Ознака: останува

канделабри

Општината не надлежна за осветлување на патниот правец кон Албанија

Post Views: 4 Сите институции се оградуваат од одговорноста за замена на  оштетените  електрични канделабри поставени на магистралниот патен правец што води  од Охридкон Република Албанија. ЈП Македонија пат,  Агенцијата за патишта и Локалната самоуправа тврдат дека тоа не е во нивна надлежност. Од ЕВН побаравме одговор зошто не функционира осветлувањето на овој потег и во чија надлежност е одржувањето на патниот правец.  Портапаролот на ЕВН Ленче Карпузоска одговорноста за осветлувањето на оваа делница ја лоцира кај општина Охрид. Со ова не се согласува градоначалникот  Петрески...

Continue reading

nato samit cikago

Македонија останува на својата определба за членство во НАТО и ЕУ

Post Views: 1 Р Македонија останува на својата определба за членство во НАТО, затоа што на овој начин ќе генерираме стабилност, безбедност и развој во државава, во регионот, како и на светско ниво, вели министерот за одбрана Фатмир Бесими. Тој додава дека  тоа го правиме преку имплементација и реформи во стандардите во одбраната, а во исто време и преку учество на Македонија во меѓународните мировни мисии. Според министерот, по самитот на НАТО во Чикаго, се потврдија позициите дека Р.Македонија ги исполнува критериумите и дава свој придонес за меѓународните мисии на НАТО. „Мислам...

Continue reading

komarec

Комарците доаѓаат

Post Views: 5 Наскоро треба да започне овогодинешното прскање против комарци. Од Локалната самоуправа од Охрид велат дека се подготвени. Симон Илиевски, портпаролот на Општината вели дека како и секоја година и годинава се подготвени за запрашувањето против овие инскети. Бидејќи Охрид е туристички центар кој летово очекува илјадници туристи, не сакаме, комарците да ја расипаат сликата и уживањето во летото во градот. „ Деновиве треба да се распише тендерот за избор на фирма која ќе го врши запрашувањето против комарци. Се работи според тендерската документација за специјализирана...

Continue reading

gragjani prosetka

Што празник беше денес?

Post Views: 3 Пролетери од целиот свет обединете се!!! Вака гласи најпознатиот слоган на Карл Маркс, но не верувам дека  мислел на првомајските скари и прослави, а ако мислел на тоа, богами буквално сме го сфатиле. Но еве не сега, 20 години после осамостојувањето на државава, живееме во еден друг систем, со други вредности. А од прославите се помалку останува. Не толку како Ден на трудот, туку повеќе како Ден за оддишка на обичниот граѓанин, ден за бегство во високите планини и шуми каде не допираат секојдневните проблеми. 1Ви Мај се повеќе го губи и ова значење, и станува урбанизирана...

Continue reading

korita

На санкање и скијање на „Корита“

Post Views: 7 Години наназад Локалната самоуправа и граѓаните на Охрид, бараат патниот правец од Трпејца до Отешево, преку планината Галичица да биде отворен за сообраќај, бидејќи станува збор за висококвалитетно туристичко место и една од ретките уредени излетнички локации за уживање и одмор во зима, велат од Општина  Охрид. Оттаму уште на почетокот на годинава беше најавуван и еден голем проект за изградбата на жичарница од Корита до врвот на Галичица кој требаше на планината Галичица да го донесе и првиот зимски рекреативен центар во Охрид. „Ставот на Локалната и понатаму останува...

Continue reading

zdravstven dom

Ќе има ли пари за градба на нова поликлиника?

Post Views: 13 Останува и понатака  неизвесноста дали ќе се гради  нова поликлиника во Охрид, најавувана како повеќе од потребна за охриѓани. Спорот што во април  годинава се случи помеѓу ЈЗУ Здравствен дом и секторот за урбанизам  околку  издавњето на дозвола за  градба доби разрешница.  Второстепната комисија одговори на жалбата која ја вложи ЈЗУ Здрвствен дом дури по 5 месеци.Со ова решение на Миниетрството за транспорт и врски  се потврдува дека секторот за урбанизам со издаденото негативно решение во април заради некомплетна документација доставена од раководството на оваа установа ...

