“u0414u0430 u0433u043e u0432u0440u0430u0442u0438u043cu0435 u0441u0458u0430u0458u043eu0442 u043du0430 u0414u0430u043bu0458u0430u043d”

“Да го вратиме сјајот на Далјан”, е паролата под која утре од 11 часот ќе се одвува акција за чистење на дворот и плажата пред подрачната единица на училиштето Св Климент Охридски.

 |   | 
daljan
далјан мини депонија

“Да го вратиме сјајот на Далјан”, е паролата под која утре од 11 часот ќе се одвува акција за чистење на дворот и плажата пред подрачната единица на училиштето Св Климент Охридски.

daljan

Со желба да го претворат своето опкружување во подобро место за живеење за сите, а првенствено за најмладите, група ентузијасти од Далјан, спонтано се договорија да повикаат на доброволна акција за чистење на сметот натрупан кај подрачната единица на училиштето .

Организаторите повикуваат секој да понесе со себе првично добра воља, а потоа она што може, мотика,гребло,вила, лопата, вреќи за ѓубре и да се вклучи во акцијата која воедно е можност и за добро дружење и доказ за добрососедство. Значи, утре сите еколошки освестени граѓани а пред се жители на Далјан во 11 часот треба да се појават на зборното место “кај војскана” или за помладите доброволци “кај школото”.

„Би било од огромна помош за сите ако и Јавното претпријатие Комуналец на било кој начин ја подржи нашата идеја“, велат организаторите.

{loadposition content9}

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top