Ознака: плажата

daljan

“u0414u0430 u0433u043e u0432u0440u0430u0442u0438u043cu0435 u0441u0458u0430u0458u043eu0442 u043du0430 u0414u0430u043bu0458u0430u043d”

Post Views: 1 “Да го вратиме сјајот на Далјан”, е паролата под која утре од 11 часот ќе се одвува акција за чистење на дворот и плажата пред подрачната единица на училиштето Св Климент Охридски. Со желба да го претворат своето опкружување во подобро место за живеење за сите, а првенствено за најмладите, група ентузијасти од Далјан, спонтано се договорија да повикаат на доброволна акција за чистење на сметот натрупан кај подрачната единица на училиштето . Организаторите повикуваат секој да понесе со себе првично добра воља, а потоа она што може, мотика,гребло,вила, лопата,...

Continue reading

plaza gorica

Цвеќе и домати на плажа во Горица

Post Views: 0 Чиста плажа со  цветна градина, тикви и домати, а згора на тоа и без отпушоци има и кај нас. На  почетокот од плажата Горица 3, на брегот под стрмните карпи, постои вакво  пријатно, уредено катче за одмор на езерскиот брег. Плажата исчистена од грмушки и коров, проширена со песок е дел на неколкумина почтитувачи на природата. Ова е пример како некои луѓе се грижат за природата, за разлика од несовесните граѓани кои на паркинг просторот пред плажата не водат сметка каде ги фрлаат  отпадоците и сметот.  Петар и  Бајрам биле дел од иницијаторите пред 10-тина години кога...

Continue reading

plaza

Сакате плажа од 21 век или од 20-ти?

Post Views: 1 Предупредувањата се реализираа. Плажите кои останаа без стопан поради ригорозните услови за добивање концесија кои ги наметна Министерството за транспорт и врски, го нагрдуваат охридското крајбрежје. Една од нив е и некогашната плажа „Корали“ на која нема ниту траг од онаа на која само пред едно лето уживаа голем број гости. Само остатоците од шанкот и од тоалетите асоцираат на тоа дека тука имало некакви содржини. Од друга страна пак плажите кои се под концесија веќе наголемо ги пратат европските трендови. Тие се убаво уредени, просторот е осмислен, а хигиената е на...

Continue reading

plaza makoteks

Дел од плажа во Лагадин причина за кавга

Post Views: 7 Простор на плажа во Лагадин од 300 метри квадратни причина за сериозна кавга помеѓу двајца корисници. Од 19 -ти април, кога Комисијата од Министерството за транспорт и врски ја постави границата меѓу соседните плажи на хотел Макотекс во Лагадин и соседниот корисник, почнале да пристигнуваат првите закани по животот за вработените од Макотекс, раскажува Климе Тренески. Соседниот концесионер на просторот од плажата поставил маси и столици и го узурпирал просторот кој со договор од ресорното минитерството е доделено на користење на хотел Макотекс, тврди  Тренески. Овој...

Continue reading

kanal

Каналот во Горица исчистен-недоисчистен

Post Views: 0 Каналот во близина на плажата  Горица кој започна да се чисти пред две недели  остана  недоисчистен.  На овој потег кој води кон плажите секојдневно  проаѓаат туристи кои реагираат на грдата слика од неподигнатиот отпад која го нарушува убавиот предел. Гостите кои летниот одмор го поминуваат во Охрид порачуваат дека треба да се посвети поголемо внимание на чистотата на околината. Мора да се исчисти и среди простoрот повеќе, се честите коментари упатени кон надлежните за глетката на овој простор.Со оглед на тоа што туристичката сезона е веќе започната побаравме одговор...

Continue reading

plaza

Уште три охридски плажи издадени под краткотраен закуп

Post Views: 0 На денес спороведеното електронско јавно наддавање, кое се одржа во Мин. за транспорт и врски,  од 10те плажи за кои се лицитираше само три добија концесионер. Така за најповолни понудувачи на електронското јавно наддавање беа избрани: за плажа бр. 5 – правното лицe „Горица 05“ кое понуди вкупно 678.330 денари за закуп на плажата, за плажа бр.8 – правното лице „Биба груп“ кое понуди вкупно 371.340 денари за закуп на плажата,  за плажа бр.9а – правно лице „Маредо“ кое понуди вкупно 333.540денари за закуп на плажата. Најповолните понудувачи за закуп на плажите...

