Ознака: охриѓанец

Охриѓанец фатен со кокаин

Post Views: 3 На 31.03.2020 година во 20.20 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, при извршен преглед врз А.М.(23) од Охрид, пронајдени и одзмени се три наjлонски ќесички со опојна дрога кокаин. Дополнително, по извршен претрес во неговиот дом, пронајдени и одземени се кокаин и марихуана, подготвени за натамошна продажба. А.М. е приведен и лишен од слобода, а по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Continue reading

36-годишен охриѓанец ги нападнал гостите и вработените во угостителски објект на ул. „Железничка“

Post Views: 6 На 24.10.2021 година во 18.30 часот, во СВР Охрид приведен е Ј.Ѓ.(36) од Охрид кој, претходно, во угостителски објект лоциран на улицата „Железничка” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со непристојно и агресивно однесување кон вработените и гостите во објектот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – велат од СВР Охрид.

Continue reading

СВР Охрид поднесе кривична пријава против охриѓанец кој не ја почитувал мерката „здравствен надзор и домашна изолација“

Post Views: 6 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63 годишен охриѓанец со иницијали А.М. поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Полициските службеници вчера, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се приддржува кон мерките за 14-дневна самоизолација, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид. „ Пријавениот, на 17.03.2020 година, кога со авионски лет од Холандија пристигнал на Меѓународниот...

Continue reading

Пријава за велгоштанец кој нападнал охриѓанец

Post Views: 6 На 22.10.2021 година околу 20 часот на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од С.К. од охридското село Велгошти врз Б.Т.(32) од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Охриѓанец нападнал вработен во стовариште на улицата „15 корпус“

Post Views: 5 На 16.02.2022 година во 14.30 часот во стовариште на деловен објект на улицата „15 корпус” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од В.А.(31) врз вработениот Т.Б.(42), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Охриѓанец направил измама со продажба на возило

Post Views: 1 СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Б.(36) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама”. Тој, во текот на март оваа година, извршил продажба на патничко моторно возило „Фиат Пунто” сопственост на Н.Ц. од Охрид, но не и извршил исплата на парите – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Охриѓанец ја нападнал сопругата на ул. „Кленоец“

Post Views: 0 На 17.10.2021 година околу 23 часот, на улицата „Кленоец” во Охрид, Р.С. од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување кон неговата сопруга. Против него ќе биде соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Пронајдена марихуана кај 24-годишен охриѓанец

Post Views: 4 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишниот К.Н. од Охрид. При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа опојна дрога марихуана – информираат од СВР Охрид

Continue reading

20-годишен охриѓанец поседувал марихуана за продажба

Post Views: 3 На 14-ти октомври 2021 година, во СВР Охрид бил приведен 20-годишниот К.Ч. од Охрид, кај кого, при извршен преглед во охридското село Велгошти, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана, наменета за натамошна продажба. Против него, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Охриѓанец нападнал 40-годишна жена од Охрид

Post Views: 3 На 14-ти октомври 2021 година, околу 21:30 часот, на булеварот „Асном“ во Охрид, Ѓ.М. го нарушил јавниот ред и мир и физички ја нападнал 40-годишната А.У., двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Кривична пријава против охриѓанец за несовесно работење и измама во службата

Post Views: 9 СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(42) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „измама во службата“. При вонредна контрола во Јавната здравствена установа Општа болница – Охрид, извршена од финансиски контролори од Фондот за здравствено осигурување, било констатирано дека А.Н., во својство на секретар во Општа болница – Охрид, со цел за себе да прибави противправна имотна корист, на претпоставениот директор му поднел лажна документација со пресметки на плата и исплатни листи за...

Continue reading

Пронајдена марихуана кај 38-годишен охриѓанец

Post Views: 4 СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К.(38) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес извршен во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top