Ознака: охридска

Охридска банка од утре со ново работно време во експозитурите Централа и Минимаркет

Post Views: 7 Во време на пандемија кога општото здравје е пред се’, Охридска банка АД Скопје го променува работното време на своите експозитури во Охрид почнувајќи од среда, 8-ми април 2020 година, за да овозможи поголема достапност на своите услуги.Имено, од 8-ми април (среда), 2020 година, експозитурите Централа и Минимаркет привремено ќе работат со работно време од 07:00 часот до 14:00 часот, каде ќе бидат активни сите благајни, за да се услужат сите клиенти кои во моментов имаат потреба од банкарски услуги во Охрид. Со цел овозможување на безбедни услови и придржување до пропишаната...

Continue reading

Постои можност за контролирано изловување охридска пастрмка

Post Views: 7 Министрите за земјоделство на Република Северна Македонија и Република Албанија денеска во Тирана ги разгледаат можностите за контролирано изловување охридска пастрмка од двете страни на границата. Ова прашање, како што истакна министерот Трајан Димковски, се провлекува подолго време, но постои иницијатива за негово решавање. За решавање на проблемот околу излов на охридската пастрмка, покрај од македонска, смета дека треба да има интерес од албанска страна. „Охридското Езеро неодамна доби концесионер, што е многу важно да знаеме кој да контролираме и следиме и да добиеме...

Continue reading

mrezi

Пронајдени и одземени рибарски мрежи и 28 парчиња Охридска белвица

Post Views: 7 На 19-ти овој месец, во близина на населбата Калишта на струшкото крајбрежје, на околу 300 метри од брегот на езерото, биле пронајдени четири несоодветно обележани рибарски мрежи со должина од по 50 метри кои немале соодветен жиг од Државниот инспекторат за земјоделие. Бидејќи овластениот концесионер во тој дел од Охридското езеро не ги поставил рибарските мрежи, констатиран е прекршок од Законот за рибарство и аквакултура од страна на непознати лица. По неколку часа, езерската полициска патрола на 800 метри од брегот на езерото кај Калишта, пронашла уште дванаесет рибарски...

Continue reading

СЕ ОДРЖА „ОХРИДСКА СОФРА“ 2019

Post Views: 0 Во излетничкото место во село Скребатно, викендов се одржа традиционалната манифестација „Охридска софра“ што ја организира општина Охрид. Целта на настанот е збогатување на туристичката понуда преку промција на специјалитети од традиционалната македонска кујна со акцент на ѓомлезето. Од раните утрински часови неколкуте домаќинки кои учествуваа во натпреварувачкиот дел ја започнаа подготовката на ѓомлезето. Тричлената комисија за најдобро го прогласи ѓомлезето на Кристина Богданоска, втората награда ја понесе Лиле Кароска, а трето наградена беше Добринка Џуклеска. Пред...

Continue reading

Охридска комунална „некултура“

Post Views: 11 Службите на на охридското комунално јавно претпријатие секојдневно се соочуваат со проблеми и несоодветно депонирање на комунален отпад, градежен шут, зелен и кабаст отпад. За жал секое утро овие фотографии се реалност која тешко се искоренува од навиките на граѓаните. Градежен шут оставен покрај контејнерите на ул.„Питу Гули“, расфрлани вреќи и картонски кутии на ул.„Сирма Војвода“, јоги, кревети и картонски кутии од набавена електронска опрема на ул.„Јане Сандански“, градежен шут на „Славеј Планина“, оставени вреќи отпад покрај празни контејнери, оштетувања и палење...

Continue reading

ОХРИДСКА ШКОЛА НА ПРАВОТО – 2019

Post Views: 3 Во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид од 9-12 мај 2019 година во организација на Институтот за правно-економски истражувања и едукација IURIDICA PRIMA ќе се оддржи 5-тата Јубилејна Меѓународна научна конференција ОХРИДСКА ШКОЛА НА ПРАВОТО – 2019 насловена:„Злоупотреба на правото и „ненормалното“ право наспроти владеење на правото“. Конференцијата е посветена во чест на животот и делото на големиот правник, оратор и цивилист, Академик Проф. д-р Слободан Перовиќ – основоположник на Копаоничката школа на природното право. Професорот Слободан Перовиќ беше професор на Правниот...

