Премиерна претстава на Охридскиот театар

Професионалниот Охридски театар-најголемо достигнување, вели кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски. Првата официјална престава на Охридскиот театар ќе биде „Метаморфози“ на Андреј Цветановски. Средствата кои ќе бидат собрани од влезниците ќе одат за хуманитарни цели.

 |  Мишел Наумоски  | 
pretstava
претстава

pretstavaПрофесионалниот Охридски театар-најголемо достигнување, вели кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски. Првата официјална престава на Охридскиот театар ќе биде „Метаморфози“ на Андреј Цветановски. Средствата кои ќе бидат собрани од влезниците ќе одат за хуманитарни цели.

Охрид доби професионален театар после долго време. Она што на охридскиот културен живот долго време му недостигаше конечно е тука. Театарот летото го започнува во работна атмосфера. Актерите од охридскиот театар ќе ја одиграат својата прва претстава пред Охридската публика со статус професионалци.

„Верувам повеќето од вас како и јас што се чувствувам возбудено, бидејќи сонот на многу генерации охриѓани овој момент овој театар го чекааме 60 години, 57 години, 6 декади. Охрид како лулка на Европската култура и цивилизација го заслужува тоа. со потегот што се направи сега во почетокот на годината, со одлуката на владата на република македонија и мин. за култура за формирање на охридскиот театар мислам дека сонот на нашите генерации поминати и идните се оствари.“-рече Зоран Велјаноски-Летра

За својата прва официјална претстава малку повеќе проговори раководителот на Охридскиот професионален театар, Горан Стојаноски.

„На втори и трети јуни ќе се одигра претставата „Метаморфози“ во на Андреј Цветановски како премиерно издание на првата професионална претстава на охридскиот театар кој што како што кажа зоран е една битна работа за нашиов град и историја која се создава сега и овде за поколенија и генерации. на втори е претпремиерата , а на трети јуни е премиерата. ви посакувам се најдобро, драго ми е што театарот ќе биде место за сите нас и ве очекувам втори и трети јуни. Така да овие две претстави на втори и трети јуни ќе бидат хуманитарни.“-вели раководителот на охридскиот театар-Горан Стојаноски

Имено театарот денес ги одржа и своите први подготовки за премиерната претстава за кои се доби впечаток дека можат да ја воодушеват и најкритички расположената публика. Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски вели, Охридскиот професионален театар е најголемото достигнување на оваа Влада.

„Многу се израдував кога раководителот ми кажа дека средствата од првите две претстави од првите два дена ќе одат како хуманитарни, како хуманитарна донација сметам дека тоа уште еднаш ја покажува големината на уметниците на луѓето кои што работат овде и покажува дека се спремни да делат и да донираат од она што го сработуваат.  За охрид ова претставува еден нов момент, едно скалило погоре во културното живеење на градот и се надевам дека генерациите што образованието што ќе го добиваат во охридскиот театар ќе можат на еден подобар начин да го развиваат градот. “-вели кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски

pretstava

Директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, не информираше за дел од идните активности не само на Охридскиот театар туку воопшто, во културниот живот во Охрид.

„Привршува и веб страната на центарот за култура „Григор Прличев “и значи нашата нова активност и новото одделение значи, театарот кој што е во рамките на цк григор прличев и понатаму ќе ве известуваме за активностите кои што следуваат. ве потсетувам дека 50 години од балкански фестивал е оваа година и многу што еве оваа година значи успеавме и се изборивме во рамките на цк григор прличев, охрид повторно да се врати со театарот и ја должам благодарноста за разбирањето до министерството за култура и владата.“-додаде Боцеска

Подготовките за премиерната претстава „Метаморфози“ се веќе во тек. После долгото чекање за конечно заживување на културниот живот во Охрид, лично ви препорачуваме да ја погледнете оваа претстава, а со тоа и да придонесете во хуманитарната акција.

 {loadposition content9}

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top