Continue reading

Lupco Neckovski

Ново јавно наддавање за охридските плажи

Post Views: 24 Дел од концесионерите кои во изминатиот период стопанисуваа со плажите на источното крајбрежје на Охридското Езеро, по негодувањето со министерството за транспорт и врски, одлучија да учествуваат во повтореното јавно наддавање кое треба да се оддржи на 18 овој месец. Тоа е последица на одредените отстапки што биле договорени на разговорите со надлежните во ресорното Министерство за транспорт и  врски. „Па да конкурирав плажите и условите не се идеални. Ако на почетокот седневме сите заедно ќе постигневме многу повеќе и плажите веќе ќе беа доделени и уредени, но што...

Continue reading

plazi koncesii

Само пет охридски плажи добија концесионери

Post Views: 8 Само третина од охридските плажи добија свои концесионери. Многуте препукувања и несогласувања помеѓу досегашните концесионери и Министерството за транспорт и врски денес добија епилог. Наместо 15, само 5 плажи добија свои концесионери на  електронското наддавање кое го организираше Министерствотото за транспорт и врски. Куба Либре, Кадмо, Бела Виста, Канео-Извори и Канео-Потпеш добија свои најповолни понудувачи. Физичкото лице Венко Мостров, потоа правните лица Фаланга Алфа Тим, ТД Бела Виста, Диокан ДООЕЛ Охрид и физичкото лице Томе Тримчев соодветно се концесионерите...

Continue reading

plaza

Крпа и пченка или лежалка и нескафе

Post Views: 1 Враќање во минатото. Се сеќавате ли кога лежевме и се сончавме на охридските плажи на крпи а не на лежалки, а за да ја поставиме крпата претходно требаше да подзачистиме затоа што плажата не се гледаше од шутот и тревата која се наоѓаше на неа. Се сеќавате ли на чичковците кои ви застануваа над глава нудејќи ви топли пченки. А се сеќавате ли дека кога ќе се искапевме во езерото, а водата беше матна и со реси поради бранот чекавме да се пуштат прскалките на блискиот тревник за да се истушираме. Е по се изгледа охриѓани и гостите ова лето ќе уживаат во една ваква плажарска...

Continue reading

средба екс концесионери плажи

Екс концесионерите на плажите бараат продолжување на договорите

Post Views: 3 Дел од поранешните закупци на охридските плажи реагираат дека конкурсот кој го распиша министерството за транспорт и врски не е фер и велат дека доколку не се промени нешто ќе го бојкотираат истиот. Категорични се дека уште од 2007 год, кога ги зедоа плажите под концесија, се соочија со неизградено земјиште, по што биле приморани да вложат многу за да го доуредат, со што самите си ја кренале цената на закупената плажа. Современи туш кабини, тоалети, платформи, лежалки, секојдневно чистење од смет, се дел од трошоците за кои концесионерите тврдат дека сеуште не им е вратена...

Continue reading

Ohrid jazz festival

Охрид подготвен за првиот џез фестивал

Post Views: 0 Со досега невиден настап на охридската ревиера за оваа сезона, синоќа на плажата „Куба либре“,„Васил Хаџиманов бенд“, го отвори првиот џез фестивал. Зборовите на младиот Хаџиманов кои ги кажа пред почетокот на концертот, „препуштете се на нашата музика и уживајте“,во текот на вечерта се потврдија и публиката доживеа неповторливт настан. Хаџиманов рече, дека чест му е што го отвора првиот џез фестивал, посебно што тој се случува во Охрид, градот за кој тој има напишано и композиција. Додаде дека секој нивни концерт кај и да се одржува е приказна за себе и однапред не...

Continue reading

kadmo

Хуманитарен концерт на плажата Кадмо

Post Views: 7 Вечерва, хуманитарен концерт за собирање средства за Искра Донева која боледува од церебрална парализа и треба да и се направи операција во Русија. Концертот ќе се одржи на плажата Кадмо со почеток во 23 часот. На него ќе настапат Влатко Лозаноски, Ѓоко Танески, Александар Белов, Ивица Велковски, Денис Мурат и други. Овој хуманитарен настан е поддржан од Црвениот крст од Охрид. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top