Ознака: охридски

НОВО ОСВЕТЛУВАЊЕ ДОБИ ОУ„СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Post Views: 8 Училишниот двор, пристапот од страна на игралиштето и споменикот на Св. Климент Охридски од денес се со ново осветлување. Дотраените и неекономични светилки се заменети со лед кои што се штедливи, а целокупната инвестиција е финансирана од општина Охрид. Претходно во училиштето беше замената старата и дотраена дограма со нова и енергетско ефикасна, а дополнително беше поставен под од ламинат. Во подрачното училиште во населба Даљан, деновиве беше извршена комплетна реконструкција на подот со поставување на нов ламинат, а во наредниот период се планира и промена на д...

Continue reading

НОВИ ПОДОВИ ВО ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ НА ОУ„СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ДАЛЈАН

Post Views: 1 Во сите 5 училници и наставничката канцеларија во подрачниот училишен објект на ОУ„Свети Климент Охридски“ во населбата Далјан деновиве беше извршена комплетна реконструкција на подовите со нов ламинат. Материјалите за поплочување беа обезбедени од страна на Општина Охрид, преку донација на локална компанија, која се занимава со трговија на градежни материјали. Покрај училишните простории во подрачниот објект, ќе биде извршена промена на подовите и во една училишна просторија во централниот објект на ОУ„Свети Климент Охридски“. Во текот на наредниот период, во ова основно...

Continue reading

НОВА ДОГРАМА ЗА УЧИЛИШНАТА РАБОТИЛНИЦА ВО ОЕМУЦ „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“

Post Views: 0 Деновиве се изведуваат работни активности за промена на дограмата во училишната работилница во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“. Средствата за оваа инвестиција се обезбедени од Министерството за образование и наука во соработка со Општина Охрид, како дел од Проектот за поставување на современа енергетски ефикасна фасада на училишниот објект. Градежни активности за поставуавње на новата фасада се одвиваат интензивно и до сега е извршено фасадирање на една половина од објектот. Претходно, во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ беше извршена промена на покривот, беше поставена нова...

Continue reading

„Охридски Комуналец“ на ниво на своите задачи

Post Views: 1 Охрид го доживува врвот од туристичката сезона-традиционално за Илинден огромен број посетители. Туристи од секаков ранг: пензионери кои уживаат во поволните климатски услови, фамилии кои сакаат да се одморат од напорните секојдневни обврски, млади кои сакаат да се релаксираат, но и млади кои во желбата за забава не ставаат граници и градот кој ни` служи на сите, го претвораат во депонија. Службите на јавното претпријатие се максимално ангажирани 24/7 и се трудат Охрид секое утро да изгледа вака како што му доликува.

Continue reading

Македонија го празнува св.Климент Охридски

Post Views: 0 Македонија во денес го празнува Денот на св. Климент Охридски – 8 Декември, со кој се одбележува делото на првиот оригинален словенски писател и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа. Заедно со Наум Охридски, тој е најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и најверен продолжувач на нивното дело. Ги придружувал дваесетина години во просветителската мисија за одбрана на словенскиот јазик во Велика Моравија. Не се знае кога и каде е точно роден Климент, нема податоци за семејството и потеклото,...

Continue reading

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВНАТРЕШНИ ЅИДОВИ ВО ОСУ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Post Views: 1 Во тек се работни активности за реконструкција на внатрешните ѕидови во ОСУ „Свети Климент Охридски“. Освен санирање и обработка на оштетените ѕидови во дел од училниците и ходниците, се врши и комплетно молерисување на сите училишни простории. За оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени 378.780 денари. Според планираното, во текот на наредниот период планирана е реконструкција на училишните простории и во дел од останатите основни и средни училишта на подрачјето на општината.

