Ознака: отпадоци

Струга добива нови корпи за ситни отпадоци

Post Views: 18 ЈП Комунално-Струга почна со поставување на новонабавените метални корпи наменети за одлагање на ситни отпадоци. Новите корпи за отпадоци се поставени на ул Маршал Тито-пред зградата на Оштина Струга се до кружниот тек на раскрсницата со ул Маркс Енгелс. Во наредните неколку дена поставувањето на новите корпи ќе продолжи по шеталиштето на кејот на реката Црн Дрим. Со поставувањето на нови корпи се очекува во голема мера да се придонесе за подобрување на нивото на чистотата во град Струга.

Continue reading

Црн Дрим прекриен со отпадоци

Post Views: 1 Еколозите велат дека состојбата не е за оценување, туку за потценување. Никој нема надлежност за да ја исчисти реката:- службите меѓусебно си ја префрлаат вината. Пластични шишиња, кеси и облека,  се само дел од отпадоците со кои е прекриена реката Црн Дрим. Фактичката состојба со хигиената на реката  излезе на виделина откако овие неколку  дена се спуштени клапните од браната,  на истекот од езерото. Состојбата со реката е загрижувачка, особено на потегот од металната клапна па се до местото викано „Даљан“. На ова реагираат еколозите, кои сериозно се загрижени за моменталната...

Continue reading

vselenski otpad

Русија ќе чисти по надвор

Post Views: 1 Речиси 2 милијарди долари изнесува буџетот за последната руска вселенска програма, чија единствена задача ќе биде да ја зачисти Земјината орбита од метеорити и отпадоци од околу 600 сателити со поминат рок кои гравитираат околу планетава.Руската ракетно – вселенска корпорација најави дека проектот треба да биде завршен од 2020-та до 2023-та а откако сателитот ќе биде готов и лансиран, ќе му бидат потребни 10 години за да ја заврши работата и да ги собере поголемите вселенски отпадоци. Леталото ќе работи на нуклеарен погон а руските астрономи кои предвидуваат дека...

Continue reading

Туристички водичи ги чистат од отпадоци рутите низ Охрид по кои што ги шетаат туристите

Post Views: 2 Туристички водичи го чистеа од отпадоци Стар Град, на потегот Горна порта, Дебој, Антички театар, Св Софија до  пристаништето. Тоа е рутата која е класичен и неизоставен дел од секој разглед на Охрид кој го организираат за туристите. Поразителни се коментарите кои ги добиваме од туристите дека се згрозени од ниското ниво на свест за јавна хигиена во едно рајско место како Охрид, вели Горан Устијаноски, Kапетан на Капетанија на пристаништа и лиценциран туристички водич. Устијаноски кој е иницијатор на акцијата на туристичките водичи додава дека основната цел не им е критика...

Continue reading

sut

Покрај реката Црн Дрим се трупа смет

Post Views: 0 Купишта градежен шут, искршени плочки, цигли, остатоци од стари куќи, хартија, картони,  ѓубре од домаќинствата, може да се види по течението на реката Црн Дрим, посебно на потегот од Мороишки мост спрема Струга. Згора на се, очигледно е дека овој потег долги години е  неуредуван и личи на змијарник обраснат во грмушки и трева која навлегува во коритото на реката. После браната кај црквата Св Петка во Струга, реката Црн Дрим продолжува да тече на диво, иако минува низ населени места, кои исто така би требало да бидат заштитени од потенцијални поплавувања со регулирано...

Continue reading

Разни видови отпадоци завршуваат и во каналот Студенчишта

Post Views: 3 Пловат разни видови отпадоци во долниот дел од каналот Студенчишта. Најчесто се забележуваат пластични отпадоци, чаши и шишиња, хартија и друга амбалажа од храна и пијалоци. Гордана Јованоска, директорка на ЈП Билјанини извори, кое стопанисува со каналот, информира дека редовно ја одржуваат неговата чистота, но сепак се забележуваат вакви несакани појави. За жал во текот на летово честопати од глисерите и корисниците на каналот беа фрлани отпадоци кои што не може да се исчистат во истиот момент  и пловат во водата и не се дава убава слика. Иако, секој ден го одржуваме...

