Ознака: охридскиот

Утре последна седница на охридскиот совет за оваа календарска година

Post Views: 5 Предлог буџетот на општина Охрид и програмите за работа за следната година ќе се најдат пред градските советници на последната седница за закажана за утре четврток, 26-ти декември со почеток во 11 часот во малата општинска сала. Од мноштвото точки кои ќе се најдат на дневен ред на утрешната седница советниците треба да ја разгледаат и информацијата за изготвениот интегриран катастар на загадувачи на животната средина на Охрид, а ќе треба да се произнесат и по предлог програмите за управување со отпад на општина Охрид и утврдувањето на вредноста на бодот за платите на...

Continue reading

Објавени два нови артефакти за охридскиот војвода Петар Чаулев

Post Views: 0 Објавени фотографија и двоглед, два нови артефкти поврзани со личноста на охридскиот војвода Петар Чаулев. Во спомен куќата на Христо Узунов пред голем број Охриѓани и ученици, почитувачи на делото на Петар Чаулев беа одбележани 95 години од неговата погибија. По тој повод овие два предмети можеше да ги види македонската јавност. Фотографијата ја пронашол Проф.д -р Павле Митерски во селото Враништа во семејството на Јован Циркоски, потомок на војводата Лазар Циркоски, кој бил дел од востаничката чета на Петар Чаулев. Двогледот досега го чувал и бил во сопственост на...

Continue reading

Охридскиот народен театар повторно пред публиката со претставата „Хотел ни на небо, ни на земја“

Post Views: 0 Охридскиот Народен Театар овој пето повторно ја поставува новата претстава „Хотел ни на небо ни на земја”, работена според текст на Ерик Емануел Шмит, а во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Претставата е поставена во петок, 20-ти декември со почеток во 20 часот. Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Ирена Илиевска, Елизабета Стефановска, Стефан Николиќ и Мила Коруновска. Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф е Андреј Ѓоргиевски, композитор на музикта е Марјан Неќак.Дизајн на плакат: Валентин Светозарев,...

Continue reading

Охрид подготвен за триесеттото издание на Охридскиот пливачки маратон

Post Views: 9 Во сабота, 20 август, во водите на Охридско Езеро, по јубилеен 30-ти пат ќе се одржи Охридскиот пливачки маратон, дел од гран при-серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА). Организатор на овој голем спортски настан е Пливачката Федерација на РМ, поддржана од Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт и Капетанијата на пристаништата. На Македонија. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески истакна дека градот Охрид ги мобилизира сите можни институции надлежни за организација на една ваква престижна спортска манифестација. „Очекувам како и претходните години и...

Continue reading

Викендов во Охрид премиера на филмот „Дедо и внук“, на охридскиот режисер Илија Пиперкоски

Post Views: 5 Охридскиот филмски режисер Илија Пиперкоски, кој важи за еден од најуспешните во својата генерација, за 6-ти декември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ја најави премиерата на неговиот најнов филм „Дедо и внук“. Пиперкоски, истовремено, е и сценарист на филмот. Тој, досега има режирано голем број кратки и документарни филмови. Продуцент на филмот е Огнен Антов, директор на фотографија е Романецот Патру Паунеску, сценографијата е на Владимир Зафироски, додека костимограф е Жаклина Крстевска. Филмот започна да се снима во април 2017 година и е единствениот...

Continue reading

ЈП „Градски Пазар“ издава тезги под закуп за продажба на новогодишни украси

Post Views: 5     По повод новогодишните и божиќните празници ЈП „Градски Пазар“ издава тезги под закуп за продажба на новогодишни украси на локација на плоштадот кај стариот чинар. Лицата за изнајмување на тезгите да се пријават најдоцна до утре 29.11.2019 година, во административните простории на ЈП „Градски Пазар“. Дополнителни информации може да добијат во просториите на ЈП „Градски Пазар“ бул „Туристичка“ бб, или на телефонскиоте број, 046/266-600.

