Ознака: пештани

Пештани е туристичка населба без марина

Post Views: 4 Мештаните од Пештани бараат да се изгради марина или пристаниште на крајбрежјето од нивната населба. „Ние сме туристичка населба на брегот на Охридското Езеро во самиот центар на релацијата Охрид-Св. Наум, а сме оставени без пристаниште“, напоменува Ѓоре Танески, претседател на Месната заедница. Танески додава дека од 3700 пловни објекти регистрирани во Капетанија имаат бројни ситуации кога туристи бараат помош од мештаните, кога им застанале пловните објекти заради дефект или останале без гориво во летниот период, а нема соодветно место каде да им помогнат.  Бараме...

Continue reading

Пештани во вечерните часови

Post Views: 13 Мануела Гигоска во склоп на „Ти си твојот град“ ни испрати прекрасни слики од селото Пештани, кои се направени во вечерните часови. Пештани е доста атрактивно туристичко место, а покрај домашните гости, голем е бројот на посетители од странство кои доаѓаат да уживаат во убавините со кои изобилува овој дел од Охридскиот регион.  

Continue reading

Незаконит риболов во Пештани и Трпејца, одземени риби и мрежи

Post Views: 1 На 06.02.2022 во периодот од 17 до 22 часот на подрачјето на Охрид реализирани се акциски контроли по Закон за рибарство и аквакултура и незаконит риболов. Притоа, во атарот на селото Пештани биле затекнати две лица кои со мрежи вршеле незаконит риболов, додека кај месноста „Надол”, атар на селото Трпејца, пронајдени и одземени се шест рибарски мрежи и осум парчиња нелегално уловена риба Охридска пастрмка. Акциските контроли, со цел пронаоѓање на лица што вршат незаконит риболов ќе бидат интензивирани во различни временски периоди и на различни места долж Охридското...

Continue reading

Кривична за 62-годишна жена поради „бесправна градба“ во Пештани

Post Views: 0 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.А. (62) на привремена работа во Германија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба”. Пријавената, на сопствена катарстарска парцела во селото Пештани, без да поседува правосилно одобрение за градење издадено од надлежен државен орган и спротивно на другите одредби од Законот за градење, изградила објект за домување. При инспекциски надзор извршен на 05.01.2022 година, овластен градежен инспектор при општина Охрид, донел решение за отстранување на градбата – информираат од...

Continue reading

4 гранати пронајдени во Охридското езеро кај Пештани

Post Views: 1 На 15.02.2022 година во 12.40 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во водите на Охридското езеро кај Пештани забележани се 4 гранати. Од увидот извршен од стручен тим од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека се работи за две неексплодирани минофрлачки мини калибар 75 милиметри и 2 артилериски гранати калибар 122 милиметри по што, се безбедно подигнати за натамошна постапка – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Continue reading

НОВ АСФАЛТ ВО ПЕШТАНИ, ТРПЕЈЦА И ЉУБАНИШТА

Post Views: 0 Деновиве интензивно се изведуваат работни активности за асфалтирање на улици во неколку населени места во Општина Охрид. Денеска е завршено асфалтирањето на улица во должина од 250 метри во село Пештани. Претходните денови се работеше на асфалтирање на тесни улици во селата Трпејца и Љубаништа. Овие активности се дел од годишнaта програма за комунален развој, сообраќај и улици на Општина Охрид. Во текот на наредниот период ќе следува асфалтирање на улици во селата Коњско, Косел и Лескоец како и во населбата „Радојца Новичиќ“.

Continue reading

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД КАНАЛИЗАЦИОНАТА МРЕЖА ВО ПЕШТАНИ

Post Views: 2 Екипи на ЈП „Нискоградба“ деновиве работат на реконструкција на дел од канализационата мрежа во село Пештани. Акцијата се спроведува со цел да се реши проблемот предизвикан со дел од септичките јами. На стрмен простор се изработува каскадна шахта која ќе е поставена на длабочина од 2 метри, а на длабочина од околу 4 метри се поставува нова цевка Ф 20 со должина од 25 метри. Зафатот се очекува да заврши деновиве.

Continue reading

“Културно лето-Пештани 2019”

Post Views: 0 Проектот е од интердисциплинарен карактер каде што сите учесници (освен Танче Гроздановски кој е од Скопје )се од Пештани, односно потекнуваат од Пештани. Опфаќа широк спектар на разни видови на уметност како: Музичка уметност, промоција на албумот Елегија од Горан Папаз и Танче ГроздановскиЛиковна изложба на уметнички дела од Мр Валентина Толеска и Мр Марија МешкоскаПоезија и проза, интерпретација од страна на просветните работници( по книжевност и македонски јазик), каде ќе има и сопствени дела на учесниците:Весна БакулескаБети СимоноскаТатијана ЈанескаСузана КоческаМарија...

Continue reading

Прекин на водоснабдувањето во Пештани

Post Views: 1 Од МЈП Проаква Водовод Охрид утрово не информираа дека поради интервенција на водоводната мрежа, денес, понеделник, ќе има прекин во водоснабдувањето во Пештани. Поради обемноста на зафатот прекинот ќе трае до 14 часот.

Continue reading

Генералки во с.Пештани и с.Лескоец

Post Views: 0 Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжува со акциите за генерално пролетно чистење во урбаните заедници и приградските населби. Оваа работна седмица генерално се расчистуваше во с.Пештани каде се подигна расфрланиот комунален отпад и трската од крајбрежниот појас, се отстрани ниската вегетација од тротоарите и пристапните патеки, се изврши метење на јавните површини, по што се изврши и миење на истите со цистерна. Акција за генерално чистење се спроведе и во с.Лескоец. Во оваа приградска населба се подигна голема количина од кабаст отпад , зелен отпад и градежен шут, како...

Continue reading

ФОТОВОЛТИЧНИ ПАНЕЛИ ЌЕ СЕ ПОСТАВАТ НА ЗГРАДИТЕ НА ОПШТИНА ОХРИД И ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ПЕШТАНИ И ВЕЛГОШТИ

Post Views: 3 Во рамките на ИПА компонентата на ЕУ за набавка на фотонапонски системи за јавни објекти, која ја имплементира Министерството за финансии, Општина Охрид доби три фотоволтични системи. Енергетските системи ќе бидат поставени на зградите на Општина Охрид и на основните училишта во Пештани и Велгошти. Системите се веќе пристигнати и по завршувањето на соодветните законски пропишани постапки, се очекува да бидат монтирани во тек на месец март.Снагата на секоја фотонапонска централа е 15 kW , а произведената електрична енергија, преку посебни броила ќе се регистрира и ќе...

Continue reading

Христијан Петрески и Јорде Цаноски најсреќни во Лакочереј и Пештани

Post Views: 6 Христијан Петрески го фати крстот за годинешното чествување на празникот Водици во селото Лакочереј. Голем број на скокачи и годинава учествуваа во манифестацијата која се одржа во ова село. Жителите на селото, според традицијата, го даруваа среќниот фаќач на крстот. Тие наполнаа од осветената вода на реката, каде се изведе чинот на фрлање на Светиот крст. Јорде Цаноски пак по трет пат беше најсреќниот и излезе со крстот во раката од водите на Охридското Езеро во Пештани. Со тоа продолжува древната традиција на фрлање на крстот во ова прекрасно село на брегот на езерото....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top