Портретите на Свети Климент Охридски во ликовната уметност на Македонија и на соседните земји

По повод Чествувањето на 1100-годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски, извонредно вредна и исклучително богата изложба на копии на фрески на св. Климент Охридски насловена како „Портретите на Свети Климент Охридски во ликовната уметност на Македонија и на соседните земји“, а селектирана од страна на академик Цветан Грозданов ја исполни црквата Света Софија.

 |   | 

Во рамките на одбележувањето на 1100-годишнината од упокојувањето на светителот, просветителот Свети Климент, првиот словенски архиепископ на територијата на Македонија, учител и книжевник и основач на славната Охридска книжевна школа“, денес во црквата Св. Софија, отворена изложбата „Портретите на Свети Климент Охридски во ликовната уметност на Македонија и на соседните земји“. Пртеседателот на МАНУ, Академик Таки Фити истакна дека станува збор за компилација на репродукции од фрески со ликот на Св. Климент, во која е собрана сета љубов и посветеност на нејзиниот автор академикот Цветан Грозданов.

„Станува збор за една извонредна збирка со портретите на Св. Климент. Оваа збирка е избор на академик Цветан Грозданов, наш познат и афирмиран во европски рамки и пошироко византолог, човек во чијашто научна преокупација доминираат теми врзани со Охридската архиепископија, теми врзани со епохата на Св.Климент, Св. Наум“ објасни Академик Фити.

Во науката се искажани мислења дека св. Климент во овој период на средниот век не бил сликан надвор од охридскиот круг. Меѓутоа, новите откритија покажуваат дека охридскиот патрон се појавува и во Прилеп и во Битолско, како што е тоа случај со неговите фигур во црквата ’Св. Архангел’ во Прилеп. Заедно со Курбиново, овие портрети потврдуваат дека тој се шири перманентно и надвор од потесната Охридска епархија, истакна Академик Цветан Грозданов кој ја направил селекцијата на сите портрети ја и за оваа богата збирка на копии на фрески на св. Климент Охридски на МАНУ се грижи од 1965-66 година од кога таа и датира, период кога Грозданов бил и директор на Музејот на Охрид.

„Во повеќе охридски варошки ансамбли го откривам Св. Климент насликан со светите нектарии, Пантелејмон, Козман, Дамјан, што говори дека тие биле заеднички претставени во Плаошник. Пред се со посветата Пантелејмон. Тоа е многу важно“ потенцира академик Грозданов.

Инаку за изложбата академик Грозданов изработил и двојазичен, каталог, во кој освен репродукциите на 18 изложени копии на фрески на портрети на св. Климент Охридски од 11 до 19 век, откривани на повеќе локации е поместена и карта со цркви во Македонија, Србија, Косово, Албанија, Грција и Бугарија.На отоворањето на изложбата, покрај претсавниците од МАНУ и Македонската Православна Црква учествуваа и претставници и претседатели на единаесет странски академии на науки и уметности.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top