Видиковецот во НП Галичица и понатака преплавен со отпадоци

Видиковецот во НП Галичица и понатака преплавен со отпадоци.

 |  Валентина Неловска  | 

Слики од видиковецот во НП Галичица каде што се гледа дека е преплавен со отпадоци пристигнаа во нашата редакција. Посетителите кои сакале да уживаат во овој летниковец се револтирани од  нечистиот парк и рафрланиот смет. Нашите обиди да дознаеме под чија надлежност е видиковецот и кој треба да го чисти останаа без успех. На повиците не одговараа ни директорот на Комуналец ни ракводителот на секторот за одржување  на паркот од Галичица.

За оваа тема не е прв пат да сме пишувале. На 2  февруари оваа година видиковецот бил исто така тема во Днвеник и пишувавме за расфрлани отпадоци и  искршени клупи за одмор.ПО пет месеци сликата е непроменета. Во тој период од Комуналец не информираа дека од националниот парк Галичица никој не побарал јавното комунално претпријатие да го исчисти видиковецот. Тоа не било случај ни во 2015 годидна и до нив никој не испратил барање за одржување на хигиената во паркот.  

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top