Continue reading

logo

Во четврток, охридска премиера на новиот македонски игран филм „Џган”

Post Views: 15 Новиот македонски игран филм „Џган” ќе почне да се прикажува низ центрите за култура во повеќето градови низ републикава.Филмот ќе има можност да го погледне и охридската публика. „Џган” е дебитантскиот игран филм на режисерот Вардан Тозија. Својата премиера филмот ќе ја има на 30-ти март во Градското Кино Милениум во Скопје, а веќе следниот ден своја филмска премиера ќе доживее и во Охрид. Македонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, ко-продуцент на филмот е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија,...

Continue reading

Пропаѓа непроценливо вредната колекција монети која во моментов ја има Сосиете Женерал Охридска банка

Post Views: 9 Пропаѓа нумизматичката збирка која содржи 1700 монети од античкиот период па се до 17 век, повторно предупредува Даница Бачева ,археолог нумизматичар и автор на поставката. Скоро една деценија колекцијата е оставена без заштита. Археолозите предупредуваат дека колекцијата ќе пропадне ако еднаш во годината монетите не се конзервираат од страна на стручни лица. Тие немаат сознание дали во изминатите години е направена таква заштита. Како што предупредува археологот Даница Бачева, колекцијата од непроценливо движно културно богатство незаконски со зградата на банката е...

Continue reading

„Суши од охридска риба“ направено од рацете на шеф со Мишелин ѕвезда

Post Views: 0 „Охридска пастрмка  огледало на езерото“,  „Јагнешко во боите на есента“ „Суши од охридска риба“ , „ Канео десерт“ и  „Ѓеврек Самоилова тврдина“ се новите јадења кои охридските кувари денес имаа прилика да ги учат од врвните мајстори. Италијанскиот шеф со Мишелин  ѕвезда Џорџо Дијана пред дел од студентите на факултетот за туризам и познати кувари од реномирани угостителски објекти од Охрид покажа како локалната храна да биде презентирана на поатрактивен начин. Во рамките на фестивалот Taste Ohrid 2018  ќе се одржат три мастер класови во кои светски познатите шефови  ...

Continue reading

ЌЕ СЕ РЕВИТАЛИЗИРААТ ИЗЛОЗИТЕ ВО СТАРАТА ОХРИДСКА ЧАРШИЈА

Post Views: 4 Општина Охрид  и Министерството за економија на Р. Македонија наредниов период ќе реализираат проект за уредување на излозите во старата охридска чаршија и враќање на нејзиниот автентичен изглед. При потпишувањето на договорот за соработка, Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека проектот се однесува и на разубавување на чаршијата и привлекување поголем број посетители и гости од земјава и странство   – Ние во  во рамки на Програмата за развој на туризмот за 2018 предвидовме, после скопската, да ја прошириме оваа активност и на останатите чаршии, и тоа...

Continue reading

МАНИФЕСТАЦИЈАТА “ОХРИДСКА СОФРА“ ВО САБОТА ВО СКРЕБАТНО

Post Views: 5 Шестото издание на манифестацијата “Охридска софра“, ќе се одржи во сабота во Скребатно. И овој пат на посетителите ќе им биде презентирана традиционалната охридска храна, вкусното ѓомлезе и други етнолошки вредности, карактеристични за охридскиот крај. Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат, можат да се пријават во Секторот за ТЛЕР во Општина Охрид, најдоцна до 31 август. За граѓаните кои сакаат да учествуваат на манифестацијата, Општина Охрид има обезбедено превоз со автобус, кој тргнува од пред скалестата зграда на бул. Туристича на 1 септември во 9:45 час...

Continue reading

Охридска промоција на „Македонскиот стрип во изданијата на новосадски Дневник“

Post Views: 1 Во охридскиот кафе бар Shilla, утре со почеток во 20:00 часот ќе се одржи охридската промоција на книгата „Македонскиот стрип во изданијата на новосадски Дневник“, од авторите Александар Стеванов, Дарко Богданов и Сашо Гачев. – Самото издание детално и документаристички го обработува творештвото на македонските стрип автори кои во текот на 80тите години на минатиот век работеле на стрип приказни за изданијата на легендарниот стрип издавач „Дневник“ од Нови Сад. Преку студиозна анализа и со лесен и разбирлив стил на пишување, како за стрип љубителите, така и за публиката...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top