Ознака: планови

lokalna samouprava

Локална:„ОК НА ВМРО- ДПМНЕ конечно призна зошто го кочи еазвојот на Охрид“

Post Views: 8 „Општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ на денешната прес конференција, конечно призна зошто го кочи развојот на Охрид и им прави големи штети на граѓаните. Признаа дека го забавувале процесот за реализирање на капиталните инвестиции како што се катната гаража и автобуската станица, од ситно партиски интереси. Во ОК на ВМРО- ДПМНЕ треба да знаат дека Деталните урбанистички планови не ги носи градоначалникот, туку Советот на Општина Охрид, по претходно добиени согласности од Министерството за транспорт и врски и други надлежни органи, на чие чело се луѓе од нивната партија....

Continue reading

VMRO DPMNE

Годишно собрание на Унијата на жени од ДПМНЕ-Охрид

Post Views: 11 Време е за осврт кон сработеното. Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, утревечер ќе го одржи своето годишно собрание. Овој редовен настан е можност за согледување на целокупните наши активности во текот на изминатата година, но и можност за претставување на идните планови.-вели претседателката на Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Славица Јанковска. Таа додава дека на ова годишно собрание ќе направат осврт и на целокупното дејствување на жената во рамките на партијата како и постигнатите резултати. Најави и нивно уште поактивно политичко делување. „Како припаднички...

Continue reading

star grad

Докажуваа чија е вината за заглавеноста на Законот за Охрид

Post Views: 7 Врелото сонце ги вжешти политичките страсти и за Законот за Охрид. Прозивки и докажувања кој е во право, а кој го кочи изготвувањето на ДУП за да почне имплементирањето на Законот за Охрид.Портпаролот Никола Митровиќ од говорницата на ОК на Вмро Дпмне  обвини  дека градоначалникот Александар Петрески заради негови урбани политики не сака да го спроведе Законот за Охрид. Повика градоначалникот Петрески да постапи според членовите 6 и 13 од Законот за Охрид. Во тој закон утвреден е рок од една година од донесувањето на законот да се донесе ДУП за целата заштитена зона,...

Continue reading

star grad

Петрески: Законот за Охрид го кочи централната власт

Post Views: 3 Градоначалникот Петрески не остана покусо. Тој денеска на прес конференција, порача дека деталните урбанистички планови за старото градско јадро и за контактната зона , се наоѓаат во фиока во Завод и музеј и доколку таму си ја завршат работата до следната седница на совет, тој  истите уште во петок ќе ги стави на дневен ред. Со тоа Петрески ги отфрли обвинувањата на министерката за култура Канческа-Милевска, дека локалната е кочницата за неспроведувањето на Законот за Охрид. Петрески посочи дека работата кочи бидејќи веќе година дена предложените решенија за деталните...

Continue reading

Opshtina

Локалната самоуправа и советот, за едни мајка, за други маќеа

Post Views: 0 Вака е насловено писмото кое до нашата редакција го испратија група граѓани кои се незадоволни од односот на Градоначалникот Александар Петрески и Советот на Општина Охрид за процесот на донесување на деталните урбанистички планови за опфатите Табана и Ривиера. Во писмото стои: „Дозволете преку Вашиот ценет медиум јавно да го изразиме нашиот револт од односот на Локалната самоуправа и Советот на Општина Охрид кон процесот на донесувањето на деталните урбанистички планови. Сметаме дека таквиот однос може да се опише со онаа народната- “за едни мајка за други маќеа”,...

Continue reading

pres

ВМРО ДПМНЕ реагира поради изгласаните урбанистички решенија

Post Views: 1 ВМРО ДПМНЕ ден по седницата на совет на која беа изгласани осум предлог урбанистички планови, јавно реагира за истите.  „Дводневното манипучирање со советот од страна на мнозинството на советот предводено од СДСМ и Народна, беше да се обидат да сокријат уште еден голем пазар за гласање на урбанистички решенија во Охрид“, истакна претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атансако Михаилов. „Мотивот на СДСМ и Народна и мнозинството во тек на два дена да го сменат мислењето околу гласањето на одредени урбанистички планови за кои на почетоткот глумат дека се наводно против за по...