Continue reading

Бродот амбуланта конечно заплови

Post Views: 3 Секоја секунда е важна кога е во прашање спасување на човечкиот живот. Петгодишните напори на О.О На Црвениот Крст од Охрид конечно вродија со плод, па така за прв пат во водите на Охридското езеро, почна да оперира брод-амбуланта. Сашо Точко, претседателот на О.О. на Црвениот Крст кажа дека ова пловило е прво од ваков вид на Охридското езеро и на останатите водени површини во РМ, кое треба да биде поттик до сите институции да вложуваат понатака во овој сегмент зошто ништо повредно нема од човечкиот живот. Но сепак станува збор за привремено решение на долгорочен проблем. „...

Continue reading

kajcinja na Saraishte

Плажата Сараиште останува блокирана од пловните објекти

Post Views: 4 И покрај известувањето и предупредувањата упатени од страна на Оптинскиот инспекторат од Охрид, до сопствениците на пловните објекти, да ги отстранат своите пловила, овој дел од крајбрежјето неупотреблив за рекреативците. Една од ретките градски плажи во стариот дел на Охрид каде што граѓаните бесплатно можат да уживаат во сонцето и водата, онаа на Сараиште, останува неупотреблива за туристите. Пловните објекти кои речиси преку целата година се оставаат на овој простор и покрај извествувањето од Општинскиот инспекторат за нивно отстранување, сеуште се тука. Три дена...

Continue reading

NU Ohridsko leto

Пребирливост или несоодветни кандидати за директор на Охридско лето

Post Views: 5 Министерството за култура ни по седум месеци никако да избере  директор на Фестивалот „Охридско лето“. Нема резултат ни од вториот конкурс иако во најстрога тајност се чувани имињата на кандидати за  потенцијален директор. Не се остварија и предвидувањата дека најдоцна до Велигден ќе биде познато името на првиот човек на оваа институција. Во јавноста наголемо се шпекулира дека министерката Елизабета Канческа Милеска не е задоволна од пријавените охридски кандидати и бара директор од Скопје. Ставот, пак  на членови од Управниот одбор на дирекцијата „Охридско лето“ е...

Continue reading

plaza

Колачот наречен државно градежно земјиште

Post Views: 7 За  нешто повеќе од два месеци и општина Охрид ќе добие дел од колачот наречен, неизградено градежно земјиште. Сеуште државното градежно земјиште останува најпосакуваниот извор за финансирање на локалните самоуправи.  Речиси никој од градоначалниците, без оглед на тоа на која политичка опција припаѓаат, никогаш не се откажаа од барањата за целосно владеење и управување со него. Ако градоначалникот на соседна Струга, Рамиз Мерко вешто одбегна да посочи кои поатрактивни локации ќе ги добие назад од државата, Александар Петрески пак, Градоначалникот на Охрид информира,...

Continue reading

Ohrid

Законот за Охрид ќе го спречува урбаниот хаос во градот

Post Views: 1 Законот за Охрид секако беше еден од најдолго очекуваните закони и од јавноста и од експертите. На 6ти овој месец тој конечно ја виде светлината на денот. Иако насловот старо градско јадро асоцира на Охридското кале, сепак тоа е само дел од целината. Всушност со Законот за Охрид опфатена е скоро целата територија на градот. Од Владата, амбициозни и сигурни во корисноста на овој закон. „Очекуваме дека законов ќе стави крај на урбаното дивеење и урбаната мафија во Охрид. Како главен носител на оваа активност била и останува општината и советот така што очекуваме дека...

Continue reading

Samoilova tvrdina

Под Самоиловата тврдина ќе се градат куќи

Post Views: 10 Засегнати жители крајно се револтирани од оваа можност и потсетуваат дека пред години тука за нив било невозможено да градат. Тогашното образложение било дека ќе се наруши автентичноста на градот, а сегашните урбанистички решенија како да не се однесуваат за истиот град, се чудат тие. Прашуваат загрижено што ќе се случи со зеленилото и видикот кој се протега во тој дел на градот. Можноста за подигање на семејни куќи со висина од околу 9 метри кои ќе никнат токму на овој потег ја потврдуваат и од секторот за урбанизам. Нагласуваат дека е многу рано за коментари околу...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top