Ознака: пештани

bolnica pestani

Пештани доби летна дежурна служба

Post Views: 2 Во туристичката населба Пештани после 9 месеци повторно проработува службата за примарна здравствена заштита. Денес во Пештани и официјално се отвори новиот пункт на Здравствен дом Охрид. Целта е на осигурениците но и за туристите да им се овозможи континуирана и достапна здравствена заштита, вели директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева-Змејкова. „Дежурната служба има обврска да овозможи во периодот кога нема покриеност за здравствена заштита на населението да се активираат капацитетите на Здравствениот Дом и матичните лекари...

Continue reading

peshtanka

Обид за убиство во Охрид

Post Views: 0 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Убиство во обид“ СВР Охрид против В.Р. (32) од охридското село Пештани поднесе кривична пријава. Пријавената, на трети овој месец, на сопругот Ј.Р. (26) од Пештани со кујнски нож му нанела тешки телесни повреди  во пределот на градниот кош. Истиот итно е пренесен во општата болница во Охрид каде по укажаната медицинска помош е задржан на понатамошно лекување.Настанот се случил околу 16 часот откако помеѓу двајцата брачни партнери настанала жестока вербална расправија. Во момент кога двајцата сопружници биле...

Continue reading

На потегот од Метропол до селото Пештани денеска почна уривање на платформите во езерото и нелегални објекти на плажите

Post Views: 6 Започна уривањето на објектите на плажите во населбата Лагадин. Механизација со силно полициско присуство утрово уриваше на плажата Акапулко. Концесионерите револтирани, велат не се дивоградби, граделе по проекти и одобрение на министерството за транспорт и врски. Обвинуваат дека локалната самоуправа со години ги манипулира.„Јас се чувстувам страшно изманипулирана. Ветувањата од тие државни службеници кои доаѓаа во контроли  беше дека ќе се корегираат тие договори спрема условите. Меѓутоа  како се префлрија ингеренции на локалната од таму не знаеме зошто почнаа притисок...

Continue reading

pestani kej

Во Пештани се гради модерно шеталиште

Post Views: 9 Пештаници но и бројните гости за брзо време, ќе прошетаат по нов кеј. Изминативе три месеци Локалната самоуправа на Охрид интензивно работи на комплетна реализација на проектот околу уредување на шеталиштето. Како што изјави градоначалникот Никола Бакрачески, со зафатите кои што се изведуваат во Пештани пред почетокот на туристичката сезона, било исполнето она што е предвидено за тој дел, во програмата за работа на Локалната самоуправа. „Од она што можев денес да го видам на терен, задоволен сум како се одвивале активностите во изминатиот период. Како и што и сами можевте...

Continue reading

konflikt

Работилниците на МСО Охрид, за разрешување на конфликти

Post Views: 7 Младински Совет Охрид во текот на месец февруари реализира 13 работилници на тема “Разрешување на конфликти” на кои учество зедоа 280 ученици од сите основни училишта во Охрид,  Велгошти, Пештани и Лескоец. Целта на овие работилници беше стекнување знаења и вештини за конструктивно разрешување конфликти преку согледување на потребите и интересите на двете страни кои се наоѓаат во конфликт. Учениците, терминот конфликт најчесто го дефинираат како кавга, расправија, спротивставување, војна, а најчести причини за јавување на конфликт се: слаба комункација, недоразбирања,...

Continue reading

bakule

Бара неисплатени плати од општината, од таму велат договорот на дело му е спорен

Post Views: 0 Томислав Бакулески, жител на Пештани со обвинувања до локалната самоуправа дека не му исплатила заработени плати за негов ангажман со договор на дело. Бакулески вели дека тој бил ангажиран од страна на поранешната локална самоуправа, за работа во ОУ „Св.Наум Охридски“ во Пештани во периодот од 1 Ноември 2012 до 10 Јуни 2013та година. Тој појаснува дека половина од средствата му биле исплатени, меѓутоа дека општината му должи уште 23.300 денари за што и ни прикажа извод од аналитичка картичка преку која општината во минатиот состав му исплаќала месечен надомест, но и...

