Ознака: охриѓанец

Охриѓанец фатен со 100 килограми дрога од Албанија

Post Views: 3 На (14.12.2021) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, поточно Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи заедно со САЕ „Тигар“, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Охрид го лишија од слобода З.С.(57) од Охрид, со што успешно е пресечен уште еден меѓународен канал за транспорт на дрога од Р.Албанија во нашата земја во вкупна вредност од околу 300.000 евра. Имено З.С., управувајќи патничко возило „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, се упатил во с.Љубаништа, охридско,...

Continue reading

Пронајдена марихуана кај 28-годишен охриѓанец

Post Views: 3 На 31.01.2022 во 19.55 часот на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ј.Д.(28) од Охрид затоа што кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Пронајдени две ловни пушки кај 35-годишен охриѓанец

Post Views: 1 На 30-ти јануари 2022 година во 05.45 часот, во СВР Охрид, приведен е 35-годишниот К.Б. од Охрид. При контрола на патнички автомобил „Пежо Партнер” со охридски регистарски ознаки, што тој го управувал, извршена кај Ново село, општина Дебрца, полициските службеници пронајдоа две ловни пушки, за кои немал соодветна дозвола за поседување. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена пријава – информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Continue reading

Приведен 21-годишен охриѓанец кој физички нападнал членови на семејството

Post Views: 10 На 29.01.2022 година во 21:50 часот, во СВР Охрид е приведен Ф.П. (21) од Охрид, кој претходно, во семејниот дом физички нападнал членови на семејството. При извршен преглед кај него е пронајден и одземен остар предмет. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Continue reading

Пронајдена марихуана во домот на 28-годишен охриѓанец

Post Views: 1 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.М.(28) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба на 22.01.2021 година, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

18-годишен охриѓанец со остар предмет го нападнал својот татко

Post Views: 2 На 26.01.2022 година во 19:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека Н.Т. (46) од Охрид, по претходна расправија бил нападнат и повреден со остар предмет од неговиот син П.Т. (18). Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

31-годишен охриѓанец нападнал полициски службеници на Туристичка

Post Views: 4 На 06.12.2021 година во 00.15 часот во СВР Охрид приведен е Ј.А.(31) од Охрид, кој претходно агресивно се однесувал кон полициските службеници кои, на булеварот „Туристичка” во Охрид преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Охриѓанец нападнал полициски службеници

Post Views: 6 На 23.08.2021 година околу 23 часот во СВР Охрид приведен е З.Ч.(58) од Охрид, кој претходно на улицата „Ирeна Мирка Гинова” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициските службеници. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Охриѓанец шетал куче Кане Корсо без заштитна маска

Post Views: 3 На 04.01.2021 година во 12.30 часот на улица „Свети Климент Охридски” во Охрид, полициски службеници го затекнале Б.Ч.(43) од Охрид како, без заштитна маска води куче домашен миленик од расата „Кане Корсо”. Во согласност со членот 29 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, на Б.Ч. му е изречена парична казна – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Охриѓанец заработи кривична пријава за ширење на расистички и ксенофобичен материјал на Фејсбук

Post Views: 2 СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.П.(63) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”. Тој, на 30.10.2021 година, за време пред изборниот процес, на објавен текст на електронски медиум, од својот Фејсбук профил напишал коментар со недолична содржина со што, поттикнал омраза насочена кон одредена група.

Continue reading

21-годишен охриѓанец и четворица малолетници вршеле тешки кражби низ Охрид

Post Views: 1 Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнен дела „тешка кражба”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Д.(21) и уште четири малолетни лица на возраст од 15 години, сите од Охрид. Пријавените, тешките кражби ги извршиле од 21.06.2021 до 17.11.2021 година на разни локации во Охрид, кога во згодни прилики одзеле 14 велосипеди, дел оставени необезбедени, а дел одземени откако со подесен алат ги отстранувале безбедносните бројчаници и сајли. На тој начин, тие се здобиле со противправна имот корист во вкупна вредност од 206.018 денари – информираат...

Continue reading

Охриѓанец се однесувал агресивно во зграда на улицата „Крум Точков“

Post Views: 1 На 21.11.2021 година во 23.20 часот, во заеднички простории во станбен објект на улицата „Крум Точков” во Охрид, В.А.(50) од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување кон станарите. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top