Ознака: пешачка

Уреден дел од новата пешачка патека во Охрид

Post Views: 0 Дел по дел се гради новата современа пешачка патека. Охриѓани и бројните туристи кои во моментов престојуваат во туристичкиот бисер ќе можат да уживаат во новоизградената пешачко-велосипедска патека, која планирано е да се протега од каналот Студенчишта до хотелот Парк, паралелно со езерската линија. Во фази, но според одредена динамика, ќе се гради патеката која има презентативен лик на најдобра пешачка во градов и пошироко, барем според коментарите од јавноста кои досега стигнаа на наша адреса, вели градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. „Досега се реализирани...

Continue reading

zardinjeri

Нов вандалски чин-сега настрадаа и жардињерите на новата пешачка патека

Post Views: 7 За само неколку дена уште еден вандалски чин на несовесни граѓани на новата пешачка патека. По дрвцата овој пат настрадаа поставените жардињери кои треба да ја разубават оваа патека и да и дадат модерен изглед. Несовесни граѓани го искршиле украсниот мермер со кој се поплочени жардињерите, а кој штотуку почна да се поставува. Овој чин утринава бил забележан и од вработени лица во ЈП „Охридски комуналец“ како и од оперативците кои ги изведуваат градежните работи на пешачката патека. Од локалната самоуправа изразуваат жалење за ваквиот чин. Велат дека е неразбирливо зошто...

Continue reading

pateka

Хортикултурното уредување на новата пешачка патека-мета на несовесни граѓани

Post Views: 2 Младите новопосадени дрвца кои треба да ја красат новата модерна пешачка патека која се гради од Центарот за обука на вода накај Горица прва, не успеаа да преживеат ниту неколку дена.Најверојатно синоќа истите биле мета на несовесни граѓани кои ги искршиле гранките на овие дрва. Случајни минувачи зад камерите коментираат дека дури и кога се случува нешто добро за градот не може да помине без некој ваков несовесен чин. Оваа пешачка патека ќе претставува авенија широка 12 метри во прва фаза долга 210 метри, со пешачка и велосипедска патека, а доколку успее да одолее на...

Continue reading

most

Ќе се урива ли „Мостот на желбите?“

Post Views: 0 Министерството за транспорт и врски го објави Јавниот оглас за изработка на проектна документација за изградба на пешачка патека од охридскиот плоштад до црквата „Св.Јован Канео“ и поврзување со патека до плажата Лабино. Проценетата вредност на проектната документација без ДДВ е околу 19.000 евра или 1,2 милиони денари. Во рамки на делот за видот на договорот за јавна набавка пишува дека се работи за категоријата: Архитектонски услуги; инженерски услуги и интегрални инженерски услуги; услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето; поврзани...

Continue reading

taksi postojka

Само една такси постојка во Охрид е дислоцирана

Post Views: 3 Такси постојката на пресекот од ул „Гоце Делчев“ и „Кирил и Методиј“, која што требаше да биде дислоцирана уште во јули месец сеуште на старото место. Според локалната, поместувањето на постојката имаше за цел  да им се излезе во пресрет на барањата на Урбаните заедници, во случајов Кошишта, како и увидувањата на Секторот дека во летниот период заради оваа такси станица се формирало тесно сообраќајно грло. Просторот на местото на такси постојката требаше пред 5 месеци да биде уредено како пешачка зона. „Што се однесува до дислокација на такси постојката на ул Гоце Делчев...

Continue reading

most na zelbite

Здружена опозиција: „Поширока дебата за можно решение за Мостот на желбите“

Post Views: 12 Здружената опозиција, од „Мостот на желбите“ со апел и барање до локалните власти пред да се руши постоечкото да се изнајде адекватно ново решение. Денес рекоа дека за нив е несфатлива одлуката на средина од летната туристичка сезона да се прават зафати за рушење на мостот. „Овој мост го користат не само граѓаните кои живеат тука во населбата Канео, и кои навистина ги поврза на еден извонредно добар начин овие граѓани, меѓутоа го користат и многу од гостите. Реагираме како советници на оваа одлука, најпрво поради тоа што рековме дека сметаме дека на средина од оваа...

