Ознака: охридска

film

Охридска премиера на филмот „Три дена во септември“

Post Views: 4 “ТРИ ДЕНА ВО СЕПТЕМВРИ“, дебитантскиот игран филм на Даријан Пејовски во продукција на Скопје Филм Студио, на 14-ти ноември ќе ја доживее Охридската премиера како филм од официјалната селекција на овогодинешното издание на Фестивалот на Европски Филм Синедејс. Почеток 20.00 часот, влез 100 денари, кино проекции од 14-ти до 20-ти ноември 2015 година. До сега, филмот се прикажа на 39. Филмски Фестивал во Монтреал и 51. Интернационален Филмски Фестивал во Чикаго,  два големи светски фестивали, а најавено е учество на уште неколку фестивали во Европа. „Три дена во...

Continue reading

Се е подготвено за петтата „Охридска софра“

Post Views: 1 По петти пат оваа година, охриѓани и туристите ќе имаат можност да бидат дел од традиционалната туристичка промотивна манифестација „Охридска софра“. Промоцијата на алтернативниот туризам во охридскиот регион, продолжувањето на традицијата која е темел на нашиот рурален развој, креативноста на жителите, производители на вкусното ѓомлезе, сирење и презентацијата на традиционалната храна, се темелот на оваа манифестација која ќе се одржи во сабота втори септември во селото Скребатно. „Оваа манифестација претставува промотивен настан на традиционални рецепти за подготовка...

Continue reading

Затворањето на Охридско лето со театарската претстава „Ничија земја“ ќе се одигра во некогашната охридска касарна

Post Views: 3 Затварањето на Охридско лето со театарската претстава  „Ничија  земја“ ќе се одигра во некогашната охридска касарна Михајло Апостолски. Од неколку локации овој простор е избран  како најавтентичен  за да се одигра завршната претстава на Охридско лето.  Деновиве ќе започне сценското адаптирање на просторот за кој дал согласност и режисерот на претставата Александар Морфов.  Охридската касарна избрана како најавтентична локација за претставата „Ничија земја“. За локацијата согласност дал и Александар Морфов , во моментов најпознатиот европски режисер. Театарската претстава...

Continue reading

Нити една охридска плажа не е прилагодена за телесните инвалиди

Post Views: 3 На охридското крајбржје нема нити една плажа на која може полесно да дојдат лицата со телесен инвалидитит. Десетина години ни локалната самоуправа ни државата не покажаа разбирање да се уреди барем една плажа за потребите на овие лица. Од ОО ЦК Охрид напоменуваат дека од 2005 година се обидуваат кај надлежните да ја поттикнат добрата волја и да се адаптираат плажите на охридскиот брег за лицата со инвалидитет како што е насекаде во светот. „Не може ресорт или поголем хотел да немаат достапно место каде што човек со количка ќе може да влезе и да се искапи со посебна количка...

Continue reading

Одговорност за уништување на охридска пастрмка

Post Views: 32 Повеќе од 22 години со стотици дописи и јавни изјави укажуваме дека охридската пастрмка полека се уништува и може да дојде до нејзино истребување. Наместо да ги разберат нашите укажувања надлежните институции со разни притисоци, уцени и заканувања на секој начин се трудеа да не замолчат. Надлежниот министер не бркаше од јавни расправи за концесии на Охридското Езеро. Барањето на концесионерот за стопански риболов на Охридско Езеро за мораториум на улов на охридска пастрмка од 10 години ја отвори пандорината кутија. Јавно ги запрашуваме надлежните институции и министерства...

Continue reading

Градежен шут заврши на ул. „Охридска Бригада“

Post Views: 0 Времето се стопли, граѓаните реновираат и градат а градежниот шут го одлагаат каде ќе стигнат. Мни депонија со ваков отпад преку ноќ се појави на тротоарската површинаод ул „Охридска Бригада“. Жителите на оваа улица револтирани од несовесното однесување на поединци. Иван Ристески објаснува дека градежниот шут се фрла во доцните вечерни часови или рано наутро кога сите спијат па поради тоа не можат да утврдат кој е сторителот. „Вчера прв пат реагирав на Фејбук бидејќи не знаев како поинаку…не знаев од кого да побарам правна помош каде да се обратам, дали до МВР...

