Објавени два нови артефакти за охридскиот војвода Петар Чаулев

За прв пат обелоденета е досега необјавена фотографија од семејството на војводата Лазар Циркоски и двоглед кој го чува Владо Георгиески, потомок на семејството Чаулев. Денес, се одбележуваат 95 години од смртта на Петар Чаулев, еден од тројцата големи охридски војводи заедно со Христо Узунов и Методи Патчев.

 |  Валентина Неловска  | 

Објавени фотографија и двоглед, два нови артефкти поврзани со личноста на охридскиот војвода Петар Чаулев. Во спомен куќата на Христо Узунов пред голем број Охриѓани и ученици, почитувачи на делото на Петар Чаулев беа одбележани 95 години од неговата погибија. По тој повод овие два предмети можеше да ги види македонската јавност. Фотографијата ја пронашол Проф.д -р Павле Митерски во селото Враништа во семејството на Јован Циркоски, потомок на војводата Лазар Циркоски, кој бил дел од востаничката чета на Петар Чаулев. Двогледот досега го чувал и бил во сопственост на Владо Георгиески, потомок на семејството Чаулеви. Историски час за револуционерното дело на војводата Петар Чаулев одржаа историчарите Проф. д-р Павле Митрески и д-р Никола Митровиќ.

Војводата Петар Чаулев е охридски учител и борец за самостојна македонска држава. Задоен со македонската кауза уште како ученик станува член на револуционерната органзиација, а по задушувањето на илинденското востание само војводите Христо Узунов и Петар Чаулев останаа заедно со населението и понатка во Охрид, раскажува за богатиот револуционерен живот проф Митрески.

 „Многу револуционери по Илиндснкото восатание го напуштаат својот терен и пребегнуваат во Бугарија или на други места. Но, овие два великани Чаулев и Узунов останаа со народот и продолжија со револуционерното движење во Охридскиот регион и Битолскиот округ борејќи се за правда“, раскажува меѓу мноштвото историски факти историчарот Митрески.

За факти од животот и револуционерното дело на охридскиот војвода Петар Чаулев се осврна и исторчичаорт д-р  Никола Митровиќ.

„Петар Чаулев бил маркантна личност во револуционерното движење ги поминал најзначајните историски премрежја почнувајќи од Илинденското востание, Младотурската револуција, Првата и Втората Балканска војна, периодот на Првата светска војна, Септемвриското востание во 1912 година па се до неговата смрт во 1924 година“, истакна д-р Митровиќ. 

На 15 мај 1924 година во Виена , Чаулев заедно со Тодор Александров и Александар Протоѓеров ја потпишуваат Мајската декларација за независност на Македонија. Бугарскиот двор и покрај сите напори да го вразуми Петар Чаулев да се откаже од „Мајскиот манифест“ не успеал. Во тешките „преговори“, водени меѓу емисар на бугарскиот двор и Петар Чаулев, во кои се барало од него да го отповика својот потпис, започнала политичката хајка за негово ликвидирање. На крајот од 1924 година во едно студено декемвриско пладне Чаулев, во Милано, Италија, каде што бил принуден да се крие, во братоубиствеатана борба бил убиен од раката на Димитар Стефанов од Кратово.
Петар Чаулев е роден 1880 година во Охрид, во семејстовото на Јаким и Флора кои имале повеќе деца ама им преживал само Петар, синот единец.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top