Continue reading

Нова премиера на Охридскиот народен театар

Post Views: 4 Хотел ни на небо ни на земја. Нова премиера на Охридскиот народен театар. Преставата која е во режија на Љупчо Ѓоргиески е престава каја е метафизичка неизвесност помеѓу сонот и стварноста, помеѓу комичното и трагичното, во потрага по смислата на постоењето и животот. Текстот е од најпознатиот современ француски писател, Ерик Емануел Шмит и бил инспирација за Ѓоргиески да ја режира драмата. Тој за првапат соработувал со охридската екипа актери и навистина е презадоволен од енергијата и флуидот кој што се создал. За нас режисерите секој нов терен, секоја нова екипа преставува...

Continue reading

Оваа година се навршуваат 62 години од постоењето на Охридскиот Пливачки Маратон

Post Views: 6 Уживајќи статус на најголем спортски меѓународен настан во државата, секоја година Охридскиот Пливачки Маратон ја привлекува пливачката елита од целиот свет. Оваа година по 30-ти пат истиот е дел од листатана маратони на Светската Пливачка Федерација (ФИНА), како еден од најважните маратони со високо реноме. Натпреварувачите пливаат 30 км долга патека, почнувајќи од манастирот Св. Наум се до градското пристаниште. Секоја година Охридскиот маратон привлекува илјадници посетители и уште повеќе навивачи, а целиот настан е следен од меѓународните спортски новинари и ТВ станици.Значењето...

Continue reading

Презентиран Нацрт планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г

Post Views: 4 Денеска охриѓани на Јавна расправа се запознаа со Нацрт-планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г. На јавната расправа  организирана од Министерството за животна средина и просторно планирање беше разгледан и Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина за планот за управување.   „ Денешнава средба е во насока на согледување на состојбите , ресурсите и проблемите во охридскиот регион во целина со што битно ќе допринесеме во дефинирање во целите , мерките , приоритетите и режимот на заштита . 1:181:31 Двата...

Continue reading

Вонредни активности на охридскиот кеј

Post Views: 2 Деновиве во Охрид се спроведуваат вонредни активности за расчистување на градскиот кеј на потегот помеѓу двете пристаништа, каде силниот ветар кој дуваше деновиве натрупа големи количини тиња и тешко разградлив отпад кај пристаништето. Како што информираат од ЈП „Охридски комуналец“, на расчистувањето ќе се работи и во наредните денови бидејќи, според проценките на претпријатието, треба да се подигне повеќе од 50 кубни метри отпад. „На овој потег натрупани се големи количини тиња кои се расчистени со употреба на специјална механизација.“– велат од претпријатието. Експертите...

Continue reading

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА НАЦРТ-ПЛАНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРИРОДНОТО И КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА ОХРИДСКИОТ РЕГИОН 2019-2028

Post Views: 8 Министерството за животна средина и просторно организира Јавна расправа за Нацрт-планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г. Ќе биде разгледан и Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина за планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028г. Јавни расправи ќе се одржат во Клубот на пратеници во Скопје на 11 ноември, со почеток во 12 часот. Во Охрид и Струга настанот ќе се одржи на 12 ноември во НУЦК “Григор Прличев“ со почеток во 12 часот и во салата на Советот на...

Continue reading

Охридскиот Чинар (Platanus orientalis) прогласен за природна реткост

Post Views: 0 Со одлука на Министерството за животна средина потпишана од министерот Насер Нуредини, единечното дрво Чинар (Platanus orientalis) лоциран во Охридската чаршија на плоштадот „Чинар“, инаку дел од долгата историја на Градот, но и препознатлив дел од неговата туристичка понуда е прогласено за природна реткост. Називот на природната реткост е „Чинар – Охрид“. Решението доаѓа по претходно изработениот елаборат за валоризација, санација и ревитализација на чинарот  на плоштадот „Чинар“ од страна на Општина Охрид и Одлуката на Советот на општина Охрид за потребата од прогласување...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top