Само една такси постојка во Охрид е дислоцирана

Наместо дислокација на неколку такси постојки како што пред 5 месеци информираа од Локалната самоуправа во Охрид, дислоцирана е само една, во урбаната заедница Кошишта. Од таму не откриваат кои други такси постојки требаше да бидат дислоцирани и зошто не го направиле тоа.

 |  Николоска Биљана  | 
taksi postojka
такси постојка

taksi postojkaТакси постојката на пресекот од ул „Гоце Делчев“ и „Кирил и Методиј“, која што требаше да биде дислоцирана уште во јули месец сеуште на старото место. Според локалната, поместувањето на постојката имаше за цел  да им се излезе во пресрет на барањата на Урбаните заедници, во случајов Кошишта, како и увидувањата на Секторот дека во летниот период заради оваа такси станица се формирало тесно сообраќајно грло. Просторот на местото на такси постојката требаше пред 5 месеци да биде уредено како пешачка зона.

„Што се однесува до дислокација на такси постојката на ул Гоце Делчев на пресек со ул. Кирил и Методи таа е дислоцирана, во текот на наредната недела ќе биде обележана неколку десетици метри подолу на истата улица на оној taksi postojkaпростор  каде што досега се паркираа таксистите ќе биде обележан како пешачка зона. А она што вие го посочувате во моментов дека и сега таму паркираат такси возила тоа е повеќе прашање за сообраќајната полиција отколку за ЛС значи тие треба да поведат сметка значи да не им дозволат на таксистите повеќе да паркираат тука.  – вели Џамтоски.

Инаку во јули месец  екипи на ЈП Нискоградба заедно со стручните служби на Секторот за комунален развој,сообраќај и улици на целата територија на градот вршеа обележување на такси -станиците. Тогаш беше најавена  и дислокација на дел од нив. Сега од локалната велат дека освен такси постојката во урбаната заедница Кошишта други постојки нема да се дислоцираат. Но, портпаролот информира дека на барање на таксистите ќе има уште една такси постојка на градскиот плоштад а имало барање и за обележување постојка на бул Туристичка кај хотелот Монтенегрин.

{loadpsoition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top