Ознака: охридскиот

maraton

Сеуште неизвесно одржувањето на Големиот пливачки маратон

Post Views: 0 Од организационот одбор на Охридскиот Пливачки маратонот откриваат дека во моментов оваа реномирана спортска манифестација се соочува со најголеми финансиски проблеми од денот од кога е возобновен маратонот од 1992 год.  Најтрагично во сето оваа е  што годинава техничкиот организатор на маратонот „Охридски бранови“ кој е најстар пливачко ватерполо клуб на бившите Ју простори.  слави редок јубилеј 80 години од неговото постоење.  „Годинава наместо да славиме и да направиме маратон од висок рејтинг и светска класа, се соочуваме со страшни финансиски проблеми. Како организатори...

Continue reading

сала

Нова техника за театарот и кино салата

Post Views: 1 Со нова техника ќе се подновува охридскиот театар. Тоа значи збогум за застарената техника присутна на неговата сцена. Подновувањето е резултат на најавата Министерството за култура да ги осовремени  технички, театарските застарени сцени во земјава. Меѓу македонските театарски куќи се најде и охридската кој веќе една година има статус на народен театар. Застарената опрема од минатиот век со која во моментов располагаат актерите  ќе се замени со  најнова современа техника. Пред една година на барање од Министерството за култура, Центарот за култура направил анализа што...

Continue reading

horski festival

Охридски хорски фестивал по петти пат

Post Views: 0 Иако два месеци не делат од фетсивалот, подготовките во полн ек. Од дирекцијата на фестивалот најавуваат дека мора се да се организира навреме, затоа што ништо несмее да се остави на случајност. И покрај тоа што хорот има многу поддржувачи, сепак светската економска криза тропна и на оваа врата. Директорот на фестивалот открива дека и покрај финансиските проблеми фестивалот ќе се одржи и тоа најмногу благодарение на тоа што учесниците си го финансираат своето учество. „ Јас мислам дека фестивалот веќе има искрени пријатели и тие кои ни се подржувачи и спонзори не не...

Continue reading

sednica

Каде е демократијата?

Post Views: 25 Најнедемократски чин во Охрид. Вака во кратки црти беше опишана 47 та седница на охридскиот совет, од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Причина,  неподржувањето на двете предлог точки на оваа советничка група.  Едната, која се однесуваше на неспроведување на одлуката за рушење на дивоградба во Трпејца и другата, интерпелацијата на претседателот на Советот Душко Јаковчески. Координаторот Дејан Паноски, потенцира дека немале основ да присуствуват на седницата бидејќи не се разгледуваат критичните прашања кои ги засегаат граѓаните на Охрид. „Ова е врвот на нарушувањето...

Continue reading

гранка

Охридскиот чинар мета на младите вандали

Post Views: 1 Најнова мета на младите вандали, стариот охридски Чинар. Од него скршена огромна гранка. Просторот околу чинарот и онака е место каде најмладите играат, но некои од нив овој пат претерале со играта. Охриѓани зачудени, велат дека многу малку се води сметка за оваа знаменитост. „Не повеќе, многу треба да се води сметка за чинарот. Генерации го чувале години и години и сега некој да го оштети, тоа не е во ред“ велат граѓаните. Некои од очевидците велат дека тоа го сториле учениците кои доаѓаат на екскурзија, но, некои велат дека тоа се локални деца. „Јас сум тука редовно...

Continue reading

Anri Dinan spomenik

Охридскиот Црвен крст го слави роденденот на Динан

Post Views: 2 Со положување на цвеќе пред неговата биста, кон одбележувањето се приклучи и општинската организација на Црвениот крст од Охрид. Инаку мотото на Црвениот крст на Македонија годинава е „Младите се на потег“ па во тој дух како дел од денешните свечености, Охридскиот црвен крст организираше и отворен, Инфо-ден наменет за најмладите, децата од охридските градинки. „Активностите кои што денеска ги спроведовме со најмладите беа токму подготвени за нивно ниво, значи тоа беше интересна приказна тие беа многу љубопитни, поставуваа многу прашања, беа воодушевени од потегот на...

