Оваа година се навршуваат 62 години од постоењето на Охридскиот Пливачки Маратон

Оваа година се навршуваат 62 години од постоењето на Охридскиот Пливачки Маратон, закажан за 20 август 2016 година.

 |   | 

Уживајќи статус на најголем спортски меѓународен настан во државата, секоја година Охридскиот Пливачки Маратон ја привлекува пливачката елита од целиот свет. Оваа година по 30-ти пат истиот е дел од листатана маратони на Светската Пливачка Федерација (ФИНА), како еден од најважните маратони со високо реноме.

Натпреварувачите пливаат 30 км долга патека, почнувајќи од манастирот Св. Наум се до градското пристаниште. Секоја година Охридскиот маратон привлекува илјадници посетители и уште повеќе навивачи, а целиот настан е следен од меѓународните спортски новинари и
ТВ станици.Значењето на маратонот секако го потврдува и фактот што традиционално, како и секоја година така и оваа генерален покровител на Охридскиот маратон ќе биде Претседателот на Република Македонија Господинот Ѓорѓе Иванов.

Организатор на овој голем спортски настан сеПливачката федерација на Македонија Министерство за внатреши работи – СВР Охрид, Погранична езерска полиција.Г-дин Никола Бакрачески, Градоначалник на ОхридСовет на Општина ОхридМинистерство за транспорт и врски,Капетанија на пристаништа на Македонија – ОхридСојуз на спортови Охрид, во соработка со Кајак кану клуб Стрмец – Охрид и Едриличарски клуб Стрмец – Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top