Ознака: пожари

pozari

Нови пожари во Австралија

Post Views: 7 Јужна Австралија повторно ја зафатија шумски пожари. Огнената стихија најмногу беснееше во градовите Фрамлингам и Тимбон, а за гаснење на пожарите на терен излегоа повеќе од 100 пожарникарни возила. Атмосферските услови ја отежнуваат работата на пожарникарите. Според синоптичарите во следните денови температурите ќе достигнат над 40 степени Целзиусови, а брзината на ветрот ќе биде 50 километри на час.Во реонот на пожарите е објавена вонредна состојба, а затворени се 190 училишта и 146 детски градинки. Локалните власти ги повикаа жителите од овие области да ги напуштат...

Continue reading

pozari

Најмалку 173 жртви во пожарите во Австралија

Post Views: 1 Бројот на жртвите во шумските пожари во повеќе делови на Австралија се зголеми на 173 потврдени случаи, додека локалниот печат шпекулира со бројка од 230 загинати.Во меѓувреме, полицијата почна потрага по предизвикувачите на пожарите за кои се верува дека намерно ги подметнале. Целата опустошена зона, која вклучува над 20 градови северно од Мелбурн, е прогласена за „место на злосторството“, изјави Кристина Никсон, комесар на полицијата на државата Викторија, најавувајќи почеток на „Операцијата Феникс“.Најновите пожари во близина на Мелбурн се најтешка природна несреќа...

Continue reading

protivpozarno vozilo

Расте бројот на жртвите од големите пожари во Австралија

Post Views: 8 Се зголемува бројот на жртвите од големите шумски пожари, избувнати во последните денови во јужниот дел на Австралија. Според најновите податоци веќе загинаа 128 лица, соопштија агенциите. Најмалку седумстотини куќи се уништени. Огнот, што неколку денови беснее во државата Викторија, во неколку случаи зафати цели населби. Над 5.000 жители на државата Викторија се принудени да ги напуштат домовите, а некои од нив останале без дом.Отворени се прифатни кампови и центри за помош на настраданите. Изгорени се околу 330 хектари шуми. Разурнати се приближно 750 куќи. Огнената...

Continue reading

pozari

Во пожарите во Калифорнија уништени над илјада куќи

Post Views: 0 Повеќе од 1.000 куќи, од камп приколки до вили вредни повеќе милиони долари, се уништени, а 50 илјади луѓе морале да ги напуштат своите домови поради пожарите кои веќе четврти ден беснеат во јужниот дел на Калифорнија.   Едно од најтешко погодените подрачја е паркот со камп приколки во областа Силмар во Лос Анџелес, каде во текот ноќта се уништени 500 приколки, а полицијата трага по повозрасните жители и лицата со инвалидитет, за кои стравува дека можеби не успеале на време да побегнат од огнената стихија. „Огнот се прошири во овој парк толку брзо, што немаше начин...

Continue reading

Од ТППЕ годинава очекуваат зголем број на пожари

Post Views: 2 Последниот пожар на кој интервенирале охридските пожарникари се случил на куќа во центарот на село Пештани. Околу падне , вчера ТППЕ со 2 возила и 8 пожарникари за многу кратко време успешно ликвидирала пожар кој поради збиеност на куќите лесно можел да се прошири и да предизвика катастрофа. Опожарената куќа била стара и напуштена,  а причината за пожарот допрва ќе се утврдува. Територијалната противпожарна единица деновиве со 6 возила и 40 пожарникари беше ангажирана околу обезбедување на културните манифестации што се одржуваа во Охрид. Пожарникарите со 3 возила биле...

Continue reading

Превентивата е најдобра заштита од појава на пожари

Post Views: 0 Од ЈУНП „Галичица“ информираат дека на сила стапува забраната за палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор. Пресуден фактор за појава на пожарите на отворен простор е човечкиот фактор. Голем дел од пожарите се намерно предизвикани но и од невнимание. Тргнувајќи од овој факт и фактот дека превентивата е најдобра заштита од појава на пожарите. Поради зголемена опасност од појава на пожар во летниот период како и според Закон за шуми, забрането е палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор....