Continue reading

ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“ доби енергетски ефикасна фасада

Post Views: 11 Започна реализацијата на проектот за поставување на најсовремена енергетски ефикасна фасада на објектот од ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“. Станува збор за инвестиција на Министерството за образование во соработка со општина Охрид. Во рамки на проектот предвидено е реновирање на училишната работилница.Изминатиов период во оваа образовна институција беше реконструиран кровот, променета е дограмата, а се поставија нови тавани во сите простории. Објектот доби и ново ЛЕД осветлување.Со средства на општина Охрид наредниов период е предвидено да бидат поставени и нови подови во...

Continue reading

Донација од „Кармен Бауцентар“ за охридски училишта

Post Views: 0 Основните училишта “Св. Климент Охридски” – Охрид, “Григор Приличев” – Охрид, и “Св. Наум Охридски” – с.Коњско ќе се подноват со ламинатни подови. Компанијата „Кармен Бауцентар“ донираше квалитетен ламинат за 10тина училиници и други простории во овие училишта. „Мотив за реализирање на оваа донација ни беше потребата за подобри услови за настава на најмладите. Овој пат ,  во рамките на нашите можности, донираме ламинатен под од брендот “Swiss Krono”. “Кармен Бауцентар” како општествено-одговорна компанија по договор со Општина Охрид и одлуката на 44тата седница на Советот,...

Continue reading

9 мина охридски станоиздавачи од мал обем викендов заработија казни

Post Views: 0 9 мина охридски станоиздавачи од мал обем викендов заработија казни. Тие ја прекршиле забраната за сместување гости во време на пандемија со ковид 19. Контрoлите ги направиле 4 -ца инспектори од охридското одделение на пазарниот инспекторат и при тоа изрекле 2 кривични пријави и 7 прекршочни платни налози за сторен прекршок. Само охридските инспектори овој викенд направиле 203 инспекциски надзори и утврдиле непочитување на владината одлука и Законот за заштита на населението од заразни болести, информира Цветко Ристески, раководител на подрачното одделение при Државниот...

Continue reading

Во Абу Даби изложени уметнички дела на три генерации охридски уметници

Post Views: 2 Деновиве во Абу Даби – Обединети Арабски Емирати започна културната манисфестација наслеовена како „Месец на Македонска Уметност“ во чии рамки беше поставена и ликовна изложба со дела од охридски сликари. На ликовната изложба која по тој повод беше отворена на 28.01.2017 во галеријата Abu Dhabi Art Hub, покрај четворица други ликовни уметници од Македонија, учествуваат како гости со нивни дела и Вангел Наумовски, Рубенс Наумовски и Јана Наумовска. Вангел Наумовски е претставен со 3 масла на платно и 3 акрилици на хартија. Рубенс Наумовски е претставен со 7 масла на платно,...

Continue reading

„Охридски комуналец“ и „Охридски бисер Филеви“ со донација за социјално загрозените семејства

Post Views: 0 Познатиот производител на охридски бисери Михајло Филев и вработените во ЈП „Охридски Комуналец“ обезбедија стотина пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена за помош на социјално загрозени лица и семејства. Во вакви вонредни услови каде сите трпат последици од корона кризата треба уште повеќе да посветиме внимание на најранливите категории сограѓани, порачуваат овие хумани охриѓани. „Брендот Охридски бисер Филеви секогаш помагал па така и во овие услови кога Охрид не е поштеден од кризата која ја предизвика пандемијата на корона вирус.  Апелирам до сите...

Continue reading

JP „Охридски комуналец“ започна со дезинфекција на станбените згради

Post Views: 0 Согласно препораките за превенција од Ковид 19 и оперативните мерки на Кризниот штаб на Општина Охрид, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска започнаа реализација на интензивни активности за дезинфекција на влезовите, ходничните и скалишните простории на станбените згради на подрачјето на Општина Охрид. Во рамки на денешната акција, утрово се изврши дезинфекција на зградите во населбата „Билјанини Извори“. Од Локалната самоуправа најавуваат дека дезинфекција ќе се врши и во останатите станбени комплекси на територијата на општината.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top