Ознака: патот

Возачите на патот во изградба Охрид – Скопје возат пребрзо што е причина за сообраќајни несреќи

Post Views: 0 Сообраќајните полицијци од СВР Охрид на патниот правец Охрид Скопје кај Подмоље на возачите им делеа флаери со препораки за внимателно возење. Возачите најчесто на овој патен правец  возеле повеќе од дозволеното и се преценувале можностите на возилото и возачот. Учесниците во сообраќајот ја поздравија ваквата акција и веруваат дека ќе има ефект. Проектот „Вози одговорно животот е во твои раце“ го спороведе општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот во соработка со СВР Охрид. Целта на ваквото предупредување на возачите е да се намалат сообраќајните несреќи, посочува...

Continue reading

Голема дупка опасна за возачите на патот Пештани-Охрид

Post Views: 11 Билјана Гаврилоска во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни испрати слика на која се гледа голема дупка на патот Пештани-Охрид, која што е доста опасна за возачите и сообраќајот на овој дел. Дупката се наоѓа на излезот од Пештани кога се движиме накај Охрид и е опасна бидејќи е длабока и мора самото возило да се префрли на другата лента за да ја одбегне, што сметам дека е опасно за сообраќајот – вели Гаврилоска.    

Continue reading

Блажески: Селективна наплата за поставување инсталации на патот

Post Views: 4 Со амин на Охридскиот Совет висината на надоместокот за поставување на разни комунални инсталации во трупот на патот изнесува 15 % од вредноста на техничкото решение на инсталацијата. Дел од советниците ги кажаа своите забелешки во врска оваа одлука, која според нив, дава можност општинската јавна администрација селективно да ја извршува истата. Дејан Блажески од ЛДП посебно се осврна на надоместокот за прекумерно користење на пат. „Ова значи едно тивко крадење на граѓаните и полнење на буџетот и јас не сум против, но сум со издржани и прецизирани одлуки, за да не даваме...

Continue reading

Продолжуваат активностите за реконструкција на патот преку Галичица

Post Views: 11 Регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк „Галичица“ од денеска ќе биде повторно затворен за секаков сообраќај. Мерката ќе биде на сила секој ден до завршувањето на работите на делницата од Баба до Царина – (Преспанска страна) од 08:00 до 17:00 часот, поради реконструкција на коловозната конструкција. – После 17:00 часот патниот правец ќе биде отворен за сообраќај и на оваа делница, при што истиот ќе биде обезбеден со лица од страна на изведувачот на работите и соодветна сообраќајна сигнализација. Од Охрид до Баба регионалниот патен правец ќе биде отворен...

Continue reading

знак

Поради минирање прекин на сообраќајот на патот Охрид-Кичево кај селото Врбјани

Post Views: 1 Од Авто Мото Сојузот на Македонија информираат дека утре ќе има прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид. Ќе се работи на патот на делницата помеѓу планинскиот превој Пресека и селото Врбјани. Прекинот ќе биде поради извршување градежни работи на патот помеѓу 12 и 14 часот.

Continue reading

пат

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊТО НА ПАТОТ КАЈ МЕСНОСТА „КРОМИДИШТА“ ВО РАЧА

Post Views: 1 Деновиве започнаа градежните активности за асфалтирање на патниот правец во населбата Рача кај месноста викана „Кромидишта“. Во рамките на овој проект којшто Општина Охрид го реализира со средства од Агенцијата за рурален развој ќе бидат асфалчтирани околу 900 метри,а за реализацијата ќе бидат издвоени 2.900 000 денари. Се очекува до почетокот на шпицот на летната сезона да биде завршено сфалтирањето на оваа значајна делница во туристичкото место Рача.Изведувач на активностите е АД „Бауер БГ“ од Скопје.

Continue reading

Реновирањето на патот преку Галичица продолжува по Илинден

Post Views: 8 Јавната установа Национален парк Галичица и изведувачот на работите за реконструкција на регионалниот патен правец Р 2332 Царина – спој со Р 1301 Охрид – Свети Наум ја информираат јавноста дека истиот ќе биде отворен за секаков вид сообрајќај од денес до 3 август 2021 година. Во вторник, на 3 август продолжуваат активностите за реновирање на патот и режимот на сообрајќајот ќе биде како што беше до сега: Регионалниот патен правец кој води преку Галичица ќе биде затворен за секаков сообрајќај, секој ден на делницата од Баба до Царина (преспанска страна) од...

Continue reading

znak

Продолжуваат работите на патот Охрид-Кичево, денес прекин поради минирање

Post Views: 2 Поради обемните градежни работи, минирање на земјиштетот заради изградба на тунелите, најзава за прекин на сообраќајот на патниот правец Охрид-Кичево. Денес, (27.04.2016) патниот правец Кичево – Охрид, кај Пресека, ќе биде во прекин поради минирање, во интервали од 15 до 20 минути, во период од 13:00 до 15:00 часот.

Continue reading

знак

Минирање на патот А2, причина за краткотраен прекин во сообраќајот

Post Views: 3   Изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево на делот помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани, се причина за прекин во сообраќајот денес 7-ми април 2016 година. Според најавите на АМСМ, сообраќајот ќе биде во прекин околу 20 минути во периодот од 13:00 до 15:00 часот.

Continue reading

Обвинета за тројно убиство поради Facebook

Post Views: 1 Неодамна спроведеното истражување во Велика Британија покажало дека сѐ поголем број на луѓе за време на возењето автомобил користат телефони, при што најмногу ги прегледуваат новините на Facebook и другите социјални мрежи. Од британското министерство за сообраќај тогаш предупредија дека луѓето поради користење на Facebook за време на возењето можат некого да убијат бидејќи не се сконцентрирани на возењето. Токму користењето на телефон и Facebook е најголема причина за големата трагедија која се случила во Висконсин кон крајот на 2013 година. Една 34 годишна жена тогаш...

Continue reading

Обновено: Се реконструира патот преку Галичица

Post Views: 1 Затварањето на патниот правец е заради потребата од реконструкција, а истовремено и обезбедување на сигурност и безбедност при вршењето на градежните активности кои ќе следат во гореспоменатиот правец, а ќе бидат изведувани од страна на А.Д. Илинден – Струга. Поради бројните реакции кои пристигнаа до Јавната установа Национален парк Галичица, а и заради обезбедување на непречен транзит низ Националниот парк, секако во согласност со безбедносните мерки кои треба да се преземат при вакви активности, беше извршена комуникација со изведувачите на работите следствено на што...

Continue reading

Од утре затворен патот с. Царина спој со Охрид-Св. Наум, ресенско поради реконструкција

Post Views: 11 Јавната установа Национален парк Галичица Охрид информира дека регионалниот патен правец Р 2332 Царина – спој со Р 1301 Охрид – Свети Наум, ќе биде целосно затворен за сообраќај за сите моторни возила во наредните десет денови, во периодот од 23/07/2021 до 07/08/2021 поради реконструкција на коловозна конструкција. Овој патен правец дваесетина години наназад се затвора за секаков вид сообраќај од октомври до март. На одлуката за затворање на овој патен правец регираа планинарите и љубителите на природата од Охрид и регионот, туристите, но и општините Ресен...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top