Ознака: охридскиот

Комисијата за заштита на Охридскиот регион почна со работа во нов состав

Post Views: 1 Комисијата за заштита на Охридскиот регион почна со работа во нов состав. Неодамна од комисијата беа отповикани и беа назначени нови членови. Во новиот состав на комисијата е назначен архитектот, м-р Горан Патчев. Даниела Неделковиќ, директор на НУ Завод за заштита на спомениците и музеј, информира за околностите кои дошле до измена на составот на Комисијата. „По самоиницијативното поднесено барање за престанок на работен однос од страна на архитект Елеонора Новакоска и немањето кворум за работа во Комисијата на Унеско како нов член од НУ Завод за заштита на спомениците...

Continue reading

Охридскиот кардиохирург Марјан Шокаровски дел од првата трансплантација на срце во македонското здравство

Post Views: 8 Историски успех на македонското здравство. После 6-часовна операција, рано утринава на државната Клиника за кардиохирургија на 54-годишен пациент успешно му било трансплантирано срце. Станува збор за првата кадаверична трансплантација на срце во нашата земја, односно трансплантација од починат донор.  Дел од мешаниот тим на хирурзи од јавното и приватното здравство кој успешно го спроведе овој зафат прв од тој вид во Македонија е и кардиохирургот д-р Марјан Шокаровски од Охрид. Д-р Шокаровски за ТВМ вели : „Кога се губи живот, најблагородна работа која може да се направи...

Continue reading

Отворена ретроспективната изложба на делата на охридскиот сликар Вангел Наумовски

Post Views: 1 На изложбата се изложени речиси стотина дела од сите творечки фази на Вангел Наумовски. Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски се поврзани повеќе епитети – тој кај нас и во светот е секогаш претставуван како уникатен пример на сликар на чудесниот свет на длабочините на езерото и комплексноста на космосот, на задоволството, жената и љубовта… Неговите поетски слики со виртуозен потег го доловуваат светот на границата помеѓу сонот и јавето, меѓу земјата и космосот, царствата на растенијата и цвеќето, убавините на охридските нимфи. Волшебните светови...

Continue reading

Точков: Предлогот на охридскиот кризен штаб е издржан

Post Views: 0 Охриѓани револтирани од изјавата на  епидемиологот од Институтот за јавно здравје, Жарко Караџовски кој кажа дека барањето на Општина Охрид да се забрани влез и излез за жители од други градови не е коректно, хумано, ниту епидемиолошки издржано. Предлогот од охридскиот кризен штаб за забрана за влез и излез во градот е доставен до Централниот кризен штаб во Владата и  се очекува надлежните органи да се изјаснат. Предлогот е издржан  и базиран на аргументи вели Сашо Точков, директор на ЦЈЗ и член на кризниот штаб. „Сме хумани и сме солидарни , пред се за охриѓани, за...

Continue reading

Охридскиот кризен штаб бара забрана за влез на жители од други градови во Охрид

Post Views: 2 Воведување на забрана за влез на жители од други општини во Охрид и да се зголеми контролата на жителите од Охрид при влез и излез од градот. Ова е барање од Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, упатено до Кризниот штаб на Владата. Охридскиот кризен штаб бара да се разгледа можноста за ваква мерка која сметаат дека е неопходна непосредно пред Велигденските празници, со цел да се намали, односно да се оневозможи посетата на градот за туристички, верски и рекреативни цели. „Барањето се заснова и на фактот што во Охрид и...

Continue reading

13 лица дневно е бројот на земени брисеви за тестирање на корона вирус во охридскиот ЦЈЗ

Post Views: 1 На 10 до 13 граѓани од Охрид и Струга дневно им се земаат брисеви за тестирање од корона вирусот во центарот за јавно здравје. Брисевите се земаат од екипи максимално заштитени и во посебна просторија од понеделник до сабота, информираат од охридскиот центар за јавно здравје. Матичните лекари креираат упати преку опцијата Мој термин по направените анкети со пациентите според препораките на ресорното министерство, информира Сашо Точков, директорот на Центарот за јавно здравје.. „Пациентите кои што доаѓаат се по препорака од матичните лекари и се 10- 12 пациенти. Повеќе...

