Ознака: охридски

Кривична пријава заработи скопјанецот заболен од Ковид 19 кој го загрозил здравјето на вработени во охридски кабелски оператор

Post Views: 4 44 годишен скопјанец заработи кривична пријава за загрозување на здравјето на вработените во охридски кабелски оператор. Лицето допатувало во Охрид со цел да се самоизолира во својот стан откако го дознал својот статус на инфициран со корона вирус. Но пред да се стави во самоизолација отишол да си обезбеди приклучок на интернет и телевизија без безбедносна заштита, односно маска и нараквици, информира Стефан Димоски од СВР Охрид. „Кривичната пријава е поднесена во моментот кога е констатирано дека тој излегол од неговиот стан во Охрид и се упатил кај кабелскиот оператор....

Continue reading

НОВИ ТАБЛИ И УЧИЛИШЕН ИНВЕНТАР ВО ОСУ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Post Views: 0 ОСУ „Свети Климент Охридски“ деновиве доби нов училишен инвентар. Во сите училници, старите зелени табли за пишување се заменети со нови училишни бели табли. Исто така набавени се 120 столчиња, 100 училишни клупи и спортска опрема која е наменета за спортските активности во рамки на наставата. Вкупната инвестиција за набавка на училишната опрема изнесува 300.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Continue reading

Во Основното училиште „Св. Климент Охридски“ се подобруваат условите за работа

Post Views: 0 лимент Охридски“ се подобруваат условите за за реализирање и следење настава. Со преадаптација на постоечкиот простор се направија две нови училници, а тоа се јави како потреба поради зголемениот број на ученици во ова училиште. Во оваа учебна година се запишаа 70 првачиња кои се распоредени во три паралелки во централното училиште и една во истурената паралелка во Даљан, а децении наназад ова училиште имаше намален број ученици па најчесто беа сместени во една паралелка. Сега тука ќе бидат сместени учениците од петто одделание бидејќи тие се веќе поголеми па училниците...

Continue reading

Охридски семејства во социјален ризик добиле поудобен дом за живеење

Post Views: 0 На вратата на ЦК секојдневно се појавуваат граѓани во социјален ризик кои бараат најразлични видови на помош , вели секретарот на ООЦК Мимоза Ставрева. Помагаме во различни ситуации со храна, облека, за лекување, со покуќнина, додава таа. Тоа го правиме преку различни програми, собирни акции и донации од општествено одговорни фирми и поединци. Минатата година помогнале на повеќе охридски семејства во социјален ризик и им овоможиле поудобен дом за живеење. „Направивме уредување на купатило, уредување дневна и детска соба или купување на неопходни технички апарати во домаќинството...

Continue reading

Новата генерација пливачи од школата за пливање „Охридски бранови 2008“

Post Views: 1 Уште една генерација пливачки таленти се стекна со диплома за завршен курс по пливање. Во школата за пливање „Охридски бранови 2008“, заврши со летната сезона, во која седумдесеттина дечиња ги направија првите чекори во тајните на пливањето. За тоа колкавав е бројот на таленти кои излегуваат од оваа школа, зборува и податокот дека тројца ќленови од школата учествуваа на традиционалниот 37-ми по ред Илинденски пливачки маратон кој се плива од на патеката Горица – Охрид во должина од 2, 5 км. Ана и Петар Бошалески и Владимир Вељаноски, со своето учество и резултатите од...

Continue reading

Дедо мраз во посета на паралелките со дечиња со посебни потреби од Основното Училиште „Св.Климент Охридски“

Post Views: 0 Дечињата од ОУ. Св. Климент Охридски денес го имаа највеселиот госитин во својата училница. Дедо мраз заедно со претсдтавници на ЈП „Билјанини извори“ ги посети учениците со посебни потреби од ова училиште со полна торба новогодишни подароци. Наташа танеска, директорката на училиштето, кажа дека хуманите луѓе од Охрид, не забораваат на оние кои со нетрпение ги очекуваат новогодишните и божиќните поразници. „Во ОУ „Св. Климент Охридски“ како секоја година, така и оваа претставници од бизнис секторот од нашиов град, како и приватни лица кои сакаат да останат анонимни,...

