Ознака: пешачка

ПОПЛОЧЕНА ПЕШАЧКА ПАТЕКА ВО СЕЛО ЗАВОЈ

Post Views: 15 Како дел од програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици на Општина Охрид, деновиве беа реализирани активности за уредување на пешачка патека во селото Завој, во непосредна близина на црквата. Пешачката патека е поплочена со 450 м2 бехатон плочки и поставени се соодветни рабници. По налог на локалната самоуправа, работните активности ги изведуваа екипите на ЈП „Градски гробишта“. За оваа намена од буџетот на Општина Охрид беа издвоени 600.000 денари.

Continue reading

Атрактивната пешачка патека која води низ боровата шума на Плаошник им создава главоболки на туристичките работници

Post Views: 8   Туристичките тури кои водат низ најатрактивниот дел за разглед на стариот дел на градот им создаваат главоболки на туристичките работници. Една од нив е патеката која води кон Плаошник, Канео и Самоиловата тврдина. Патеката е небезбедна за туристички разглед, вели Љупчо Стојкоски туристички работник од Охрид. Турата оди по еден пат низ прекрасна борова шума, но патеката е земјена, не е средена, а тука сите тури ги водиме, вели Стојкоски. „На тој дел порано биле изградени импровизирани скали со дрво и издлабени во земјата. Но со тек на времето тоа е рамно, а боровите...

Continue reading

Георгиески ветува нова пешачка патека кај Билјанини извори

Post Views: 1 Охрид добива нова пешачко – рекреативна патека од паркот „Билјанини извори“ до истоимениот Спортско рекреативен центар, ветува кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата, Константин Георгиески. Според идејното решение, должината на патеката е 265 метри и предвидено е да има аморфна форма со променлива ширина. Планирано е да биде опремена со модерна урбана опрема и осветлување. Патеката ќе биде одделена од каналот со зелен појас од висока и ниска вегетација со што се обезбедува безбедност на посетителите. На западната страна е предвидено да има и велосипедска...

Continue reading

ПРЕКУ ПРОЕКТ ЗА ИНКЛУЗИВЕН УРБАН РАЗВОЈ, КЕЈОТ „МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ СТАНЕ ПЕШАЧКА ЗОНА

Post Views: 7 Со адаптација на улицата „Македонија“ во пешачка зона, ќе се обезбеди поинаков спој меѓу езерото, луѓето и урбаниот дел на градот. Стратешките определби на локалната самоуправа од Oхрид се да се обезбеди одржлив развој во кој ќе бидат задоволени потребите на жителите, но и заштитата на природното и културното наследство, во кое ќе уживаат и граѓаните и бројните туристи од светот. Од Локалната признаваат дека во изминативе неколку децении направени се бројни пропусти и штети врз хармонизираниот спој на природните, културните и вкупните амбиентални вредности, единствено...

Continue reading

Изградена пешачка патека во Рача

Post Views: 9 Денес во населбата Рача, вршителот на должноста градоначалник Константин Георгиески,  изврши увид на ново изградената пешачка патека. Патеката со бехатон плочки во должина од 170 метри и два потпорни ѕида, изградени се од страна на ЈП “Градски гробишта“. Овој зафат е во рамките на програмата на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици и со него се решава деценискиот проблем на функционално поврзувње на двата дела од населбата. Посебно е важно олеснувањето на движењето на децата, кои оваа патека ја користат за да стигнат до училиштето.

Continue reading

76,5 % анкетирани охриѓани сакаат ул „Македонија“ да биде пешачка зона

Post Views: 1 Тим од општина Охрид, како урбанистички предизвик во рамки на програмата “Овозможување локална демократија и холистички урбан развој преку SymbioCity пристап“, го работи проектот ,,Нови хоризонти преку унапредена пешачка зона“, кој всушност се однесува на адаптирање на улица ,,Македонија“ во пешачка зона. Проектот ќе се работи на ниво на физибилити студија.Со цел успешно извршување на постапките и чекорите при изработка на проектот,  дел од обврските претставува и вклучување на јавноста со цел да се добијат мислења од  засегнатите страни. Од различните начини на партиципација...

