Ознака: пештани

skolo sala

Пештани доби спортска сала

Post Views: 3 Ова е единствен спортски објект изграден  на потегот од Пештани до Св. Наум. Конечно учениците ќе имаат каде да спортуваат, вели Зоран Целески, директор на училиштето Св.Наум Охридски. „Спортот и часот по физичко образование значат здравје, нешто што треба да се негува како најголема вредност на денешницата. Големиот недостиг на спортски реквизити, временските услови и многу други неприлики од денес нема да претставуваат препрека за учениците да можат слободно да спортуваат“, вели директорот Целески. Градоначалникот Александар Петрески, видно задоволен што салата е...

Continue reading

kolaci

Велигденски хуманитарни акции

Post Views: 2 Велигденски јајца, колачи, украси, пилиња. Основците од Св. Климент Охридски од Охрид и Св. Наум Охридски од Пештани за Велигден подготвија хуманитарни продажни акции. Продажната хуманитарна акција во ООУ Св. Климент Охридски е проект на советот на родители и истата од година во година е се поорганизирана и поуспешна. „Како и секоја година, така и оваа организиравме продажна хуманитарна акција. Парите кои ќе се соберат се наменети за дечињата од социјално загрозените семејства, поточно за оние кои не се во можност да платат за престојните екскурзии“, вели преставникот...

Continue reading

nesreka

Загина сопатник на мотор, во Пештани

Post Views: 23 Загина сопатник на мотор. Синоќа околу 1 часот после полноќ, на патниот правец Охрид – Св. Наум, на влезот од Пештани, се случи тешка сообраќајна незгода. На самото место на несреќата едно лице почина, а возачот Владимир Никулески 37 год, се здобил со тешки телесни повреди и искршеници и веднаш бил префрлен во Охридската Специјална болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо. На местото на несреќата сеуште имаше делови од моторот марка „Јамаха ЛС 1100“, со скопски регистерски таблички, две локви со крв, делови на облека патики, очила, како и расфрлан материјал...

Continue reading

sanacija na ucilishta

17 милиони денари за реконструкција и санација на охридските училишта

Post Views: 11 Нова дограма, подови, огради, водоводни инсталации и спортски пропратни објекти за неколку основни и средни училишта во градов. Привршуваат големите зафати на уредување, санација и реконструкција на општинските училишта во градов и околината, кои ги спроведува Општина Охрид, со свои средства. Серафим Наумовски, раководител на одделението за образование, култура, детска, здравствена и социјална заштита, вели дека овие обемни инвестициони зафати се спроведуваат со цел  подобрување на условите за работа на учениците. „Поголем зафат ни е во О.У „Св.Наум Охридски“ во село...

Continue reading

voda

Спречен изворот на фекално загадување кај Билјанини Извори

Post Views: 3 Откриен и спречен изворот на фекалното загадување на Каналот, Билјанини извори. Градоначалникот  Александар Петерски ги посочи сторителите. Диво приклучени  на дождовната канаизлација се зградата и неколку куќи на улица Асном, наспроти РЕ Механизација на Комуналец, вели првиот човек на Охрид. Петрески појасни дека службите пред два дена го откриле и спречиле дивото приклучување во  дождовната канализиација која се случувало повеќе години иако во непсредна близина на објектите  има канализација. Од ЈП „ Нискоградба“ посочуваат дека има појави на други диви приклучоци...

Continue reading

Ден потоа, Антички

Post Views: 8 Вака изгледаше вчера античкиот театар, еден од најрепрезентативните културно историски објекти во нашиот град. Оваа ужасна глетка остана после одржаниот концерт на „Токсикологија“. Организаторите сметот го исчистија дури еден ден потоа. Дали во екот на туристичката сезона и во викенд, кога посетеноста на Охрид е најголема, домашните и странски туристи треба да го видат театарот во вакво издание. И дали ова уште еднаш укажува дека на Антички не треба да се одржуваат концерти од ваков карактер. Екот на сезоната носи плус, концертите, и секаквите некакви журки и забави...

