Ознака: патот

Градежен шут и кабаст отпад на патот за Коњско

Post Views: 4 На патот за Горно Коњско нашите читатели забележаа градежен шут и кабаст отпад. Сликите веднаш ни ги испратија за рубриката „Ти си твојот град“ со коментар: –Лоша појава, кабаст отпад и градежен шут на патот за Горно Коњско. 

Continue reading

Вакцинираните со кинески вакцини и руската Спутник „заглавени“ на патот кон европските земји

Post Views: 8 Повеќе од половина од целосно имунизираното население во земјата, поточно 411.171 лица се вакцинирни со кинеските вакцини „Синовак“ и „Синофарм“ и со руската „Спутник В“. Сега, овие граѓани – вакцинирани со некоја од споменатите три вакцини кои не се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), се соочуваат со ограничувања при патување во странство. Вакциниранираните со „Синовак“ ,„Синофарм“ и „Спутник В“,  дури и ако го примат бустерот на „Фајзер“, ќе наидат на рестрикции и карантин за влез во повеќето европски земји, кои ги уважуваат единствено вакцините признаени...

Continue reading

Сообраќајна несреќа на патот Охрид-Св. Наум

Post Views: 12 На 17.12.2021 година во 13:50 часот на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, кај населбата Рача, патнички автомобил „Сузуки” со охридски регистарски ознаки, управуван од Е.Р.(18) од Охрид, удрил во метален столб. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Т.Н. (18), а со телесни повреди се здобиле возачот и вториот сопатник О.С. (18), двајцата од Охрид, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Увид извршија полициски екипи – информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Continue reading

Ќе се реконструира патот до село Подгорци

Post Views: 0 Потпишан е договор помеѓу Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој и Општина Струга, како носител на проектот. Станува збор за проектот – реконструкција на патот до село Подгорци. –За овој проект се издвоени средства во износ од 6.000.000,00 денари од Бирото за регионален развој како и средства од Буџетот на Општина Струга во износ од 3.000.000,00 денари.-информираат од Општина Струга. Огласот за тендер е во тек.

Continue reading

АМСМ: Поради минирање, во четврток од 12:00 до 15:00 часот краток прекин во сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Post Views: 6 Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на делницата Пресека-село Врбјани, во четврток, на 1. јули 2021 година ќе има прекин во сообраќајот од 15-20 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ. Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. 

Continue reading

полициска лента

Возило излетало од патот кај месноста „Карпа“

Post Views: 5 На 29.01.2022 во 21:45 часот на магистралниот пат А3 Охрид-Кичево, кај месноста „Карпа”, патничко возило „фиат”, со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.М. (43) од охридското село Велгошти, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид. Увид на местото е извршен од страна на увидна екипа од полициска станица Охрид – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Две лица тешко повредени во сообраќајка на патот Струга-Дебар

Post Views: 12 Вчера во 10.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, кај место викано „Лабунишки ливади“, се случила сообрaќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“, со дебарски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(66) од Дебар и патничко возило „фолксваген голф“, со швајцарски национални ознаки, управувано од Д.Т.(45) од Струга. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.Т. и Ш.Б.(60) од Дебар, сопатник во возилото „алфа ромео“, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

Continue reading

Возило излетало од патот кај „Андон Дуков“

Post Views: 6 На 28.11.2021 година во 14.50 часот, на регионалниот пат помеѓу селото Подмолје и влез за автокампот „Андон Дуков”, патничко возило „Ландровер”, со охридски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(76) од Струга, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката С.Т.(75) од Струга, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо”. Увид на местото на несреќата изврши увидна екипа од СВР Охрид – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Се запалил ваљак на патот Охрид-Кичево

Post Views: 12 На 28.11.2021 во 06.05 часот, во СВР Охрид Н.Ј.(30) од селото Белчишта пријави дека на магистрален пат Охрид-Кичево, кој е во изградба, на месноста „Врбјански мост”, настанал пожар на ваљак сопственост на фирма. Пожарот е изгаснат а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Повторно од 12:00 до 15:00 часот краток прекин во сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Post Views: 3 Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на потегот планински премин Пресека-село Врбјани, денеска ќе има прекин во сообраќајот од 30 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ. Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Continue reading

ПАТОТ ДО РАЗВОЈ И МИР ЗАПОЧНУВА СО ЗАМОЛЧУВАЊЕ НА ОРУЖЈЕТО

Post Views: 0 Од денеска до 12 јуни се одбележува Глобалната недела за акција против оруженото насилство -иницијатива на Меѓународната акциона мрежа за мало оружје (International Action Network on Small Arms, IANSA). Оваа година акцијата е под мотото „Патот до развој и мир започнува со замолчување на оружјето”. Глобалната недела за акција против оруженото насилство е време когаграѓан(к)ите треба да ја промовираат борбата против огненото оружје, а властите да се потсетат на постојните стандарди и спогодби за контрола на распространувањето и шверцот со оружје. Оваа недела треба...

Continue reading

Утре од 12:00 до 15:00 часот прекин во сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Post Views: 3 Од АМСМ информираат дека поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на потегот Пресека-село Врбјани, утре ќе има прекин во сообраќајот од 30 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот. Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top