Ознака: охриѓанец

Пиштол пронајден кај охриѓанец

Post Views: 11 На 15.03.2022 во 12.25 часот на улицата „Партизански одреди” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.А.(36) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол марка „Бровинг” калибар 7.65 милиметри и 40 куршуми. За настанот е запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Т.А. ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Continue reading

Охриѓанец нападнал полицаец

Post Views: 0 СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.И.(24) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста”. Тој на 25.02.2022 година, пред објект на булеварот „Македонски просветители” во Охрид, се однесувал агресивно кон полициски службеник кој преземал службени дејствија – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Охриѓанец нападнал вработен во казино, а потоа и полициски службеници

Post Views: 4 На 10.02.2022 година во 01:10 часот во близина на казино лоцирано на улицата „Абас Емин” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Д.А. (29) од Охрид. Тој го нарушил јавниот ред и мир со вербална расправија кон вработен задолжен за обезбедување на објектот, а потоа и со агресивно однесување кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодетна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Continue reading

36-годишен охриѓанец фатен со метадон во Струга

Post Views: 10 На 22.12.2021 година во ОВР Струга приведен е С.Ѓ.(36) од Охрид. При контрола во неговиот автомобил „Пежо” што го управувал на улицата „ЈНА” во Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа метадон. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

полициска лента

30-годишен охриѓанец загина во сообраќајна несреќа кај Подмолје

Post Views: 1 На 21.02.2022 година во 00:35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките моторни возила со охридски регистарски ознаки: „Ауди” управувано од М.Л. (24) од селото Белчишта, општина Дебрца и „Фолксваген Поло”, управувано од Х.К. (30) од Охрид. На местото на несреќата починал возачот Х.К., а екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт додека, М.Л.-возач на возилото „Ауди” се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо”. Врз телото на починатиот...

Continue reading

Охриѓанец се однесувал агресивно кон полицајци во близина на казино на ул. „Абас Емин“

Post Views: 5 На 10.02.2022 во 00:10 часот во СВР Охрид приведен е А.Н. (42) од Охрид кој претходно, во близина на казино лоцирано на улицата „Абас Емин” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Кривична за охриѓанец поради нелегално поседување на ловна пушка и куршуми

Post Views: 2 СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.А.(39) од Oхрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”. При извршен претрес во неговиот дом во охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа ловна пушка марка „Црвена Застава”, калибар 12 милиметри и 11 куршуми, што нелегално ги поседувал – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Охриѓанец нападнал велгоштанец на ул. Кузман Јосифоски Питу во Охрид

Post Views: 0 На 18.02.2022 година околу 11 часот, на улицата „Кузман Јосифоски Питу” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.С.38) од Охрид врз В.Ѓ.(37), од Велгошти. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Охриѓанец со дрвен предмет нападнал жител на Горно Лакочереј

Post Views: 9 На 18.12.2021 година во 19:15 часот во СВР Охрид приведен е Ј.А. (31) од Охрид. Тој претходно на пресекот на улиците „7 ноември” и „Питу Гули” во Охрид го нарушил јавниот ред и мир и со дрвен предмет физички го нападнал И.Н. (59) од охридското село Горно Лакочереј – информираат од СВР Охрид. СВР Охрид против напаѓачот, врз основа на членот 386 од Кривичниот законик, ќе поднесе кривична пријава.

Continue reading

Охриѓанец извршил кражба во селото Оровник

Post Views: 10 На 18.12.2021 околу 20:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.Ѓ. (36) од Охрид. Тој бил затекнат при извршување кражба во објект на вулканизерска работилница во селото Оровник, општина Дебрца. Одземените предмети се вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

36-годишен охриѓанец физички нападнал сограѓанин во локал на улицата „15 Корпус“

Post Views: 0 На 17.12.2021 година во 17.55 часот во угостителски објект лоциран на улицата „15 корпус” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Ј.Ѓ.(36) врз Ј.С.(47), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Пронајдени 3260 петарди кај 21-годишен охриѓанец

Post Views: 4 На 16.12.2021 година во 11:10 часот, на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициски службеници го приведоа и лишија од слобода Р.Л. (21) од Охрид. При извршена контрола и преглед на неговото возило „Опел Комбо”, пронајдени и одземени се 85 пакувања со 3.260 парчиња пиротехнички средства – петарди. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top