Continue reading

gevrek

Ниту турски, ниту грчки, туку oхридски варен ѓеврек

Post Views: 10 Веројатно сте запознаени со најновите несогласувања помеѓу Грција и Турција околу тоа каде е татковината на ѓеврекот. И додека Грција тврди дека кулурито како што тие го викаат потекнува од византиски период, турците тврдат дека нивниот симит е она вистинското. Оваа навидум бесмислена препирка не заинтересира и нас па надевајќи се дека ќе ни помогнат во оваа дилема, решивме да ги запрашаме нашите граѓани кој ѓеврек нив им е најпознат. Еве што ни одговорија. „За мене само охридскиот, варениот ѓеврек.“„Јас варениот го сакам.“„Па во Охрид сум, ќе речам охридскиот варен...

Continue reading

kiki

Цвеќе и приредба во чест на Христо Узунов

Post Views: 8  На бистата на охридскиот револуционер и илингденец Христо Узунов во знак на сеќавање и почит беше положено свежо цвеќе. Градоначалникот, преставници од Локалната самоуправа и училиштето кое го носи неговото име се поклонаа пред големиот револуционер. Потоа, преставници од градот заминаа да го посетат неговото вечно почивалиште во Цер, каде што Христо Узунов храбро во 1905 година со својата дружина ги положија животите за Македонија. Синоќа пак, основното училиште кое со гордост го носи името на овој револуционер, го одбележа по 35 -ти пат својот патронат. Учениците...

Continue reading

flaer

„Полицајци“ во Охридскиот театар

Post Views: 3 Петта премиера за една година постоење на Охридскиот народен театар. Оваа сабота, со премиерата на претставата „Полицајци“ се заокружува репертоарот на оваа културна установа, која функционира во рамките на Центартот за култура „Григор Прличев“. Раководителот Горан Стојаноски, задоволен од развојот на оваа културна установа. „ Нашата должност е да ја говориме вистината, дури и акот таа не е најприфатлива во одреден моемнт, нашата етичка димензија е важна исто како и нашата естетика. Не може да се ценат уметници кои велат дека им е важна само уметноста. Мора да живееме...

Continue reading

aerodrom Ohrid

Нови чартер линии кон Охрид

Post Views: 5 Дали конечно од листата проблеми поради кои трпи туризмот ќе го прешкртаме недостатокот од директни чартер летови. Се зголемува раздвиженоста на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле. Воведени неколку нови чартер линии преку кои туристите побрзо и поевтино ќе стигнат на одмор во Охрид. Српската авиокомпанија „ЈАТ ервејз“воведе летен возен ред, во чии рамки ќе биде воспоставена и линијата Белград – Охрид – Белград. Од овој месец од скопскиот и од охридскиот аеродром ќе летаат нови нискобуџетни авиокомпании кон Брисел и кон Амстердам. Летово благодарение на...

Continue reading

scena

Охридски ама светски

Post Views: 4 Охриѓани ја поздравија работата на Охридскиот народен театар. На светскиот ден на театарот, проговорија за тоа што за нив значи работата на оваа културна установа. Некои од нив велат дека веќе имаат навика за одење во театар, а оние кои не биле ветуваат дека ќе одат. „ Јас имам лично навика уште од поодамна, па иако немам друштво, на театар не се зборува, знам да си одам сама. На Охридскиот театар му честитам што почна со својата навистина многу квалитетна работа и мислам дека вреди или луѓето од другите градови да одат или тој да оди да ги усреќи љубителите на таа уметност...

Continue reading

Volers i Petreski

Средба Волерс-Петрески

Post Views: 1 Остварена средба помеѓу Американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс и Охридскиот градоначалник Александар Петрески. Градоначалникот на Охрид задоволен од средбата истакна дека на неа биле разменети мислењаОколу процесот на  децентрализацијата за тоа како тој се одвива насекаде низ Македонија, со посебен акцент на Општина Охрид. „Сметам дека беше многу добар разговорот и сигурен сум дека од тоа ќе излезе уште поголема соработка, дирекно и со Амбасадата меѓутоа и со невладините организации како UNDP и USAID, кои постојано не подржуваат како општина и нашите јавни...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top