Continue reading

Продолжува дивеењето со подметнати пожари, потфрлаат надлежните институции

Post Views: 8 Нови пожари опустошија површини во близина на Хидробиолошкиот институт, населбата Св. Стефан и во Подмоље. По пожарите во Андон Дуков и на струшкото крајбрежје, каде што подолго време се пали трска, сега горат површини со нискостеблести растенија и на охридскиот дел. Охридските екологисти ги осудуваат ваквите опожарувања со кои се уништува природата. Борис Џајкоски, член на претседателсвото на ЕД Грашница и Еколошкото движење на Македонија, од името на екологистите повикува на совест кај граѓаните,но и на совесно работење на институциите за кои се надлежни. Џајкоски...

Continue reading

Во Охрид и Дебрца има аларамантен пораст на пожари во првите три месеци од годинава

Post Views: 1 Се бележи загрижувачки пораст на пожари во Охрид и Дебрца. Охридските пожарникари во првите три месеци од оваа година имале 137 интервенции кои завршиле успешно. Големиот број на интервенции во првото тромесечие од 2019 год. се највисоки во последните 14 години. Во најголем број пожарите се резултат од невнимание и непочитување на законските одредби, информира Спасе Прентоски командир на охридската ТПЕ. Неодговорно се палат стрништа на земјоделски површини во селата во Дебрца за време на викендите, а продолжува и немарноста на граѓаните за редовно чистење на оџаците...

Continue reading

Ренџерите деноноќно ја чуваат Галичица од шумски пожари

Post Views: 1 Ренџерите од НП Галичица деноноќно будно ја чуваат планината од шумски пожари. На неколку видиковци меѓу кои Баба и Корита ренџерите ја набљудуваат планината во рамките на националниот парк и внимаваат да не се случат шумски пожари. Во моментов се е под контрола и нема уредби за ограничено движење на посетителите од страна на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, информира Наумче Новески од НП Галичица. „ Во моментов е слободно движењето низ НП, но со придржување на условите кои ги бара Законот за национални паркови. Имаме точно одредени места каде...

Continue reading

pozar

Втора верзија на „Македонскиот информативен систем за шумски пожари“

Post Views: 0 Овој систем се темели на современа информатичка технологија и е во функција на следење, проценка на ризикот и оперативна координација во случаи на справување со ризикот од шумски пожари, денеска беше промовирана. Овој систем во јули минатата година беше ставен во почетна оперативна употреба, познат како МКФФИС и од тогаш беше во тест фаза. Во втората фаза од неговиот развој се направиени сите неопходни подобрувања, со додавање нови карти, алатки и функции со што на корисниците им се обезбедува лесен, брз и разбирлив пристап. Системот се реализира со поддршка на Јапонската...

Continue reading

pozarna

Пожарите ќе се гасат со стари возила

Post Views: 5 Откривање на сторителите на пожари, побара струшкиот командир на Противпожарната едница Урим Каба, на денешниот состанок на Советот за првенција и заштита во летниот период. Загрижува фактот што  од 298 пожари кои се случиле  лани  сите  се со oзнака  непознат сторител, нагласува командирот Каба. „Огромен број од кои ни еден н е е откриен. Апелирам до надлежните органи овие предизвикувачи на пожари да ги откријат бидејќи е невозможно ние да интервенираме на разни локации. Се соочуваме со застарен возен парк, лимитиран  број на вработени и не може да постигнеме на сите...

Continue reading

СВР Охрид: Навремено се забележани 9 пожари, поставени се полициски пунктови

Post Views: 1 Со цел за поефиксна превенција, рано предупредување и спречување пожари на отворен простор и во шумски предели, СВР Охрид, на целото подрачје постави полициски пунктови од каде се надгледуваат отворените простори и спроведува полициски патроли за преглед на шумските терени, посебно на потенцијални покритични места. Од досега преземените мерки, на подрачјето на СВР Охрид, навремено се забележани девет пожари кои се појавиле во шумски подрачја и со брза интервенција на надлежните служби, тие се локализирани и спречено е нивното понатамошно ширење. Заради поефикасна борба,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top