Continue reading

Во населбата Месокастро ќе почне да се гради рекреативна пешачка патека од Саат кулат до ОУ „ Св Климент“

Post Views: 1 Охриѓани и туристите ќе добијат рекреативна пешачка патека од градската Саат кула до ОУ „Св. Сава“. Современата патека ќе биде во должина од 325 метри и ќе има два краци. Уличното осветлување ќе биде со 20 четириметарски канделабри, поствени на секои 15 метри. Изведбата на проектниот зафат ќе биде туристичка атракација благодарение на средствата наменети за рамномерниот регионален развој од Центарот за Југозападен плански регион. „ Овој проект за пешачката патека од Саат кула до ОУ „Св. Сава“ ќе придонесе за подобра комунална инфраструктура и за подобрување на туристичката...

Continue reading

Дали Кеј „Македонија“ трајно ќе стане пешачка зона

Post Views: 1 Кеј „Македонија“ да стане пешачка зона. Ова е идеја на тимот во Локалната самоуправа кој како урбанистички предизвик во рамки на програмата ICLD и SKL International од Шведска ќе го работи проектот ,,Нови хоризонти преку унапредена пешачка зона“. Што за тоа мислат граѓаните. Дали спорд нив е подобро кејот трајно да стане пешачка зона или пак оваа улица е неопходна како сообраќајница. Општината спроведува и Е-АНКЕТА на која граѓните можат да гласаат за или против ваквиот проект. На официјалната веб страна ohrid.gov.mk објавен е начинот на кој секој што сака може да го...

Continue reading

Опожарени шест палми на новата пешачка патека

Post Views: 1 Запалени палми и откорнати украсни дрвја на новоизградената пешачка патека во охрид. Продолжува вандализмот во Охрид кон јавните добра. Покрај тоа што беа опожарени шест од украсните палми засадени во овој дел на градот, од Локалната самоуправа информираат дека биле исто така откорнати и неколку садници од сортата „Каталпа“. „За среќа претходно „Комуналец“ спроведе чистење на тој простор, ја искоси тревата среден беше тој просотр, запалени беа шест палми.Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ дали во текот на на денешениов ден дали утре, теренот ќе биде среден, но велам,...

Continue reading

Ставено во употреба, детското игралиште и фитнес зоната на новата пешачка патека

Post Views: 1 Станува збор за простор кој се состои од два дела, едно детско игралиште со сите помошни реквизити и една фитнес зона и двете изградени во соработка со Агенцијата за спорт и млади при Владата на РМ. Отворена новата забавно-рекреативна зона кај новоизградената пешачка и велосипедска патека. Станува збор за простор кој се состои од два дела, едно детско игралиште со сите помошни реквизити и една фитнес зона и двете изградени во соработка со Агенцијата за спорт и млади при Владата на РМ. Овој простор покрај тоа што ќе овозможи услови за рекреација на сите пред се на најмладите,...

Continue reading

Граѓаните се ЗА пешачка патека, но не по цена на зеленилото

Post Views: 2   Изградбата на современа пешачка и велосипедска патека, на потегот од бараките на АД „Трудбеник“ до „Билјанини извори“ ги разбранува страстите кај охриѓани, а и кај гостите кои долги години доаѓаат во градов и шетаат покрај каналот. Тие ја поздравуваат иницијативата на Локалната да го уреди овој простор, но негодуваат за дрвата кои таму се исекоа и сеуште се сечат. Портпаролот на локалната самоуправа Томе Џамтоски смирува дека дрвата кои се сечат се оние кои биле стари и трули , а брезите и врбите кои се дел од дрворедот на овој потег ќе останат и понатаму да го разубавуваат...

Continue reading

koli pateka

Сообраќајни знаци и казни за граѓаните кои со автомобили ќе возат по новата пешачка патека

Post Views: 30 Уште недоизградена, новата пешачка рекреативна патека несовесни возачи ја користат како сообраќајница. Изминативе денови поголем број на граѓани реагираат на оваа негативна појава споделувајќи слики и видеа на социјалните мрежи. Оваа практика на охриѓани ја забележале и од локалната самоуправа од каде велат дека во најскоро време ќе бидат преземени мерки. „Седум-осум дена и до нас стигнуваат поплаки од совесни и загрижени граѓани дека пешачко рекреативната патека кај Студенчишта ја користат и автомобили. Она што ние следува да го преземеме во најкус можен рок е поставување...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top