Ознака: охридскиот

ucenici

Инструмент со кој се развива демократијата во РМ

Post Views: 1 „Охридскиот рамковен договор го верифицира легитимитетот на нашата држава. После него Македонија подобро место за живеење, истакна Азис Положани Амбасадорот на РМ во ОН. Отворајќи ја Конференцијата Претседателот на РМ Ѓорге Иванов истакна дека кога станува збор за придобивките од потпишувањето на Рамковниот, не треба само да го потенцираме тоа што сме го добиле, како мирот и многу други нешта. „ Но,Треба да се потсетуваме и на тоа што сме го изгубиле. Многу родители ги изгубија  своите деца, но и многу деца ги изгубија своите родители. Некои ги изгубија своите домови,...

Continue reading

Ohridsko leto

Прва премира на Oхридскиот театар на фестивалот Охридско лето

Post Views: 1 Охридскиот театар со својата втора премеира, премирно на Охридско лето. „Ова е голем ден за Охридско лето и новоформираниот Охридски театар и голем ден за македонската уметност, затоа што во 50 тите години се случи затворање на театарската куќа во Охрид, што значеше погубен чин и за градот и за македонската за татараската уметност. Кога ќе се отвори театар, се отвота куќа на уметност, волшебства… Тоа му се случи на Охрид со возобнувањето на Охридскиот тетар“, истакна драмскиот селектор на Охридско лето Ѓорѓи Јолески. „ Прв пат во историјата на Охридско Лето по 51 година...

Continue reading

rooms

На охридскиот брег странските гости побројни, а домашните се помалку

Post Views: 4 Туристичките работници на охридското крајбрежје ги сумираат досегашните резултати од летната сезона 2011. Покрај езерскиот брег летуваат се повеќе странски гости, холанѓани, финци, австралијци, како и  гости од соседството, меѓу кои најборјни повторно се туристите од Србија. Според податоците од  книгите кои ги водат во сместувачките капацитети видливо е дека хотелските објекти на  ривиерата се исполнети со околу 90 посто од расположливиот капацитет претежно со странски туристи,  информира раководителот на туристичкиот локален економски развој Гоце Симоноски.  Годинава...

Continue reading

maraton

Охридскиот пливачки маратон за прв пат во недела

Post Views: 2 14ти Август, Недела, ова е датумот за кој е закажана најголемата спортска манифестација во земјава, Охридскиот пливачки маратон. Се чини реномето на оваа манифестација како да не значи ништо кога доаѓа време за негово организирање, бидејќи речиси секоја година организацијата се соочува со проблеми околу финансирањето на маратонот. Оваа година во организацијата се вклучува и Агенцијата за млади и спорт во обид да се организира достојно издание на Охридскиот маратон. И овој пат, главен виновник за несогласувањата помеѓу техничкиот организатор, клубот „Охридски бранови“,...

Continue reading

strajk so glad

Штрајк со глад во потрага по правда

Post Views: 10 Нема крај на тригодишните маки на семејството Спиркоски од Охрид. Откако пред три години им беше одземена куќата поради неподмирен заем, тие се снаоѓаат како знаат и умеат. Јовче Спиркоски е крајно незадоволен од правосудниот систем. Тој вели: „Охридскиот суд три пати проба да ми ја врати куќата, прво ми дадоа една привремена мерка, но кога во Битола истата ми ја поништи судијата Љубомир Бошески, ми дадоа втора времена мерка, која повторно судијата ја поништи. Вака може да оди 100 години.“ Спиркоски се прашува како е можно Охридскиот суд да пресудува во негова корист,...

Continue reading

metamorfozi

Охридскиот театар се преобразува во професионален со „Метаморфози“

Post Views: 0 Охридскиот професионален театар ќе го роди своето првенче. Во петок тој пред охридската публика ќе ја одигра претставата „Метаморфози“ за која  режисерот Андреј Цветановски вели дека е „фина комедија со горчлив вкус.“ Раководителот на Охридскиот театар, Горан Стојаноски со нетрпение ја очекува премиерата. „Она што е многу битно е да се напомене дека животот театарски во Охрид нема да е веќе во хибернација, напротив ќе почнеме со премиерата на 3ти Јуни-„Метаморфози“, потоа оди „Одими-дојдими“ и на крајот од Јуни и средината на Август „Кабаре мистериозо“. Така да репертоарот...

