Ознака: паркинг

parking

Паркинзите набрзо на тендер

Post Views: 9 Најпрофитабилните паркинзи во градов наскоро на тендер. Истекува рокот на компанијата „Сузуки“, која веќе седум години го собираше медот од наплата за паркинг место како концесионер на најголемите паркиралишта во Охрид. Деновиве се очекува повик за нов концесионер на паркинзите во општинава. Дали тоа ќе го направи Локалната или ЈП „Билјанини извори“, воопшто не е важно бидејќи целта е една, што повеќе пари да се слеат во касата на ЈП, вели градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Но и овој пат паркинзите му бегаат од рака на ЈП „Билјанини извори“.„Јас сметам дека...

Continue reading

parking

Да се градело без исаф

Post Views: 2 Во Охрид изгледа е важно само да се гради. Последниве десет години, инвеститорите и градежните фирми на големо, на локации низ градов, градат објекти без соодветен пристап или без истите да располагаат со градежно земјиште намемнето за паркирање. Проблем на кој неодамна укажа и командирот на противпожарната териотријална единица од Охрид, Спасе Прентоски. Проблем, потенцира Прентоски, кој во голема мерка им ја отежнува работата, кога секунди одлучуваат во нејзиното успешно извршување. Инаку, Прентоски додаде дека според нормативите кои иако застарени, сеуште се на сила,...

Continue reading

parking

Непрофитабилен единствениот градски паркинг за автобуси

Post Views: 3 Единствениот, регистриран градски паркинг простор наменет за автобуси е непрофитабилен. Со паркингот стопанисува ЈП СРЦ „Билјанини извори“ и се наоѓа на улицата Асном, но поголем дел од годината зјае празен без паркирани автобуси. Гордана Јованоска, директор на спортскиот центар вели  немаат економска  исплатливост да плаќаат чувар за простор кој не им носи пари.  Таа даде објаснување за причините на ваквата моментална состојба. Истакнува  дека возачите на автобусите ги користат паркинзите на Булевар Туристичка и на Кеј Маршал Тито, и онаму  каде што не плаќаат пари...

Continue reading

iseceni stebla

Што се крие зад сечата на дрвјата на Партизанска?

Post Views: 2 По сечата на дрвјата во центарот на градот на улиците Димитар Влахов, Кузман  Јосифоски, Булевар Македонски Просветители сега настрадаа и стеблата на Партизанска. За самоволната одлука на службеникот кој дал решение за сечење на 6  стебла на Партизанска се огласија од Локалната самоупрва од каде што најавуваат покренување на дисциплинска постапка на еден од членовите на Комисијата кој самоиницијативно дал налог за сечење на дрвјата, додека останатите тројца биле само за да се поткастрат  дрвјата. Портпаролот на Локалната самоуправа објасни дека според важечкиот урбанистички...

Continue reading

ulica

Сообраќајно решение за ул. „7-ми Ноември“

Post Views: 0 Со изградба на  уште една сообраќајна лента, ќе се зголеми протокот на сообраќај како и нивото на безбедност за сите учесници во сообраќајот, на делот каде оваа улица се спојува со улицата „Марко Нестороски“. Со изградба на  уште една сообраќајна лента, ќе се зголеми протокот на сообраќај како и нивото на безбедност за сите учесници во сообраќајот, на делот каде оваа улица се спојува со улицата „Марко Нестороски“. Жителите пак, кои живеат на овој дел на улицата, се плашат дека тука ќе никне кружен ток. Тие се загрижени и за судбината на просторот пред самата џамија,...

Continue reading

Drvo

Ќе се сечат дрвја и во центарот на Охрид

Post Views: 6 Ќе бидат ли дрворедите по кои се познати неколку улици во центарот на Охрид, жртва на растечките сообраќајни потреби? Од Локалната уверуваат дека со овој зафат, воопшто нема да се намали зеленилото во централното градско јадро.Дрва стари повеќе од 40 години ќе ги снема. Ракводителот на Одделението за комунален развој, Зоран Шикалески вели дека покрај се поголемата потреба од паркинг простор во центарот на Охрид, причина за замената на дрвјата на улиците „Димитар Влахов“, „Партизанска“ и Бул. „Македонски просветители“ е и оштетувањето кое тие го предизвикуваат на патната...

Continue reading

Локалната, за едни мајка за други маќеа

Post Views: 0 Каневче од Ј.П “Билјанини извори” го бара она што градоначалникот писмено му го ветил уште во  месец ноември мината година, а Алчев во име на Ј.П.“Охридски комуналец” се спротиставува дека паркингот не е јавен туку на Ј.П. “Комуналец” . Тој уште додава дека доколку “Билјанини извори” го сакаат паркингот треба да плаќаат месечен надомест од 90 илјади денари.   ЈП за стопанисување со спортски објекти и јавен паркинг простор си го бара ветеното. Иако одамна градоначалникот им врачил решение за стопанисување на Паркингот кај градскиот пазар, сеуште владение за него немаат....

Continue reading

znak soopbrakaen

Паркинг места со изградба на гаражни куќи

Post Views: 1 За првиот ваков објект планската документација е завршена и доставена до министерството за транспорт и врски. Се чека ресорното министрво да објави тендер за изградба на истата. Охрид ќе добие три гаражни куќи. На овој начин локалната планира да го реши проблемот со недостаток на паркинг места во градов. Првата гаражна куќа спред плановите на општината ќе биде во градскиот пазар, втората пред Горна Порта и третата во спортскиот центар Билјанини извори. „За Гаражната куќа во скоп на  градскиот пазар завршена е планската докуметација и е доставена до министерството за...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top