Continue reading

ОХРИДСКАТА БИБЛИОТЕКА СО СВЕЧЕНОСТ ВО ЧЕСТ НА ПАТРОНОТ НА ОХРИД – СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Post Views: 1 Охридската библиотека со низа настани ќе го одбележи празникот посветен на заштитникот на Охрид, Св. Климент Охридски. -Пригодна реч за Св. Климент Охридски: проф. Татјана Дурнева -Фото презентација: „Св. Климент Охридски и Охрид“-Изложба на книги посветени на словенската писменост: „Од Светите браќа Кирил и Методиј до Св. Климент и Св. Наум Охридски“. -Промоција на трилогијата за Охрид ( книги со фотографии од градот од минатото до денес ) со осврт на последната: „Охрид, враќање во минатото“ од Академик Миле Миќуновиќ. -Прогласување на писателот Коста Фортомар од Охрид...

Continue reading

Највисокото општинско признание „Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ за 2019 година, постхумно му се доделува нa Проф. д-р Јован Стојаноски

Post Views: 1 Највисокото општинско признание „Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ за 2019 година, постхумно му се доделува на прерано починатиот градоначалник Проф. д-р Јован Стојаноски. Решението за доделувањето на наградата, за која имаше пет апликации, го донесе градоначалникот Константин Георгиески на предлог на Стручната комисија за доделување на општински награди и признанија. Во образложението, покрај другото стои дека со постхумното доделување на највисокото општинско признание, наградата „Патронот на градот- Св. Климент Охридски “, на прерано починатиот градоначалник...

Continue reading

Ј.П.„Охридски Комуналец„ постави информативни табли за забрането фрлање отпад

Post Views: 2 Ј.П.„Охридски Комуналец„ постави информативни табли за забрането фрлање отпад на локации каде во изминатиов период е евидентирано недозволено одлагање и фрлање отпад од секаков вид (градежен шут, кабаст отпад, зелен отпад и друг комунален отпад). Со цел развивање на еколошката култура и поголема совест на граѓаните поставени се 60 информативни табли на локации црни точки кои во многу наврати се темелно расчистени, но набрзо сликата од расфрлан отпад се повторуваше. Ги потсетуваме граѓаните дека заради обезбедување на јавна чистота и заштита на животната средина и природата...

Continue reading

Портретите на Свети Климент Охридски во ликовната уметност на Македонија и на соседните земји

Post Views: 4 Во рамките на одбележувањето на 1100-годишнината од упокојувањето на светителот, просветителот Свети Климент, првиот словенски архиепископ на територијата на Македонија, учител и книжевник и основач на славната Охридска книжевна школа“, денес во црквата Св. Софија, отворена изложбата „Портретите на Свети Климент Охридски во ликовната уметност на Македонија и на соседните земји“. Пртеседателот на МАНУ, Академик Таки Фити истакна дека станува збор за компилација на репродукции од фрески со ликот на Св. Климент, во која е собрана сета љубов и посветеност на нејзиниот автор...

Continue reading

Набрзо сите охридски училишта ќе добијат обезбедувањe

Post Views: 0 После десетина години, повторно обезедување во охридските училишта. Стручни лица – чувари ќе се грижат за беабедноста  на училишниот имот по завршувањето на наставата. Ова ексклузивно го најави заменик градоначалникот на оштина Охрид во емисијата „Прашалник“ на ТВМ Телевизија. „Тој проект е при крај и ќе се реализира, односно веќе се реализира започнува да има обезбедување во училиштата. Ваквите девијантни појави во нашето општество јас сметав дека повеќе ги имаше во минатаото но доказ е дека се уште ги има. Е инцидентот во „Христо Узунов“.  Како решене нормално...

Continue reading

„Охридски комуналец“ и „Нискоградба“ се подновија со механизација вредна 7 милиони денари

Post Views: 0 Oпштина Охрид набави четири нови возила за потребите на јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и „Нискоградба“. Преку грант на Светска банка набавени се едно специјално возило камион со инсталирана надградба кипер, едно специјално товарно возило камион со дупла кабина, една комбинирана машина ровокопач-утоварувач и една машина ровокопач, мини багер хидрауличен на гасеници. Возилата денес официјално беа предадени на јавните претпријатија во присуство на Градоначалникот Константин Георгиески. „Со ова, а и со предходната модернизација на јавните претпријатија која ја...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top