Ознака: паркинг

parking Kapetanija

Паркинг просторот кај капетанија- само за околните куќи

Post Views: 12 Паркингот кај капетанија повеќе нема да биде слободен за паркирање. Со изгласувањето на предлог одлуката за отстапување на истиот од локалната на ЈП „Билјанини извори“, овој паркинг доби и нова намена. Иако тоа не беше наведено во самата предлог одлука, паркингот ќе добие статус на затворен паркинг и него ќе можат да го користат само жителите кои гравитираат во неговата непосредна близина. За таа цел, група на граѓани поднеле и барање до локалната самоуправа за да можат да го користат овој паркинг за одреден месечен надомест. „Апсолутно поведени од нивната иницијатива,...

Continue reading

Dolni Saraj

Срушена огрaдата пред Долни Сарај

Post Views: 4 Срушена огрaдата  пред Долни Сарај. На овој простор Локалната самоуправа ќе гради паркинг простор наменет, како што кажуваат, за жителите на Варош. 30-тина паркинг места ќе добијат жителите кои од неодамна не смеат да паркираат околу источниот и јужниот дел од црквата Св. Софија. Граѓаните ќе добијат доволно, бесплатни паркинг места за нивни потреби. Секое паркинг место ќе биде обележано со  број  и жителите точно треба да знаат кое место им припаѓа. Зеленилото и дрвјата нема да се сечат. Само ќе се оплеменува овој простор и ќе се постават бекатон плочки, најавува директорката...

Continue reading

parking

Паркинзите на „Кеј Маршал-Тито“ лична сопственост или закуп?

Post Views: 3 Поставеното вертикално обележување на дел од паркинзите на „Кеј Маршал-Тито“ ги доведе во забуна граѓаните на Охрид. Дел од нив реагираа до Телевизија ТВМ прашувајќи како може сопствениците на угостителските објекти да ги користат овие паркинзи притоа обележувајќи ги со вертикална сигнализација како нивна сопственост. Со цел да одговориме на овие прашања го контактиравме директорот на ЈП „Билјанини извори“, Ристе Мишев. Тој ни рече дека овие паркинзи кои тие ги добиле со одлука на совет уште на 5ти Декември 2013та година на барање на угостителите кои гравитираат на оваа...

Continue reading

parking

Тепачка за паркинг

Post Views: 4 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Насилство“,  СВР Охрид против К.М.(26) и Т.Б. (24) двајцата од Охрид поднесе кривична пријава. Нив одредена им е мерка притвор во траење од осум дена. Пријавените, казненото дело го извршил на дваесет и седми овој месец околу 15 часот и 30 минути на паркинг просторот на улицата „Македонски просветители“ во централното градско подрачје. Револтиран што му било побарана наплата од 30 денари за користење на паркинг простор, К.М. започнал вербална расправија со вработениот инкасатор во Ј.П. „Биљјанини извории“ по...

Continue reading

советници

Oваa локална власт ја повтори грешката од минатото, обвинува Станкоски

Post Views: 3 Изгласани најинтересните точки од дневниот ред на продолжението на дваесет и третата седница на градскиот совет. „Предлог одлуката за давање согласност на одлуката на Управниот одбор на ЈП„ Билјанини извори“ за усвојување на физибилити студија“ и  „Предлог одлуката за давање согласност на одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори“ кренаа најголема прашина и отворија голем број дискусии. Јоне Станкоски...

Continue reading

Sv Sofija

Варошани поделени за столпчињата околу црквата Св. Софија

Post Views: 3 Варошани имаат поделени размислувања за поставените бетонски столпчиња околу црквата Св. Софија. Некои граѓани гледаат со одобрување и  ја поздравуваат одлуката на Локалната самоуправа. Време беше да се стави ред во овој хаос велат жителите кои го одобруваат потегот. Околу црквата се паркираа не само жителите туку гостите и персоналот од бројните кафулиња. Пристапот до црквата, но и до домовите беше невозможен за брза помош или против пожарно возило,  ги набројуваат аргументите луѓето кои се за оваа одлука. Додаваат дека  некои од соседите ги претвориле гаражите во апартмански...