Continue reading

Во охридскиот центар за јавно здравје земени материјали за скрининг тестови на 5 лица

Post Views: 0 Центарот за јавно здравје утрово започна со скрининг тестови кај пет лица за Ковид 19. Брисевите се земаат од грло и нос од страна на стручни лица од центарот соодветно опремени за оваа постапка, вели Сашо Точков, директор на ЦЈЗ. „На пациентите кои претходно преку матичниот лекар добиле термин за да се изврши таа услуга доѓаат во центарот. Сите пациенти кои сметаат дека треба да се тестираат имаат симптоми или имале ризичен контакт треба да се јават кај матичниот лекар по телефон за да ги остават потребните податоци и да ја спроведат анкетата. Матичните лекари врз основа...

Continue reading

Охридскиот театар, овој петок на сцената ви ја донесува „Благородник“

Post Views: 9 НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид во соработка со Народен театар Охрид, на репертоарот повторно ја поставуваат претставата “Благородник” работена според делото на Молиер, а во режија Дејана Николовска. Претставата ќе се одржи во ПЕТОК 28.10.2016 година, со почеток 20.00 часот, а цена на Влезницата е 150 денари, мала сала, карти во продажба на билетарата на Центарот за култура. Играат: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Христина Цветаноска, Филип Кипровски, Елизабета Стефановска, Јасмина Билаловиќ, Сашо Ристовски, Павел Маслов, Ивица Цонев, Лазар Милошески,...

Continue reading

Одбележани 76 години од смртта на охридскиот револуционер од НОБ Андон Дуков и изведувањето на Фебруарскиот поход

Post Views: 3 ОО на Сојуз на борци од Охрид и Дебрца , претставници од ЛС , почитувачи на борците за слободна на Македонија од НОБ им одадоа почит на револуционерот Андон Дуков и изведувањето на Фебруарскиот поход во 1944 година. Се одбележаа 76 години од двата настани , од смрта на Андон Дуков и изведувањето на Февруарскиот поход. „Борбата зеде бројни жртви пред кој ние се поклонуваме и чие дело го славиме. На овој ден им оддаваме почит за нивната пожртвуваност, храброст, борбеност, истрајност и визија. Без почит кон минатото нема просперитетна сегашност ни подобра иднина. Денес...

Continue reading

Министерството за култура одобри средства за реализација на три проекти за Охридскиот народен театар за годинава

Post Views: 1 „Сопружници“ ,„ Балкански шпион“ и „Изгубени Германци“ се трите театарски проекти за кои Министерството за култура одобрило финансиски средства на Охридскиот театар за оваа година. Станува збор за две комедии „Сопружници“, адаптирана драма од Вуди Ален, во режија на Драгана Танеска ,  „Балкански шпион“ од Душан Ковачевиќ во режија на Љупчо Георгиески и политичката драма „Изгубени Германци“ од Дејан Дукоски во режија на Сашо Миленкоски. Аплициравме со 7 проекти , но ни се одобрени овие три, напоменува Горан Симоноски директор на НУ Центар за култура „Григор Прличев“. „...

Continue reading

Владата го донесе Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион

Post Views: 2 Владата на Северна Македонија останува силно посветена на зачувување на исклучителните универзални вредности на Охридскиот регион, и статусот на УНЕСКО Светско наследство, кој го одликува регионот веќе 40 години. На четвртата редовна седница донесен е Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029 г.), со акционен план, со кој се обезбедува имплементација на сите препораки на УНЕСКО. Во Планот се прецизираат забранетите активности во соодветните заштитни зони и се утврдија идните специфични планови и истражувања што се...

Continue reading

Охридскиот бербер Шогун бесплатно потстрижува сограѓани од ранливата категорија

Post Views: 1 Беберот Неат Алим е единствениот во охридско кој во својата берберска работилница бесплатно потстрижува сограѓани од ранливата категорија. Алим,  познат на охридската чаршија како Шогун , заедно со својот практикант Емин секој ден недела одвојуваат време за да потстрижуваат луѓето кои не можат да си го дозволат тоа. „Одлучивме еднаш во ден недела , секоја недела од 10 до 13 часот да одвоиме време за ранливата категорија граѓани кои не се во можност да го платат шишањето. Сакавме да им излеземе во пресрет и да ги потстрижиме бесплатно“, кажува Шогун. Шогун за само еден...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top