Цвеќе и домати на плажа во Горица

Чиста плажа со  цветна градина, тикви и домати, а згора на тоа и без отпушоци има и кај нас.

 |  Валентина Неловска  | 
plaza gorica
plaza gorica

Чиста плажа со  цветна градина, тикви и домати, а згора на тоа и без отпушоци има и кај нас. На  почетокот од плажата Горица 3, на брегот под стрмните карпи, постои вакво  пријатно, уредено катче за одмор на езерскиот брег. Плажата исчистена од грмушки и коров, проширена со песок е дел на неколкумина почтитувачи на природата. Ова е пример како некои луѓе се грижат за природата, за разлика од несовесните граѓани кои на паркинг просторот пред плажата не водат сметка каде ги фрлаат  отпадоците и сметот.  Петар и  Бајрам биле дел од иницијаторите пред 10-тина години кога почнале да ја чистат и градат плажата во Горица. Почетната иницијатива им било заштита на стеблото од чинарот кое почнало да се суши, а сега е нивна гордост, открива Петар Кочоски.

plaza gorica„ Сакавме да го заштитиме и да му дадеме живот.  60 проценти од стеблото беше уништено, некои граѓани ги сечеа корењата и ги земаа за сувенири. Несовесно се однесуваа кон природата, но човекот треба да има поголема одговорност“.

Во уредувањето на овој простор со природна сенка и свежина учествувале не само охриѓани туку и гостите. Еден од нив е и скопјенаецот Ристо  Иргев кој раскажува како се приклучил кон луѓето кои сакаат да имаат убаво  средена околина. Ристо со задоволство ја полева и градината со цвеќиња и зеленчук.
„Тука ги запознав охриѓаните,  на почетокот ги гледав и се чудев што прават со камењата, се мачат  ама после и јас  им се приклучив на идејата. Ова е најубавиот дел од брегот за мене секој ден доаѓам пешки по 5 км“, вели Иргев.

Бајрам Шакир открива како некои посетители грижливо се однесуваат кон она што тие го уредиле. Повеќето од посетителите на плажата ги  почитуваат правилата и ги употребуваат конзервите поставени како  замена за пепелници. Помал е бројот на оние кои се однесуваат несовесно ама тие не се предаваат расчистуваат и средуваат повторно, кажува Шакир. Тој ги повикува посебно пензионерите да пронајдат некое катче каде што ќе може да се грижат за природата  ако пак немаат идеја,  ги повикува  да им се приклучат на оваа плажа. plaza

„Нека ова им е повод, да се здружат и да направат вакви работи само со физички труд без многу пари.  Да не седат дома пред телевизор и кафе. Нека излезат да направат нешто добро. Нека дојдат да се дружиме, а не само да седат дома, нека излегуваат во природа, вели Бајрам.  

Петар и Бајрам раскажуваат како пред неколку години под налетот на силно невреме езерото си ги зело назад каменот  и песокот на плажата. Но,  со здружени сили и ентузијазам на Миле, Никола, Јане, Киро, Тони, Секула, Зија со трпение и љубов од езерските води ваделе камења и песок и повторно ја обновиле плажата во Горица 3. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top