Точков: Предлогот на охридскиот кризен штаб е издржан

Предлогот од охридскиот кризен штаб за забрана за влез и излез во градот е доставен до Централниот кризен штаб во Владата и  се очекува надлежните органи да се изјаснат. Во меѓувреме  изјавата на епидемиологот од Институтот за јавно здравје, Жарко Караџовски кој кажа дека барањето на Општина Охрид не е коректно, хумано, ниту епидемиолошки издржано ги револтира охриѓани.

 |   | 

Охриѓани револтирани од изјавата на  епидемиологот од Институтот за јавно здравје, Жарко Караџовски кој кажа дека барањето на Општина Охрид да се забрани влез и излез за жители од други градови не е коректно, хумано, ниту епидемиолошки издржано. Предлогот од охридскиот кризен штаб за забрана за влез и излез во градот е доставен до Централниот кризен штаб во Владата и  се очекува надлежните органи да се изјаснат. Предлогот е издржан  и базиран на аргументи вели Сашо Точков, директор на ЦЈЗ и член на кризниот штаб.

„Сме хумани и сме солидарни , пред се за охриѓани, за тука да не се шири вирусот и за целиот регион . Не случајно владата уште во март донесе одлука да ги затвори границите , не сметам дека таа одлука е нехумана, напротив сметам дека е хумана и дека е во интерес на заштита на граѓаните на Македонија.  Странци не можат да влезат во државава како и ние што бараме во овој момент во Охрид да не доаѓаат граѓани од надвор. Не дека не ги сакаме туку сега во овие моменти секој треба да си остане дома. Уште еднаш апелирам до сите оние кои што планираат да дојдат во Охрид од другите градови да се воздржат од тоа во овој период затоа што и самата препорака на комисијата за заразни болести  и на ресорното министерство е останете дома. Сите ние имаме една дома и секој треба да остане дома за и во Охрид и во целата држава да не се шири вирусот.– изјави Сашо Точков.

Покрај Охрид и други градови побараа забрана и контрола на влез и излез.  Која е целта од воведување повеќедневен полициски час за Велигден за спречување на ширење на вирусот ако граѓаните ги расчадат скарите во друштво со пријателите во своите викендички. Тоа не се однесува само на посетители од други градови туку и на самите охриѓани.

„ Сигурен сум дека охриѓани нема да злоупотребат , нема да ги користат оние викендички, мали локални цркви вон градот каде контролата можеби е помала од полицијата но никој не треба да ги контролира затоа што најголемата контрола е во нашиот разум .“ – вели Точков.

Единствената заштита , единствената вакцина во овој момент,  е да се остане дома , да се сведат на минимум , да се исклучат сите контакти надвор од домот.  Охрид во моментов е дисциплиниран и е на добар пат и треба да остане така, да се зачува здравјето за да празнуваме и да пречекуваме туристи во иднина, дециден е Точков.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top