето на тековното работење со градските паркинг простори. „Имено, според наши извори дознаваме дека соодветните инспекциски служби утврдиле...

Continue reading

Maneski Nikola

Две години од смртта на новинарот Никола Манески

Post Views: 2 Членови  на потесното семејство на Никола Манески, пријатели, ученици, колеги, соработници уште еднаш му одадоа почит пред неговото вечно почивалиште. „Никола Манески беше извонредна личност. Тој за време на неговиот живот ни ги покажа вистинските професионални и морални вредности“, вели портпаролот на СВР Охрид и негов многу добар пријател Стефан Димовски. „Сакам да потенцирам дека новинарот и портпарол Никола Манески кој секогаш со посебен пиетет зборуваше за новинарството и со сите свои сили се трудеше да ни ги долови тајните на новинарството, вклучувајќи го сегментот...

Continue reading

obvinet za obljuba

Зголемен број на полициски службеници за мирно лето

Post Views: 0 Поучени од горчливите искуства од минатото, ова лето зголемен број на полициски службеници ќе се грижат за општата безбедност во градов. Деноноќно, полициските службеници ќе патролираат со цел зачувување на јавниот ред и мир. Портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски вели дека во најголем број од случаите полициските службеници интервенираат превентивно, но доколку има опасност од ескалирање на ситуацијата, тие ќе ги искористат своите овластувања и ќе делуваат и репресивно. Најголема концентрација на полициски службеници ќе има на неколку условно речено „жешки точки“...

Continue reading

sostanok Svr

Со здружени сили до зголемен степенот на безбедност во езерото

Post Views: 5 Ќе дадеме максимум за да имаме безбедна туристичка сезона и нема да дозволиме годинава да имаме било каква дамка во поглед на безбедноста која ќе го наруши имиџот на градот“, истакна портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски на состанокот инициран од СВР насловен како „Превентивни мерки за поголема безбедност на вода и заштита од кражби“ . Инаку денешниот состанок е уште еден обид да се зголеми степенот на безбедност во езерото, но и во Охрид. Состанок имаше превентивен карактер и на него присуствуваа сите чинители кои имаат директна инволвираност во безбедноста на вода....

Continue reading

manjak

Егзибиционист во Охрид

Post Views: 1 Егзибиционист во Охрид .Тој е забележан вчера во попладневните часови кај комплексот „Расадник“. Од СВР Охрид велат дека кај нив тоа не е пријавено, но апелираат доколку се забележи, веднаш во најкраток можен рок да се пријави на 192. „Средовечен маж на возраст од педесетина години, облечен во бело, ме следеше, ми зборуваше недолични и вулгарни зборови и го откопчуваше патентот од панталоните, на сред бел ден, пред мојот влез од зградата“, раскажува малолетна девојка. Таа згрозена од глетката, преплашена и целата во солзи, заминала кај другарка и за да се јави кај своите...

Continue reading

Miranda Mustafova

Потстанари од Охрид, останаа на улица

Post Views: 7   Катинар на вратата за потстанарите во куќата на Лаброски Никола на ул. „Даме Груев“, бр 49. До неодамна таму под наем таму живееше семејството Мустафови од Охрид. Зад затворената врата остана се што поседуваат, а тие на улица. Иако потпишале договор на 3 години, тоа не било испочитувано од страна на станоиздавчот, кој во неколку наврати, преку негови блиски, испраќал луѓе да им се закануваат, како што кажа Миранда Мустафоска, која утрово со нејзиното млолетно дете дојде до нашата редакција  да ни ја раскаже драмата која неодамна се случувала. Мустафоска кажа дека се...

Continue reading

gimnazija

Гимназијалците се обучуваа за семејно насилство

Post Views: 1 Средношколците од Гимназија се едуцираа за семејно насилство. Предавањата ги одржаа претставници од СВР, на проект од женскиот центар „Бисера“. Гимназијалците со внимание го следеа предавањето и покрај тоа што добро се информирани каде треба да се обратат доколку забележат случај на семејно насилство кај нивни соученици. Од „Бисера“ велат дека тие како женско здружение на проблемот за семејното насилство работат уште од 1995 год. Претседателката на здружението, Наде Мартиноска се сеќава дека на почетокот оваа тема била табу, но дека како изминувале годините многу се...

Continue reading

licna karta

Неподвижните лица до лични карти со помош на мобилна екипа

Post Views: 0 Лицата кои тешко се движат и не можат да стигнат до службите на СВР Охрид за да ги заменат старите лични карти со нови биометриски ќе добиваат помош. Мобилна служба ќе доаѓа во нивните домови по пријава од страна на семејствата или старателите, нагласува портпаролот на СВР, Стефан Димоски. Полицијата наскоро ќе прави и приодни рампи за  лицата со инвалидитет. Овие лица досега немаа  лесен пристап до полициските служби.Сега по потпишувањето на Конвецијата за заштита на правата на лицата со инвалидитет и полицијата ќе мора да им овозможи лесен пристап на овие лица. За...

Continue reading

Stefan Dimoski

Успешна година за СВР

Post Views: 27 СВР Охрид годината ја завршува со позитивен биланс во свкупното работење. Ова се однесува во сите сегменти во работењето на полицијата како и во делот на сведување на минимум на казнените дела, вели портпаролот на СВР Стафан Димоски. „Реализацијата е исто така позитивна и би сакал да потенцирам дека во делот на општиот криминалитет и во делот на организираниот криминалитет во делот на нарушувањрто на јавниот ред и мир како и во делот на сообраќајот видно се бележи намалување на бројот на казнените дела“, вели портпарол СВР Охрид, Стефан Димоски. Димоски напомена дека...

Continue reading

vila piano

Вооружен инцидент во срцето на Охрид

Post Views: 0 Вооружен инцидент во срцето на Охрид. Интензивната потрага по сторителите. Портпаротолот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека синоќа околу 21.30 мин, три лица со патничко моторно возило и вооружени застанале пред објектот, „Пијано бар“ на улицата „Абас Емин“. Лицата за кратко време упаднале во внатрешноста на објектот и притоа еден од нив упатувајќи вербални навреди и закани кон сопственикот на објектот, пиштолот го вперил во вработените. Димоски информира дека едно од лицата имало пластична туба со запалива течност, истот го полеало објектот и на тој начин предизвикале...

Continue reading

web

Упад на официјалната веб страна на Општина Охрид

Post Views: 6 Непознат сторител успеал да ја хакира англиската верзија на официјалната веб- страница (www.ohrid.com.mk). Портапоролот на Општината Симон Илиевски информира дека сторителот успеал и  ги избришал поставените содржини на неа и на бугарски јазик напишал дека страницата не била обезбедена. „ Непознатиот сотрител хакерот ги тргнал сите содржини кои беа поставени на страницата и има поставено текст во кој вели дека успеал да влезе на старницата и има напишано вулгарен текст кој што се однесува на бродската несреќа и зборови кои што се употребени ќе ги навредат не само...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top