Continue reading

pateka

Една патека ќе се руши ,а друга ќе се гради од пристаниште до Канео

Post Views: 10   Изградба на пешачка патека и поврзување на градското пристаниште со Канео и Лабино, најави охридскиот градоначалник Никола Бакрачески. Оваа идеја е прифатена и веќе влегла во владините проекти, а се планира да се гради во две фази. Деновиве се очекува средба со општинските претставници и Министерството за транспорт и врски во врска со овој проект, информира Бакрачески. „ Всушност со иницирање на овој проект и обезбедување средства за изградба на ваква пешачка патека за која во овој момент има поделени мислења. Поголем дел од граѓаните на Охрид одамна бараат изградба...

Continue reading

kosista

Почна дислокацијата на такси постојките во Охрид

Post Views: 1 За 10 дена такси постојката на влезот од Горна порта, Кошишта ќе прерасне во пешачка зона. Оваа локација е само една од неколкуте во градов кои ќе се дислоцираат, согласно одлука на охирдскиот Совет. Како што изјави Љупчо Танески од Секторот за комунален развој и сообраќај, ваквите зафати се со цел да им се излезе во пресрет на барањата на Урбаните заедници, во случајов Кошишта, а секако тоа се реализира во координација со стручните служби на општината и сообраќајните инспектори при СВР Охрид, „Во летниот период заради оваа такси станица се формираше едно тесно сообрќајно...

Continue reading

pateka

Охриѓани ќе се рекреираат на современа пешачка патека

Post Views: 1   Ќе се прави современа пешачка рекреативна патека на потегот од мостот кај каналот до почетокот на Парк. Таа ќе биде широка десет метри и ќе содржи две пешачки зони од по четири метри и уште две патеки од по страните  во широчина од по еден метар кои ќе се користат за велосипеди и ролери. Во средината ќе биде хортикултурно уредена со комунална инфраструктура и со современо осветлување. Патеката ќе биде долга 1390метри а ќе се реализира со средства од ИПА фондовите. Општина Охрид во заедничка соработка со општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун аплицирале со заеднички...

Continue reading

ulica

Кафе во кафулињата, пешаци на тротоарите

Post Views: 4 На тротоарот од Кеј „Маршал Тито“ нема повеќе пиење кафе. Тој ќе си ја врати примарната функција, а тоа е простор за одвивање пешачки сообраќај. Масите и столиците од кафулињата кои се наоѓаат на дел од оваа улица ќе бидат отстранети. Тоа го налага новиот режим на сообраќај со кој после седум години оваа улица во летниот период нема да биде пешачка зона туку сообраќајница. Зоран Шикалоски, раководителот на секторот за сообраќај и патишта вели дека крајно време е да се ослободат тротоарите и да му се овозможи на сообраќајот да дише. Искуството од минатите години покажа...

Continue reading

seceni drva

Исечени стебла стари неколку децении

Post Views: 1 Уништување на езерската трска која е природно мрестилиште на Охридскиот крап.Стебла стари неколку децении сосечени до земја. Се тоа во интерес на урбанизацијата на просторот.Што следно ќе биде жртва на урбанизацијата? Продолжува систематското уништување на флората и фауната од Охридското крајбрежје. Комуналната инвазија која прети да уништи се она што некогаш беше заштитен знак на градов, сега е насочена кон делот од крајбрежјето до хотелот Парк. На овој потег, исечени се до земја неколку повеќегодишни стебла. Станува збор за стебла стари и по неколку децении. Неколку...

Continue reading

peshacka pateka

Пешачката патека е за пешаци, не за велосипеди

Post Views: 1 Од кога единствената велосипедска патека во Охрид од мостот кај Билјанини извори до Горица е забранета за велосипедисти? Денеска бев сведок како сообраќаен полицаец ги отстранува велосипдистите кои возеа по таа патека, стои во дел од дописот кој наш сограѓанин го испрати во редакцијата на ТВМ. Во продолжение на е-маилот нашиот гледач бара да откриеме зошто соопраќајната полиција изминатиов викенд вршела вакви контроли на овој потег.Во интерес на вистината, се обративме во СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димовски вели дека изминатиов викенд на целото подрачје на Општина...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top