Гимназијалците се обучуваа за семејно насилство

Најчеста причина за трпење на семејно насилство е економската немоќ, велат од женскиот центар „Бисера“.

 |  Маленкова Татјана  | 
gimnazija
гимназија

Средношколците од Гимназија се едуцираа за семејно насилство. Предавањата ги одржаа претставници од СВР, на проект од женскиот центар „Бисера“. Гимназијалците со внимание го следеа предавањето и покрај тоа што добро се информирани каде треба да се обратат доколку забележат случај на семејно насилство кај нивни соученици.

Од „Бисера“ велат дека тие како женско здружение на проблемот за семејното насилство работат уште од 1995 год. Претседателката на здружението, Наде Мартиноска се сеќава дека на почетокот оваа тема била табу, но дека како изминувале годините многу се постигна со тоа што почна отворено да се зборува за проблемот и со тоа што истиот го презедоа институциите, со што се донесоа и закони за санкционирање на сторителите на ова дело. Претседателкта на gimnazija Бисера вели дека основа во работа на Охридското женско здружение е превенција, а токму поради тоа не чекаат да се случи нешто, туку најмногу реботат на превенцијата.

„И денеска многу жени трпат, не зборуваат. Семејното насилство го има кај сите структури на жени. И интелектуалките трпат семејно насилство, без разлика кој на која функција е и дали е работник или интелектуалец. Тешко проговараат, но мислам дека ние во нашата организација, успеавме жените да доаѓаат се отвораат и зборуваат за проблемот“, вели Наде Мартинска, претседателката на женски центар „Бисера“.

Во канцеларијата на „Бисера“ точно 10 години функционираше и SOS телефон, специјално отворен за жртвите на насилството. За жал поради лошата финансиска ситуација телефонот од пред еден месец е ставен во мирување.

„Можеби немаше премногу јавувања но имаше. А оној ефект кој го постигнавме беше жените толку се охрабрија што самоте доаѓаа во нашата канцеларија и директно со тимот за насилство разговараа отворено за својот проблем.  Имаме и решени случаи, таквите случаи ги проследувавме до нашите соработници со кои потпишавме меморандум за соработка про отворањето на телефонот, а тоа е медицински центар, центар за социјални грижи и секако СВР Охрид“, вели Мартиноска.

Од СВР се сложуваат дека најдобро е што поголемо информирање на популацијата за проблемот и превенција. Портпаролот Стефан Димовски открива дека во Охрид во текот на минатата година во секторот евидентирани се 44 кривични дела од областа на семејното насилство.        

„ Оваа бројка е видно зголемување во однос на 2010 година ,кога како служба регисзтриравме 37 вакви кривиќни дела. Во делот на семсјното насилство најчесто се работи за физички напад, омаловажување, карање, викање и нанесување на телесни повреди од страна нанродителот кон децата, што преставува и голема причина и ние како служба да го зголемиме нашиот интензитет на активности во делот на сузбивање на ваквата појава“, вели портпаролот на СВР Стефан Димовски.

Од женскиот центар Бисера истакнуваат дека според Програмските актиности на здружението работилници за семејно насилство ќе се одржат и во останатите средни училишта, како  и за седмо и осмо одделенците од основните училишта.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top