Ознака: планина

Ставен под контрола пожарот на Петринска планина

Post Views: 0 Ставен е под контрола пожарот на Петринска планина. Во огнената стихија, која избувна на сртот на планината, изгоре површина од околу 8 хектари со смрека, габер и тревна вегетација. Пожарот бил пријавен вчера попладне на крајно непристапен терен , без патна мрежа, на тромеѓето меѓу НП Галичица и шумските стопанства на Ресен и Охрид, информира Славчо Голабоски, директор на Национални шуми поддружница Охрид. Во гасење на пожарот биле вклучени вработените кои се опремени со лична заштитна противпожарна опрема и со т.н напртњачи со кои интервенираат на непристапни терени....

Continue reading

Дел од Шар Планина стана национален парк

Post Views: 6 Со посебна гордост објавувам дека пратениците во Собранието на Република Северна Македонија со мнозинство од 66 гласови дадоа зелено светло за Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк и донесоа историска одлука. Со изгласувањето на овој Закон нашата држава го доби четвртиот национален парк по прогласувањето на последниот во 1958 година и првиот по осамостојувањето на Република Северна Македонија. Со прогласувањето на Шар Планина за заштитено подрачје се стави под заштита и се овозможи воспоставување на систем за одржливо управување на подрачје...

Continue reading

Започна првата организирана планинарска тура, од село Лактиње до славната Славеј Планина

Post Views: 17 Група вљубеници во природата и планината ја започнаа првата организирана планинарска тура, по новообележаната планинска патека од село Лактиње до славната Славеј Планина, во должина од околу 7 км. Учесниците се надеваат дека ова ќе биде почеток на уште една убава традиција, која ќе биде помогната и од општина Дебрца. Дебрца е природно предодредена за рекреативен планинарски туризам и нашата заложба е тоа максимално да го промовираме и искористиме.

Continue reading

logo

Охридскиот Црвен Крст ќе добие специјално возило за интервенции

Post Views: 1 Во рамките на своите заложби и активности за надградба на човечките и материјално-технички капацитети, Црвен крст Охрид активно соработува со организацијата на Црвен крст Зеволде, Холандија. Како резултат на таа соработка, во периодот од 29 април до 05 мај 2015 година, во работна посета на Црвен крст Охрид ќе претстојуваат тимови на инструктори и тренери по прва помош од Црвен крст Зеволде и Националниот здравствен сервис на Холандија, кои, со тимовите за спасување на вода и спасување на планина и непристапни терени и тимовите за прва помош  на Црвен крст Охрид ќе реализираат...

Continue reading

grasnica

Излoжбата „Дивите билки од мојот крај“, во Охрид

Post Views: 1 Изложбата „Дивите билки од мојот крај“, денес во Охрид. Се работи за оригинална, патувачка поставка на цртежи, хербариуми и фотографии изработени од волонтери, деца од основни училишта, планинари и рекреативци, собирачи на диви билки и ентузијасти. Тука се опфатени слики од флората и фауната на Плаќенската планина, Пелистер, Шар планина и делот од источна Македонија, вели Борис Стојаноски од Грашница. „Изложбата има за цел да го запознае месното со убавините и богатството на нашите планини. Поврзување на луѓето со природата е проект кој вмрежува неколку ЕД од земјава,...

Continue reading

karta

Почуствуван нов земјотрес во Охридско

Post Views: 2 Денес во 12 часот и 30 минути беше почуствуван нов земјотрес во охридско, трет за само три дена. Земјотресот е регистриран со јачина од 3,5 степени според Европската макросеизмичка скала, на длабочина од 2 километри. Инаку епицентарот е регистриран на 15 км западно од Демир Хисар, во близина на Велмешка планина. {loadposition content9}

Continue reading

galicica

По четиричасовна акција, спасени изгубените туристи на Галичица

Post Views: 1 Среќен крај на драмата на двајцата туристи кои вчера се загубија на Галичица. Потрагата по нив траела четири часа, а во која беа влучени екипи од НП Галичица, ЦУК, граничната полиција и единицата за спасување на планина. Двајцата туристи биле пронајдени во изразена хипотермичка состојба, несоодветно облечени и опремени, но и без карти за движење по теренот. Антонио Додевски од единицата за спасување на планина вели дека приказната има среќен крај благодарение на координираноста помеѓу сите екипи кои зеле учество во спасувачката мисија. Од НП Галичица велат дека на Галичица...

Continue reading

planinari

За поздраво срце, планинарење на Галичица

Post Views: 10 Во рамките на одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања, О.О на Црвениот крст од Охрид, оваа сабота на 22.02 2014-та година организира еднодневна планинарска тура до Спасителната станица на Црвениот крст која се наоѓа кај месноста Липова ливада, на планината Галичица на висина од 1600м, со можност за искачување на некој од околните врвови над 2000м, како Магаро или Лако Сигној. Во оваа физичка активност може да учествуваат сите оние кои се чувствуваат психофизички способни и поседуваат стандардна планинарска опрема за искачување на планина, како планинарски...

Continue reading

galicica

Никако да почнеме да се учиме од сопствените грешки

Post Views: 2 Никако да почнеме да се учиме од сопствените грешки. Потврда за тоа е и последниот случај на несреќата која само на еден ден пред доаѓањето на новата година се случи на планината Галичица и во која за жал животот го загуби 40годишен албански државјанин. Од екипата за интервенции на планина која функционира во рамките на охридскиот Црвен крст велат дека и овој пат изостанала добрата организација и синхронизација помеѓу институциите кои требаше да му помогнат на младото момче кое доживеа несреќен пад на врвот Магаро. Во една нормална држава со хелихоптер би се извела една...

Continue reading

galicica

Во убавините на Галичица уживаше реномираниот фоторепортер од Национална географија, Бојд Матсон

Post Views: 1 Промотивна тура на планина преку која се означи почетокот на летната сезона на движење на планина. Оваа тура која се одржа вчера беше во организација на Црвениот крст  и со логостичка поддршка на единицата за спасување на непристапни терени и водичи во планина кои се и лиценцирани членови на оваа единица.Групата која вчера планинареше броеше околу 23 лица, кои  без оглед на временските услови се искачија до врвот на Галичица. „Сите кои што беа речиси се искачија до самиот врв. Малку имаше дожд, но не беше ништо страшно, временските услови беа фантастични. Имавме можност...

Continue reading

Dodovski

Ако одите во планина, без грижа-ве чуваат лиценцирани водичи

Post Views: 14 Водичите во планина-вистински професионалци. Тоа го докажаа и со последниот семинар кој го одржаа во снежните височини на нашата Галичица. На местото викано Липова ливада кај спасителната станица Магаро, голем број на лиценцирани водичи, ентузијасти, љубители на планините и идни водичи ги збогатија своите знаења во оваа професија. „Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина годишно програмски одржува најмалку четири вакви семинари кои се наменети за релиценцирање, односно обновување на лиценците на водичите кои секоја година имаат обврска најмалку...

Continue reading

planina

Охридските спасувачи на планина немаат опрема

Post Views: 0   Ентузијазмот, добрата воља и нешто малку опрема е она со кое располага охридската екипа за спасување на планина. Во овие зимски услови помошта на оваа екипа на многу граѓани, а особено на оние кои живеат во планинските предели може да им биде неопходна, но ретко кој ја сфаќа сериозноста од нејзиното постоење, вели Антонио Додевски, секретарот во охридскиот Црвен крст. Опремата со која располага оваа единица 70% е лична, а само 30% црвениот крст ја обезбедил преку  донации и нивни партнери како што е Црвениот крст од Германија и операцијата Флоријан од Англија. Додевски...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top