Continue reading

Поставени 100 нови клупи и 90 корпи за отпадоци

Post Views: 6 Поставени се околу 100 нови клупи за седење и околу 90 нови корпи за отпадоци во централното градско подрачје и на неколку јавни локации во Охрид, како дел од активностите за поставување на нова урбана опрема. Поставувањето на опремата се очекува да заврши во текот на  наредните денови, со монтирање на нови клупи за седење во стариот дел на градот. Новата урбана опрема е обезбедена со средства од буџетот на Општина Охрид во вкупен износ од 2.252.000 денари.

Continue reading

spomenik

Негрижа за спомениците

Post Views: 4 Пропаѓа споменикот на револуцијата во Струга. Малку остана од она што значи спомен и почит кон паднатите борци од НОБ. Надлежните ова место го запоставиле и малку водат грижа за да се зачува вредното, велат стружани. Додаваат дека секој ќош во општината има свое значење. „Треба да се води повеќе грижа за историските споменици. Во Струга се е од голема важност и треба тоа да се негува“ Денес тука пред споменикот на револуцијата може да се забележи дека човечката рака само го доуништува она што забот на времето веќе одамна го прави. Искршени скалила, откорнати столови,...

Continue reading

Видиковецот во НП Галичица и понатака преплавен со отпадоци

Post Views: 0 Слики од видиковецот во НП Галичица каде што се гледа дека е преплавен со отпадоци пристигнаа во нашата редакција. Посетителите кои сакале да уживаат во овој летниковец се револтирани од  нечистиот парк и рафрланиот смет. Нашите обиди да дознаеме под чија надлежност е видиковецот и кој треба да го чисти останаа без успех. На повиците не одговараа ни директорот на Комуналец ни ракводителот на секторот за одржување  на паркот од Галичица. За оваа тема не е прв пат да сме пишувале. На 2  февруари оваа година видиковецот бил исто така тема во Днвеник и пишувавме за расфрлани...

Continue reading

smet

Преполни контејнери, отпадоци од сите страни

Post Views: 2 Вaква е Струга последниве денови. Вработените повторно ја бојкотираат работата поради неисплатените плати. Целиот град во последниов период, наместо да е чист зачестена е глетката со преполни контејнери и отподоци на сите страни. Ваква ли Струга ќе ги дочека туристите? се прашуваат граѓаните. Нивна општа проценка е дека во моментов хигиената во градот е на најниско ниво. Достојно ќе ја дочекаме сезоната, туристи ќе дојдат во чист град, така  било отсекогаш ќе биде и во иднина, вели директорот на Коминалното претпрјатие, Ваљон Џила. Најави дека за време на летната сезона,...

Continue reading

gradinka

Детската градинка „Пеперутка“ се гуши во отпадоци и чад

Post Views: 2 Двата контејнери поставени во близина на објектот се потенцијала опасност за предизвикување еколошка катастрофа. По три години реагирање надлежните не го решија проблемот, вели директорката. Комуналните инспектори се правдаат  превземаат мерки но залудно. Двата контенјери ноќна мора за детската установа „Пеперутка“. Вработените веќе три години се справуваат со овој горлив проблем. Двата контејнери кои првично беа поставени пред приватните куќи, полека се дотркалаа  пред објектот на градинката. Сега тие се  поставени веднаш до тротоарот, речиси на среде улица. Истите...

Continue reading

мрша

Охрид нема сточни гробишта

Post Views: 6 Охрид нема сточни гробишта нити санитарна кафилерија. Овој проблем пред извесно време беше актуелизиран со фрлена мрша на пцовисана крава во Чекоштина. Ветеринарниот инспектор, д-р Прокопи Поп Стефанија   укажува дека со угинатите животни и остантите животински  отпадоци мора да се постапува  според Законот за нус појави на производи од животинско потекло.  Локалната самоуправа треба да ја посочи локацијата за сточни гробишта, напоменува д-р Поп Стефанија.  Некогашната јама во Чекоштина, изградена според сите прописи на крајот од педесетите, пред неколку  години била...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top