Што се крие зад сечата на дрвјата на Партизанска?

По сечата на дрвјата во центарот на градот на улиците Димитар Влахов, Кузман  Јосифоски, Булевар Македонски Просветители сега настрадаа и стеблата на Партизанска.

 |  Валентина Нелоска  | 
iseceni stebla
исечени стебла

По сечата на дрвјата во центарот на градот на улиците Димитар Влахов, Кузман  Јосифоски, Булевар Македонски Просветители сега настрадаа и стеблата на Партизанска. За самоволната одлука на службеникот кој дал решение за сечење на 6  стебла на Партизанска се огласија од Локалната самоупрва од каде што најавуваат покренување на дисциплинска постапка на еден од членовите на Комисијата кој самоиницијативно дал налог за сечење на дрвјата, додека останатите тројца биле само за да се поткастрат  дрвјата.

Simon IlieskiПортпаролот на Локалната самоуправа објасни дека според важечкиот урбанистички план оваа улица  треба да се прошири за да се обезбеди дополнителен паркинг простор. Сега сечата била грешка, но ова требало да е причина во иднина за секоја сеча да се повикаат медиуимите за да им се објасни дека тоа се прави врз основа на анализа на градот.

Во април лани  беа исечени и дрвјата  на делот од пешачката патека која води  до хотел Парк и тоа повеќегодишни стебла стари и по неколку децении. Тогаш претседателот на Комисијата за проценка на сечење дрвја Раде Вељаноски за ТВМ изјави дека постои уредно решение за направената сеча. Вељаноски објасни дека причинита поради која биле исечени дрвјата е комунално уредување на просторот околу патеката и нејзино проширување.

Ваквото унуштување на дрворедите одава впечаток кај јавноста дека нема фајде од работата на Комисијата за проценка за сечење дрва формирана при Локалната самоуправа. За ваквите состојби зачудува молкот и од зелените, еколошките друштва кои би требало да се загрижени за нееколошкиот однос кон градските бели дробови. Молчат и од министерсвото за заштита на животната средина.

Во толкувањето на настанатата ситуиација изненадува ставот на Локалната самоупрва да не се открие името на членот на Комисијата за сечење на дрва кој е обвинет за случајот, но и членовите на Комисијата.

Но, на медиумите добро им се познати имињата на членовите на Комисијата за проценка на сечење дрва од досегашната нивна работа, а тоа се: Раде Вељаноски, Вера Рауник, Хавза Какељ и Вера Костоска. И додека се докаже кој е виновникот стравуваме дека повторно може да падне уште некое стебло од градските дрвореди. Засега единствено куртулија липите на Димитар Влахов по медиумското обелоденување на намерата и тие да се сечат заради проширување на улицата за обезбедување на дополнителен паркинг простор. Се поголем станува апетитот на газдите на дуќаните нивните сјајни објекти да бидат изложени пред очите на јавноста,  кои за сметка на тоа го жртвуваат зеленилото. Но, тие и не се толку виновни колку што се нивните сојузници кои се задолжени да го штитата, а не да ги „касапат„ дрворедите. Дополнително загрижува и фактот  што наместо да се реши проблемот со паркинг просторот преку изградба на катна гаража службите и поединци  сечат дрвја за да се прошират улиците. Заборавивме ли сите дека дрвјата се белите дробови на градот, а без нив нема  живот.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top