Continue reading

влез сала

ЈП „Билјанини извори“ реагира

Post Views: 4 „ЈП Билјанини Извори“ стопанисува и во иднина ќе стопанисува со целиот јавен паркинг простор на територија на Општина Охрид“ стои во реакцијата на ЈП „Билјанини извори“. „За жал и после стотти пат господата од ВМРО НП никако да сватат и упорно ја манипулираат јавноста, или така од политички причини им одговара, дека јавните паркинзи не се даваат како што тие викаат на приватен сопственик.„ „Почитувани господа од ВМРО НП, многу е лесно сега да се лицитира со опциите со кои би се набавила опремата се со цел модернизација на работата на јавниот паркинг простор, од кога...

Continue reading

parking

Паркинзите, повторно на дневен ред на седницата на совет

Post Views: 2   На дваесет и третата седница на Советот на општина Охрид закажана за овој петок, советниците покрај Предлог Одлуката за давање согласност на Одлуката за започнување на постапка за доделување на Договор  за воспоставување на  јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори, ќе расправаат и за извештаите за остварувањето на буџетот на општината, реализацијата на програмите за туризам, урбанистички планови, локални патишта и улици, јавна чистота, јавно осветлување, водоснабдување, отпадни...

Continue reading

Alberto Tomba

Томба нокаутиран

Post Views: 1 Еден од најдобрите скијачи на сите времиња неодамна побара медицинска помош на поликлиниката во Модена. Некогашниот олимписки исветски шампион се обрати до докторитезошто пред тоа добил силен удар во фацата на паркингот од хотелот во Праџалето, кога со бокс го удрил еден возач, русин по националност.   Некогашниот скијаки ас минал само со полесни повреди, и ќе се научи во секој случај да паркира, но сепак нема да се откаже од намерата да поднесе тужба против дотичниот силеџија.   {loadposition content9}

Continue reading

parking

Нов „паркинг“ во Охрид

Post Views: 3 Просторот во близина на Охридска банка кој сеуште чека да биде уреден од Локалната, охриѓани го користат како нов паркинг. После отстранувањето на времените објекти на повеќе локации низ Охрид, остана дел од површините за кои од Локалната објаснија дека ќе бидат просторно уредени. Еден таков пример е просторот во близина на раскрсницата кај „Охридска банка“, на кој некогаш имаше времен објект, кој беше отстранет. Иако истиот сеуште чека да биде уреден соодветно и како што му прилега на Охрид пред почетокот на туристичката сезона, сепак некои наши сограѓани решиле овој...

Continue reading

Бесплатен паркинг во Охрид за Велигден

Post Views: 0 ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека ден 02. 05. 2021 (недела) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе е бесплатен за сите нејзини корисници. Одлуката е донесена во име на големиот христијански празник Велигден. ЈП Билјанини Извори им посакува на сите граѓани на Охрид, Република Северна Македонија и на сите наши иселеници од православна вероисповед добро здравје, успех во работата и благосостојба.

Continue reading

adora

Промотивна велигденска понуда на „Адора Инжинеринг“

Post Views: 2 По повод најголемиот христијански празник Велигден, Адора Инженеринг на граѓаните им нуди празнична промотивна понуда со купен елитен стан од компанијата да купат и модерен паркинг простор по половина цена.  Целта на оваа промоција, која ќе трае за Велигденските и Првомајските празници е единствениот градежен супербренд во Македонија, купувачите на нов дом за празниците да ги израдува со подарок, попуст за купување на гаража од 50 %. Адора Инженеринг, лидер во високоградбата во Македонија, со рекордна продажба на 87 станови во првото тримесечје од годинава, што е за...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top