Ристана Божиноска подготви највкусно ѓомлезе на „Охридска софра“

Жителите од Скребатно си држат до традицијата. И  годинава тоа го докажаа учесниците на манифестацијата „Охридска софра“. Се приготвуваше  вкусното ѓомлезе, а најдобрите три беа наградени. Гостите беа воодушевени од организацијата на еден ваков настан и од традиционалните јадења подготвени под сач.

 |  Билјана Николовска  | 

Денес по четврти пат во Скребатно се одржа манифестацијата„Охридска софра“. Во атарот на црквата „Св Богородица“ вредните раце на нашит негуватели на традицијата приготвуваа ѓомлезе, комад, питулици и др специјалитети под сач.  Потсетувајќи на дамнешни времиња како нашите предци готвеле под отворено небо и распален оган, учесниците на манифестацијата велат дека ја продолжуваат традицијата, но и идните поколенија ги учат на овој гурмански занает од кој денес може да се заработи и по некој денар.

„Желба да се направи нешто традиционално, како и желба да се пренесе традицијата на помладите генерации. Мајка ми прави, мене ме научи, јас ја учам мојата ќерка“– вели  Аница Базгаловска Мојсоска – натпреварувачка.

„Убава е традицијава, има движење од луѓе се запознаваат се дружат меѓусебе. 00:19+00:37 Јас учествувам по седми пат не очекувам награда не е важно, важно е да учествуваме“– изјави Крсте Џуклески.

„ Во охридско – струшкиот регион ѓомлезето го има секаде на секоја трпеза значи и за родендени, крштевки, матури и слави. Лесно се прави само ако сакаш да го направиш, се подготвува од брашно, вода и треба да имаш простор“ – вели Јорда Тодороска.

Во традиционалните вкусни јадења најмногу уживаа странците, а Охрид има навистина што да им понуди. Некои од нив за прв пат беа присутни. Кажаа дека насекаде ќе ги пренесуваат впечатоците  за она што денес имале можност да го видат но и да го вкусат.  

„Ова е нешто најубаво што сум го искусила во мојот живот, уживам во природата, луѓето се дружељубиви, храната е многу убава и жените кои го подготвуваат ѓомлезето“
„Оваа манифестација е многу убава, дојдени сме со пензионерите и убаво ни е пробавме од ѓомлезето сега сакам секоја година да доаѓам“
„Ние ова го правиме и дома, јас како мајка домаќинка, но во природа е поубаво повесело, убаво е и може нешто да научиме од нив“

Туристичко промотивната манифестација „Охридска софра“ 2016  симболично го одбележува крајот на културните манифестации во летната сезона, истакна првиот човек на  градот, Никола Бакрачески. Тој нагласи дека и годинава како организатори се покажале во добро светло бидејќи од година во година оваа манифестација привлекува се поголем број љубители на македонската традиција, а тоа во суштина е и целта да се поттикне развојот на руралниот туризам.

 „Јас додека ги посетував штандовите односно домаќинките и домаќините кои ја подготвуваа традиционалната македонска храна пред се ѓомлезето, јас поразговарав со нив околу нивната желба да го продолжат овој занает како и за тоа каде тие го пласираат својот производ.Изненаден бев што најголем дел од домаќинките кажаа дека имаат можност да заработуваат од ѓомлезето. Тоа мене ме радува бидејќи тоа е целта на манифестацијата“– изјави за ТВМ Никола Бакрачески –  Градоначалник на Охрид.

Инаку по одлуката на специјалната жири комисија за дегустација на ѓомлезето првата награда ја понесе Ристана Божиноска, втората Билјана Стрезоска и трето наградено ѓомлезе беше на Крсте Џуклески. Свои штандови имаа и учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ кои годинава зготвија вкусни охридски специјалитети, а присутни беа и охридските производители на природен мед. Денешната богата софра беше збогатена со звуците на етно оркестарот ,,Низалка” а гостите заиграа и оро во прекрасниот природен амбиент.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top