Continue reading

saem

Со „Охридска вечер“ градот ќе се претстави меѓународниот саем во Белград

Post Views: 2 Охридската локална самоуправа ќе учествува на меѓународниот туристички саем во Белград. Градот ќе привлекува туристи од Србија кои се и традиционално најбројните гости на охридската ривиера. Презентацијата на нашиот туристички потенцијал ќе биде со организирање  на „Охридска вечер“ во белградски ресторан Венеција.  Три дена ќе се презентира национална македонска гастрономија, пијалоци и традиционална музика. Градот ќе се претстави и со нови туристички понуди, информира Ѓоко Апостолов од Тлер. „Охрид динамично  се развива во однос на туристичката понуда. Не се  само...

Continue reading

Бакрачески: Денот на рибарите станува препознатлива и уникатна охридска традиција

Post Views: 1   Охрид денес го одбележа Денот на рибарите. На овој ден рибарите традиционално го прават ритуално капење во ладните езерски води, за здравје, среќа и за бериќет. Настанот, Локалната самоуправа на Охрид го организира по повод празникот Свети Јован Крстител. За присутните се служеше вино и топла ракија, но и традиционалната „повеќетонска“ рибна чорба за чие приготвување беа задолжени 10 ученици и 7 наставници од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. „Имаме околу 1 100 литри вода, околу 400 килограми риба, зеленчук, итн …или некаде околу 1500 литри чорба....

Continue reading

pop

Колкаво е богатството на МПЦ?

Post Views: 11 Секогаш кога граѓаните ќе влезат во црковен објект и сакаат да извршат некој религиски обред за коишто им е потребен одреден предмет кој што ја означува симболиката на обредот до него стои ценовник за тој предмет или ценовник за соодветната религиска услуга, за соодветниот религиски ритуал. Токму тие ценовници ги иритираат граѓаните бидејќи канонски не можеш и не смееш да дадеш вредност за религискиот ритуал. Иако, според религиските норми, светите книги, никаде не се фаворизира плаќање за одреден обред, туку напротив се оди по правилото верникот да плати кој колку...

Continue reading

Ристана Божиноска подготви највкусно ѓомлезе на „Охридска софра“

Post Views: 13 Денес по четврти пат во Скребатно се одржа манифестацијата„Охридска софра“. Во атарот на црквата „Св Богородица“ вредните раце на нашит негуватели на традицијата приготвуваа ѓомлезе, комад, питулици и др специјалитети под сач.  Потсетувајќи на дамнешни времиња како нашите предци готвеле под отворено небо и распален оган, учесниците на манифестацијата велат дека ја продолжуваат традицијата, но и идните поколенија ги учат на овој гурмански занает од кој денес може да се заработи и по некој денар. „Желба да се направи нешто традиционално, како и желба да се пренесе традицијата...

Continue reading

Руинирана куќа во старата охридска чаршија опасност за минувачите

Post Views: 0 Над главатa на минувачите во охридската стара чаршија од еден кров на стара и руинирана куќа виси железен предмет. Најверојатно станува збор за дел од рѓосан и искршен олук кој  секој момент може да се откине и падне. Покрај металниот предмет кој букавлно виси во воздухот, во ништо подбра состојба не е и стреата и металната ограда од некогашниот балкон. Во нејзина непосредна близина се наоѓаат продавници, угоситетски објекти, фризерници. Надлежните, пред се инспекторите од општинскиот комунален инспекторат, како да замижале пред проблемот.  Не презеле  мерки со кои ...

Continue reading

Се вработија сите волонтери во охридска болница

Post Views: 0   Статус на вработени доби и последната група на волонтери во ЈЗУ Општа болница Охрид. Денес во просториите на управата на болницата вкупно 22 лица потпишаа решенија. Со тоа се заокружи проектот на Министерството за здравство, вели првиот човек на установата Љубен Арнадов, додавајќи дека со тоа на сите 76 лица кои беа ангажирани во болницата на различни работни места им се реши проблемот со вработувањето. „Денес имаме еден убав ден завршува еден проект со волонтерите, акосе сеќавате беше една група од 76 волонтери кои работеа во болницата, со примања кои стварно по законите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top