Continue reading

pretstava

Премиерна претстава на Охридскиот театар

Post Views: 0 Професионалниот Охридски театар-најголемо достигнување, вели кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски. Првата официјална престава на Охридскиот театар ќе биде „Метаморфози“ на Андреј Цветановски. Средствата кои ќе бидат собрани од влезниците ќе одат за хуманитарни цели. Охрид доби професионален театар после долго време. Она што на охридскиот културен живот долго време му недостигаше конечно е тука. Театарот летото го започнува во работна атмосфера. Актерите од охридскиот театар ќе ја одиграат својата прва претстава пред Охридската публика со статус...

Continue reading

Еден месец, две премиери

Post Views: 1 За еден месец две театарски премиери. Амбициозен старт на Охридскиот тетар, кој функционира во рамките на Центарот за култура „Григор Прличев“. Директорката на оваа установа, Драгана Боцеска ги најави двете премиери кои во јуни месец, треба да им се случат на Охриѓани. Едната, обработка на класично дело, другата пак тетарска обработка на една доста современа тема. Режисер на претставата „Метаморфози“ е младиот Андреј Цветаноски. Цветаноски информира дека преставата се работи по делото на Овидиј, но како нивна сценска верзија. Сценската драматизација и адаптација е на...

Continue reading

Holangani

Холанѓаните повторно во Охрид

Post Views: 22 Денес на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, слета првиот авион со холандски туристи. Тие беа пречекани на традиционален македонски начин – со погача, македонска музика и благо, што предизвика позитивни првични впечатоци. Некои од гостите слушнале за Охридското Езеро, а се по прв пат во Охрид, но има и такви кои за нашиот град дознале од интернет порталите во Холандија. Вицепремиерот по економија, Антонио Пешески, задоволен од реализацијата на најавените планови на Владата на Р. Макеоднија. За него, доаѓањето на првите холандски туристи, значи почеток на туристичката...

Continue reading

opshtina

Се работи за вистината

Post Views: 1 Од Кабинетот на градоначалникот Александар Петрески, веднаш со реакција. Оттаму велат дека „Не се работи за  неосновано критикување на централната власт  на ВМРО- ДПМНЕ, ниту малодушно кукање пред амбасадорите. Се работи за вистината“. „Презентирањето на реалните состојби  во односите меѓу Локалната самоуправа  и централната власт на чело со ВМРО- ДПМНЕ ,не  е кукање туку кажување на вистината“,  велат од кабинетот на Охридскиот Градоначалник. Потенцираат дека Градоначалникот Александар Петрески го информирал евроамбасадорот Соренсен, за сериозниот и постојан притисок...

Continue reading

krvodaritelska

Далечината не може да ја сопре хуманоста

Post Views: 5 Традиционална крводарителска акција на Црвен крст-Охрид и Здружение на крводарители од месна заедница Даме Груев од Скопје. Малку прошетка, малку дружење, а најмногу од се хуманост. Нивната соработка трае повеќе од 5 успешни години. За хуманоста очигледно нема далечини. Со здружени сили, Охридскиот Црвен крст и Скопското Здружение на крводарители од месната заедница Даме Груев ќе даруваат крв за оние на кои таа им е потребна. Скапоцената црвена течност, доволен мотив за да се поминат стотина километри и да се спасат нечии животи. Ова е традиционална посета на Скопското...

Continue reading

хор

Добриот глас надалеку се слуша-Охридскиот хор оди во Босна

Post Views: 22 Овојпат охридското хорско пеење ќе се слушне дури до Босна и Херцеговина. Охридскиот хор ќе учествува на фестивалот во хорско пеење во Приједор. Охридските хористи за Босна ќе патуваат со финансиска подршка од Локалната самоуправа. Охридскиот хор-последен војник во борбата за зачувување на оваа ретка уметност. Охридското хорско пеење овојпат ќе се презентира во Босна и Херцеговина, а истовремено ќе го претстави и нашиот град. Охридскиот хор активно се подготвува за овој фестивал кој покрај промотивниот, има и натпреварувачки карактер. „На фестивалот Златна вила кој...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top