Continue reading

Пештанци ќе добијат спортска сала

Post Views: 1 Четри милиони денари, за изградба на спортска сала, во Пештани. Станува збор за инвестиција на Локалната самоуправа, од Охрид. Раководителот на секторот за образовани, Митре Вељаноски и градоначалникот Александар Петрески ги фрлија првите лопати во темелите  на новиот објект. Вељаноски рече – „она што го вети а не го направи Централната власт, го направи Локалната“. Тој додаде дека локалната досега во образованието има вложено над 100 милиони денари за санација и реконструкција на основните и средните училишта во општината.Спортскиот објект во Пештани ќе биде готов...

Continue reading

nacrt plan

Пештанци пред нацрт верзијата на урбанистичкиот план

Post Views: 11 Пештани, конечно после 30 години е на пат да стане  урбанизирана туристичка населба. Нацрт верзијата на Урбанистичкиот план е ставена на увид на неговите жители. Со планот е предвидено проширување на населбата со околу 700 нови градби. Пештанци на јавната дебата се интерсираа за инфраструктурата и за градбите од лична природа, но  се произнесоа и за објектите од заеднички интерес. Побараа хотел Десарет да ги врати 14-те метри узурпиран простор покрај езерскиот брег сопственост на РМ како  слободна патека за пешачење кон авто кампот Градиште. Силни реакции од пештанци...

Continue reading

Пештани ќе добие марина пред Охрид

Post Views: 7 Конечно прв предлог за изградба на  марина на Охридското езеро, зацртана во еден од  шесте Нацрт детални урбанистички планови, изгласани на 21-та седница. Ова е предлог за изградба на марина во Општина Охрид, па макар и мини, па макар и во село Пештани. Како локација е избрано старото постоечко пристаниште, кое со мали измени и проширувања треба да ја извршува функцијата на марина. Покрај нацрт деталниот план за Пештани, на завчерашната 21-ва седница на Советот на општината донесени уште 5 нацрт детални урбанистички планови, околу кои советниците од позицијата и опозицијата...

Continue reading

Kolektor Peshtani

Пробно пуштен во употреба колекторот во Пештани

Post Views: 1 Колекторскиот ситем во Пештани пробно пуштен во употреба. Со овој зафат по 20 години ќе се реши проблемот на 2000 жители од Пештани. „ Сега се работи на секунарната мрежа и околу 50% од жителите веќе се вклучени во системот.Со овај зафат повеќе нема да има ни една јама или до 4ти јули ќе исчезнат јамите во Пештани“, вели Сандре  Нечовски – претседател на месна зедница Пештани. Со двете пумпни станици едната во местото викано Круша и другата кај автокампот Елешец ќе се заокружи целиот колекторски систем на овој дел долг 37 киломентри. „Бенефитот од ваква инсталација...

Continue reading

Aleksandar Petreski

Дел од Пештани поврзано на колекторскиот систем

Post Views: 3 Градежни работи во Пештани. Дел од куќите во оваа туристичка населба веќе приклучени во колекторскиот систем. „Доколку не послужи времето за многу кратко време целото село ќе биде приклучено на системот“, вели градоначалникот Александар Петрески. Градоначалникот од Пештани повторно упати критика до премирот и владата. Откако со месеци ништо не прават околу состојбата со Охридското езеро, туку само водат негативна кампања и ја обвинуваат опозицијата за се и сешто во оваа земја, време е да се соочат со фактите и реалноста. Колку ли само пари и време потрошија на плакати,...

Continue reading

Zoran Stavreski

Пештанци повторно имаа посета

Post Views: 0 Овојпат потпретседателoт на владата Зоран Ставрески отиде лично да се запознае со проблемите кои ги мачат овие луѓе. Друштво на Ставревски во Пештани му правеа дел од Загрижените граѓани од саботата. Нова посета – нови ветувања. Владата деновиве ќе испрати неколку пумпи за црпење на водата од поплавените подруми и куќи во Пештани. Ова денеска по средбата со жителите на оваа туристичка населба, го најави  потпретседателот на владата Зоран Ставрески. Тој уште истакна дека ситуацијата во Пештани не е критична , но е сериозна. Потпрестседателот на владата не беше запознаен...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top