Ознака: пожари

predupreduvanje

Националниот парк „Галичица“ опожарен

Post Views: 8 Националниот парк „Галичица“ опожарен. Само за четири дена овој месец во паркот се случиле два пожари. Првиот, кој зафатил површина од два хектари се случил на 20-ти март, кажа Наумче Новески, одговорен за заштита од пожари во НП „Галичица“ . Направен е увид на лице место и веќе се претпоставува  кои се сторителите на овие казнени дела, велат од  управата на паркот. Целокупната документација е испратена до органите на прогонот. –Според првите индиции од терен и разгледувањето на местото на пожарот се гледа дека станува збор за намерно палење. Според наши искуства,...

Continue reading

strnista

Обновено: Половина од пожарите во овие три месеци од 2014та се поради палење на стрништа

Post Views: 1 Од вкупно 90 интервенции поради пожари во првото тромесечие на 2014та година, 42 биле поради пожари на отворен простор. Според командирот на територијалната противпожарна единица, Спасе Прентоски, месец Март е карактеристичен токму по овој вид на пожари. Охридската јавност изминативе денови сведочи за неколку вакви случаи на палење на пожари на отворен простор.  Според командирот Прентоски, во 99 проценти од случаите, причината е човечкиот фактор. „Апелирам до сите граѓани на подрачјето на општина Охрид и Дебрца да се воздржат во овие временски услови на поголеми горештини...

Continue reading

galicica

Опасност од пожари

Post Views: 5 Одговорно однесување на граѓаните кои го посетуваат НП „Галичица“, предупредуваат надлежните од паркот. Поради високите температури но и според Законот за шуми никогаш не е на одмет да се нагласи дека, забрането е палење на оган на отворен простор но и секакви дејствија и активности кои можат да доведат до појава на пожар, апелира Наумче Новески, одговорниот за заштита од пожари. „Овој период ние сме во фаза еден, еден тоа е највисоката фаза што значи еден опасност за појава на пожари и прва категорија на мобилност, што значи дека лесно може да се појават пожари а од...

Continue reading

suma

Доаѓа сезоната на шумски пожари

Post Views: 21 Врнежите од дожд и ниските температури ја намалија опасноста од пожари. Но, од НП Галичица велат дека воопшто не седат со скрстени раце. Објаснуваат дека големата влажност и високите температири кои се најавени за наредниот период се причина за бујна тревна вегетација што пак е причина повеќе за полесно предизвикување на шумските пожари. Од Галичица објаснуваат дека со цел состојбата во паркот да остане стабилна и ризикот од пожари да биде сведен на минимум, се вршат обуки на населението кое живее во селата во рамки на националниот парк Галичица. Планирано е да се поделат...

Continue reading

pozari NP

Парична казна за оние кои палат стрништа во рамките на НП

Post Views: 6 Два пожари во изминатите три дена се евидентирани во строго заштитената зона на националниот парк Галичица. Благорение на брзата интервенција на службите на паркот и професионалната противпожарна единица од Охрид, пожарите биле веднаш изгаснати и не предизвикале поголема штета. Наумче Новески, одговорен за заштита од пожари во НП Галичица, денеска преку пресс конференција упати апел до жителите во Охрид и посебно до населението кое гравитира и останува во границите на паркот да внимаваат и одговорно да се однесуваат со природното богатство. Тој вели дека овој период...

Continue reading

vnimanie

Демне опасност од шумски пожари

Post Views: 10 Високите температури  ги мобилизираа вработените во НП „Галичицa“ да ги превенираат можните појави од пожари.  Степенот за опасност од појава на пожари и степенот на мобилизација во НП „Галичица“, веќе две недели  се на 1 или на највисок степен. Тоа значи дека екстремно високите температури кои ја зафатија земјава се идеални за појава на шумски пожари, информира Наум Новески, раководител на секторот за заштита од пожари, во НП „Галичица“. Од националниот парк не седат со скрстени раце. Поделиле  3000 флаери наменети за  посетителите на националниот парк, за да ги потсетат...

Continue reading

dzimi

Мал пожар се гаси со чаша вода

Post Views: 2 Температурите растат. А со тоа расте и ризикот од пожари. Вниманието насочено кон НП Галичица за заштита на ова природно национално богатство за да не ни се повтори опожарувањето од големи размери во 2007та.  Изминативе четири години состојбата во паркот од аспект на пожари е стабилна, а тоа будно се следи, вели раководителот на заштита од пожари Наумче Новески. Тој потенцира дека паркот има посебна стратегија за преземање на сите неопходни мерки да се изолира и најмалата причина поради која настанува пожарот и додава дека брзо откриен пожар се гаси со чаша вода. „Треба...

Continue reading

NP Galicica

Од утре на Галичица или со одобрение или со 3000 евра в џеб

Post Views: 1 Од утре секој кој ќе сака да се движи во границите на паркот ќе мора да добие соодветно одобрение од дирекцијата на Националниот парк „Галичица“ за престој или посета на паркот. Ренџерите од НП „Галичица“ ќе ги контролираат сите посетители. Стигна забраната  охриѓани и гостите да не смеат да палат скари,  стрништа и плевел во излетничките места кои влегуваат во националниот парк и во шумите. Од денес строго ќе се контролира секое движење на посетителите во шумите и парковите стои во најновата делумна забрана како превенција од летните шумски пожари. Кон оваа забрана...

Continue reading

pozar

Внимавајте да не настане пожар!!!

Post Views: 1 Високите температури „идеални“ поттикнувачи на пожари. За да се спасиме од нив треба свеста на населението да биде на многу високо ниво.  Од НП „Галичица“ започнаа со спроведување на превентивните мерки кои се дел од опертативниот план на паркот за заштита од пожари. „Ние ги преземаме сите неопходни мерки, кои пред се се превентивни, како и едукација на населението. Во таа насока, годинава, како и лани, ќе дистрибуираме над 10.000 флаери со едукативна содржина за заштита од пожари. Досега поделени се 20 илјади во сите угостителски објекти, но и на сите оние кои гравитираат...

Continue reading

Два пожари во Охрид

Post Views: 12 Едниот пожар избувнал во населбата  “Далјан” во колективна  станбена зграда на улица Васил Стефоски во близина на хотелот Магнус. Во противпожарната единица бил пријавен во 18.55 минути. Епилог од пожарот е еден опожарен стан на првиот кат. Благодарение на брзата интервенција на противпожарната единица и навремената излоциja на станарите од зградата, повредени нема. Пожарот бил за брзо време локализиран и изгаснат благодарение на 8 те пожарникари. Инспекторот за утврдување на причини за пожар при СВР сеуште е на терен со цел да ги утврди причините за...

Continue reading

tabla

Демне опасноста од пожари

Post Views: 6 Соопштенија, табли на клучните места и 5000 флаери за предупредување, се дел од превентивните мерки кои ги спроведуваат од Националниот парк „Галичица“,во пресрет на летната жега. „Непријатното сеќавање на изгорените 6500 хектари шума, во 2007год. го крена нивото на одговорност кај нас па внимаваме и на најситните детали“, вели Наум Новески од секторот за заштита при националниот парк „Галичица“. „Јасно е дека доколку превентивата е добро спроведена и штетите ќе бидат минимални. Затоа од денеска,во пресрет на екстремно високите температури кои се најавуваат, воведуваме...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top