Continue reading

седница

Носењето на Урбанистичките планови легално

Post Views: 11 Донесувањето на Предлог деталните урбанистички планови е легално, тврди раководителот на Секторот за урбанизам, заштита на животна средина и комунален развој, Бранко Арнаудов . Разлики помеѓу НДУП и ПДУП мора да има, додава Арнаудов. Затоа НДУП и се ставаат на јавна анкета. Со ова Арнаудов ги демантира и гласините кои започнаа низ охридската чаршија, а завршија на почетокот од 41-та седница, кога и советниците од ВМРО-ДПМНЕ реагираа по ова прашање. „Проблемот што го воочивме и на комисијата за урбанизам е многу сериозен. Имено воочивме дека НДУП, со конечните урбанистички...

Continue reading

tabana

Уште се чека на „Табана„ и „Ривиера“

Post Views: 0 ДУП -те, за опфатите „Табана„ и „Ривиера“ никако да стигнат пред охридските советници. Сопствениците на дел од земјиштето кое треба да се реши со  донесување на Дуповите, прашуваат, зошто толку време е потребно истите да поминат на Совет? Во дописот кој стигна до нашата ТВ куќа, стои дека сопствениците дополнително се загрижени дека со донесувањето на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, постапката дополнително ќе се забави. Од Министерството за Транспорт и Врски не информираа дека согласно Законот за просторно...

Continue reading

dup

Задоцнети реакции на ВМРО ДПМНЕ за втора урбана

Post Views: 4 Наводната дислокалцијата и пренамена на објектот ФТУ од образовен во туристички центар ги размрда политичките партии. На денешната комисија за урбанизам спротиставени ставови на советничките групи. Советниците од ВМРО ДПМНЕ рагираат на деталниот урбанистички план за втора урбана заедница, па поради тоа оваа советничката група за истиот гласаше против. „Разговаравме сосема отворено и она што е најважно увидовме дека локалната самоуправа треба при донесувањето на макар и вакви урбанизтички планови многу повеќе да се консултура со засегнатите страни многу повеќе да е транспарентна...

Continue reading

zgradi

Со или без ЛУП….

Post Views: 6 Ниеден инвеститор повеќе нема да може да гради врз основа на локална урбанистичка планска документација. Вака неодамна пресече уставниот суд, по што укина 4 члена од Законот за просторно и урбанистичко уредување, кој се однесуваа на уредување на просторот. Причина за ваквата одлука беше оценката на Уставниот суд дека постои паралелен систем на урбанистичко планирање или два различни системи на планирање. Притоа, со овие државни и локални урбанистички и плански документи се излегува во пресрет на едни граѓани без да се информираат и вклучат и други граѓани што е предвидено...

Continue reading

gradbi

Уставниот суд им пресуди на локалните плански документации

Post Views: 8 На Уставен суд паднаа локалните плански документации од законот за просторно и урбано планирање. Најновите измени веќе предизвикаа главоболки кај граѓаните и инвеститорите. Од локалната самоуправа пак кај која се слева значителна сума на пари пооснов на комуналии не се многу загрижени. Началникот на секторот за урбанизам, заштита на животна средина и комунален развој Бранко Арнаудов со краток комнетар што губи локалната со последните измени од Законот за просторно и урбано планирање,  локалната не губи ама губат инвеститорите. Од друга страна планерите се жалат дека...

Continue reading

sednica

Утре пред советниците жешки планови

Post Views: 3 Нацрт-деталните урбанистички планови за дел од строгиот центар на Охрид ќе се најдат пред советниците на утрешната седница. Локалната ќе се обиде да протурка  5 точки за нацрт-детални урбанистички планови, кои веќе на хартија се дел од Дневниот ред за утрешната седница. Ова за ТВМ го најави претседателот на Советот Јаковчевски, а го потврди градоначалникот Петрески Посебно внимание од овие нацрт детални урбанистички планови привлекуваат два, посветени  на атрактивни локации во централното градско подрачје. Првиот предлог план се однесува на комплексите Табана и Летница,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top