Вооружен инцидент во срцето на Охрид

Епилог, опожарен угостителски објект и неколку истрели од ловечко оружје. Портапролот Стефан Димоски и порача на јавноста дека безбедносната состојба во Охрид е  стабилна и поволна.

 |  Крсте Голабовски  | 
vila piano
vila piano

Вооружен инцидент во срцето на Охрид. Интензивната потрага по сторителите. Портпаротолот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека синоќа околу 21.30 мин, три лица со патничко моторно возило и вооружени застанале пред објектот, „Пијано бар“ на улицата „Абас Емин“. Лицата за кратко време упаднале во внатрешноста на објектот и притоа еден од нив упатувајќи вербални навреди и закани кон сопственикот на објектот, пиштолот го вперил во вработените. Димоски информира дека едно од лицата имало пластична туба со запалива течност, истот го полеало објектот и на тој начин предизвикале опжарување во внатрешноста на објектот.

„Веднаш потоа лицето кое го управувало моторното возило и кое исто така е добро познат на службата извршило испукување со ловно оружје во внатрешноста на објектот. Веднаш потоа го напуштиле објектот и за кратко време внатре се случија експлозија,“ вели Димоски.

vila pianoПо напуштањето на објектот со истото патничко моторно возило, лицата се упатиле кон излезот од Охрид, во правец кон Струга каде во една од бензиските станици побарале сет за Прва Помош. Откако го добиле брзо го напуштиле тој објект, притоа не плаќајќи ја сметката за горивото кое го зеле, објаснува Димовски. Полициските инспектори се на терен и се во одлична координација со полициските службеници од другите полициски станици информира Димоски и порачува дека место за паника и вонемиреност меѓу граѓаните нема.

„Како што можеби испраќа силна вознемирувачка порака, исто така и ние како служба, како полиција испраќаме силна порака до сите нив коишто се дирекно инволвирани во овј настан, но и до целата јавност дека за брзо и кратко време ќе ги откриеме лицата коишто го предизвикаа овој вооружен инцидент. Во таа насока би сакал да кажам дека безбедносната состојба во охрид е крајно стабилна и поволна, а овој инцидентен случај воопшто не треба да се генерализира и да претставува некаков репер за нарушена безбедносна состојба во градот“ објаснува портпаролот.

Најдени се одредени траги  кои ќе бидат корисни за текот на истрагата и кои за кратко време ќе не доведат до сторителите за кои имаме, Вели Димоски. СВР Охрид располага со добри оперативни информации кои велат дека одредени недоразбирања се пристуни меѓу лицата кои што влегле во објектот и сопственикот на објектот, но тоа ќе биде предмет на сите дополнителни активности за утврдување на мотивите за овој чин. Во тек е утврдувањето на идентитетот на сторителите и нивно пронаоѓање, додава портпаролот на СВР. Освен сторителите за кои има индиции дека се повредени, за други повредени во синоќешниот инцидент, нема конкретни податоци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top