Уреден дел од новата пешачка патека во Охрид

Готова е една третина од пешачката патека од каналот Студенчишта до Парк. Од предвидените 630 метри уредени се 210 метри, остануваат уште 420 кои ќе бидат реализирани до крај на годинава, како што најави првиот човек на градот Никола Бакрачески. Со комплетна реализација на овој проект ќе се придонесе во натамошниот развој на туризмот во градов.

 |  Николоска Биљана  | 

Дел по дел се гради новата современа пешачка патека. Охриѓани и бројните туристи кои во моментов престојуваат во туристичкиот бисер ќе можат да уживаат во новоизградената пешачко-велосипедска патека, која планирано е да се протега од каналот Студенчишта до хотелот Парк, паралелно со езерската линија. Во фази, но според одредена динамика, ќе се гради патеката која има презентативен лик на најдобра пешачка во градов и пошироко, барем според коментарите од јавноста кои досега стигнаа на наша адреса, вели градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

„Досега се реализирани 210 метри односно една третина од она што ние го предвидуваме за оваа година, веднаш после завршување на летната сезона. Продолжуваме со реализација на уште 420 метри од предвидените 630 метри кои што беа договорени за оваа година, онолку колку што општина Охрид предвиде со средствата од својот буџет од кои што две третини се средства предвидени од општинскиот буџет, додека една третина со средства од ИПА прекуграничната соработка со Грција“ – вели Бакрачески.

Градежните работи за изведба на пешачко – велосипедската патека ги реализираше Локалната самоуправа во соработка со охридските Јавни претпријатија. Со реализација на овој проект во многу ќе се придонесе за натамошен развој на туризмот во охридскиот регион, вели Бакрачески. Целокупниот преоект во кој со една третина средства од ИПА фондовите за прекугранична соработка партиципира и соседна Грција, покрај изградба на дел од пешачката патека предвивдува изградба на современ информативен центар, ботаничка градина како и средства на нова кујна за ФТУ, информира градоначалникот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top