Continue reading

magistralen pat

До крајот на годинава ќе почне да се гради новиот магистрален пат Охрид-Свети Наум

Post Views: 11 Директорот на Агенцијата за државни патишта најави скоро започнување со изградбата на новиот магистрален пат од Охрид до Свети Наум. Се работи за проект кој ќе се спроведува во две фази и станува збор за сосема ново патно решение. „Првата фаза е веќе дефинирана и тоа е делницата од Охрид кај бензиската станица, до Пештани. Се проектираат некаде широчина на магистрален пат од 12тина метри, четири ленти, во двата правци. Очекуваме проектот да биде готов некаде во средината на оваа година и веќе Владата размислува и прави финансиска конструкција да до крајот на оваа година...

Continue reading

mrest

Пастрмката се враќа во Охридското Езеро

Post Views: 2 Се подобрува состојбата со рибниот фонд во езерото. Ова може да се види по собраните колични икра во првите два дена од риболовот за вештачки мрест, кој го спроведува концесионерот на Охридското Езеро „Пастрмка 2012“, а  започна во петокот. Минатата година собравме 30 проценти повеќе икра во споредба со претходната година.Според почетокот мислам дека сме во можност да ги надминеме минатогодишните количини на собрана икра за 80 проценти, што ќе биде голем чекор кон обновување на рибниот фонд на пастрмка во Охридското Езеро -изјави Ристе Танасоски од „Пастрмка 2012“. Ваквата...

Continue reading

куќи

Агентите за недвижности бараат побрза урбанизација на потегот Билјанини извори – Пештани

Post Views: 0 Во Охрид има околу 3000 слободни станови за продажба, велат агентите кои работат со продажба на недвижности.  Од нив над 2500 се нудат преку агенциите, а останатите се нудат на разни други начини. Оваа бројка на станови е многу голема за град од 50.000 жители и дефинитивно  пазарот со недвижнсоти е презаситен, укажува на ваквите состојби агентот за продажба на станови и куќи, Александар Трајчески од агенцијата за недвижности Енхалеја. Трајчески смета дека на градот му е потребна промена во градежната политика.„ Да  не се иневстира во големи згради туку во хотелски обејкти...

Continue reading

sovetnici

Одложена 60 тата седница на советот на општина Охрид

Post Views: 3 И покрај желбата на советниците да застанат на страната на граѓаните, да ги разгледаат и прифатат стотината Предлог Одлуки за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација или легализација на дивоградби, сепак советниците го прифатија предлото на ВМРО ДПМНЕ дека денеска не е вистинско време да се дискутира за дивоградбите. Причина за оваа одлука е препораката на антикорупциска комисија дека незаконски е во овој период да се носат вакви одлуки. „Ние како советничка група на ВМРО ДПМНЕ и коализцијата сме за одлагање на сите точки за легализација...

Continue reading

naucen trud

Научна студија за Пештани меѓу најдобрите на олимпијада во Варшава

Post Views: 12 Кирил Константиновски Пунтос , македонец кој живее и учи во Полска, меѓу најдобрите на 38-та олимпијада по географина во Варшава – Полска. Тој со својот истражувачки труд, кој е посветен на Пештани, со најголем број бодови, влезе во финалната фаза од олимпијадата, на која учествуваа повеќе од 100 000 трудови во Полска. Тема на научниот труд на Костантиноски се промените на околината на Пештани и неговото постепено трансформирање од рибарско село во познато туристичко место. „Темата опфаќа геолошки анализи, а анализите се така воведени што ги поделив на наколку...

Continue reading

pustanje skolo pestani

СДСМ не прифаќа експертска влада

Post Views: 9 За предлогот за името на претседателот на ВМРО НП, Љубчо Ѓеорѓиевски – Северна Македонија, престедателот на СДСМ Бранко Црвенковски со став дека: „Не е прв пат  Ѓорѓиевски да излезе со ваков предлог.  Овој процес кој е многу битен за нашата земја треба единствено да го водат претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи, а тие доколку имаат потреба да побараат поддршка од страна на опозицијата и граѓаните, ние сме тука. Нашиот став е дека секое решение кое нема да го повреди нашиот идентитет, а е прифатливо за владата на Никола Груевски ние ќе го поддржиме,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top