Ознака: останува

Osnoven sud Ohrid

Судењето на Шапкар одложено, по трет пат

Post Views: 17 Никако да се спојат коцките од мозаикот за разрешница на случајот со глисерската незгода. Повеќе од јасно е дека овој судски спор премногу се одолговлекува. После првиот претрес за глисерската незгода, која се случи на 22.08.2009 во водите на Охридското езеро,  во која животот го загуби Ирина Романова Муцински, следуваат три одлагања на главниот претрес и сите поради неприсуство на некој од главните носители на овој настан. Овој пат неприсуството на Емил Балабан, адвокатот на обвинетиот Христијан Шапкар, беше главна причина поради која се одложи рочиштето. Судијата...

Continue reading

Aleksandar Radic

Нема спонзори за книгите на Леко Радиќ

Post Views: 5 Нашиот пливачки тренер Александар Радиќ-Леко е зачуден од незаинтересираноста на локалните моќници. Никој досега не му пристапил да му помогне во издавањето на книгите. Во ситуација кога македонското, а посебно охридското пливање се наоѓа во најлоша можна состојба, се поставува прашањето зошто никој досега не се заинтересирал за издавањето на овие книги. Александар Радиќ-Леко има издадено две книги. Првата од нив ја издал со сопствени средства за која платил 3000 евра, а за втората добил тужба поради неможност да ги подмири долговите спрема издавачите. Тој има веќе...

Continue reading

Nova Godina

Новогодишните тезги слабо посетени од граѓаните

Post Views: 4 Тезгаџиите не се задоволни од продажбата. На тезгите се забележува асортиман кој останал непродаден со години наназад. Дел од целата новогодишна атмосфера се и неизбежните тезги со новогодишен асортиман. Тезгаџиите кои продаваат таму крајно незадоволни. Се жалат на остварениот промет, велат дека продажбата е пониска од било кога. Оваа година се забележуваат повторно истите честитки, украси, сијалички. Продавачите не можат да остварат промет ни колку за да направат обрт на стоката. Се помалку граѓани застануваат на тезгите, а камоли да купат нешто. „Луѓето застануваат...

Continue reading

Ukraseno za NG

Сработеното на дело

Post Views: 0 Јавните површини и дел од парковите во центрелното градско подрачје во Охрид, веќе блеснаа во новогодишен сјај. Најавите дека годинава градов  скромно ќе се украси за среќа не се реализираа бидејќи градот свети од сите страни. Со право може да се каже дека плоштадот и централното градско подрачје личат на оние во светските метрополи и големите развиени туристички центри. Светлечките црева за декорирање на јавни површини преплетени се во разни бои и од нив направени се интересни мотиви на кои навистина ретко кој останува рамнодушен. Импресиите се најизразени кај децата...

Continue reading

Opshta bolnica

Се` тече според зацртаното

Post Views: 6 Работите со делумната реконструкција на Општа болница Охрид течат редовно според зацртаниот оперативен план на изведувачите. Портпаролот на Општа болница Др. Сашо Василески вели, нивното лобирање до Владата на Р. Македонија и дозволата за реконструкција од страна на Министерството за здравство, дошла во вистинско време. Василески верува дека работите ќе завршат во предвидениот рок. Се очекува дека условите за работа ќе се подобрат со делумната реконструкција на Општа болница Охрид, вели Василески. Исто така, во исчекување е и одлуката на ресорното министерство за тоа...

Continue reading

transformator

Не треба да си Тесла за да сватиш

Post Views: 7 Од барот Објектив кој се наоѓа во непосредна близина на орманот тврдат дека во неколку наврати за проблемот ги информирале во ЕВН, но до денеска никој не превзел ништо. Контактиравме со портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачески кој за проблемот дозна од нас. По фотографиите кои му ги испративме тој призна дека овој орман кој е под висок напон е вистинска опаснот за граѓаните. Ковачески, спротивно од информацијата од граѓаните, тврди дека во кол центарот на ЕВН, се до нашето јавување не било пријавено за проблемот. Според портпаролот уште попладнево екипа на ЕВН ќе го поправи...

Continue reading

bazen

Отворениот базен ќе се гради по словенечки урнек

Post Views: 5 Отворен базен и марина, приоритети на локалната за овој период. Охрид не смее да ја дочека летната сезона без овие објекти – вели градоначалникот Александар Петрески. Искуствата за овие градби Петрески вели дека ќе ги црпиме од Словенија, за што пред една недела веќе беше остварена посета на оваа земја. „ Имам договорено средби во Охрид каде треба да дојдат потенцијални инвеститори. Во тек се и урбанистичките планови за средување и на постоечките марини, но и изграба на нови. Тоа треба да го направиме, за налето да бидат готови“, вели градоначалникот Александар...

Continue reading

soobrakaj

Експертите со различни оценки за сообраќајниот режим

Post Views: 7 Завршувањето на  примената на летниот режим на сообраќај наметна неколку прашања кои ги засегаат граѓаните. Експертите имаат  различно гледиште за квалитетот на годинешниот сообраќаен  режим на терен. Неодамна  раководителот на одделението за сообраќај во локалната самоуправа, Зоран Шикалоски, за ТВМ изјави дека е задоволен од годинешното решение на летниот режим на сообраќај. Шикалоски потенцираше дека како резултат на годинешното решение на  клучните раскрсници, кај Oпштината и Домот на АРМ, годинава сообраќајот поминал  без инциденти. Експертот по сообраќај и советник,...

Continue reading

Saso Alce

Сашо Алче останува на чело на Комуналец

Post Views: 3 Актуелниот вршител на должност директор на Ј.П. „Охридски Комуналец“, Сашо Алче ќе остане на оваа функција најмалку до завршување на трансформацијата на јавното претпријатие.Ова го најави градоначалникот Александар Петрески коментирајќи ги бројните шпекулации што деновиве проструија во јавноста. „ Јас сум задоволен од работата на директорот , а верувам и вработените, затоа што за само три месеци задоа неколку заостанати плати“, вели градоначалникот Александар Петерски. Инаку, до неодамна првиот човек на ЈП  Комуналец го избираше советот, но поради можноста ова тело политички...

Continue reading

spasuvanje

„Илинден“ уште најмалку една недела останува под вода

Post Views: 6 ТВМ дознава дека бродот „Илинден“ уште најмалку една недела ќе остане во водите на Охридкото езеро. Оваа информација доаѓа од стручни лица учесници во постапката за расветлувење на случајот кои во интерес на понатамшните истраги инсистираа да останат анонимни. Она што се знае е дека мешовитата комисија составена од експерти од Бугарија, Хрватска и Македонија, ја завршија својата работа.  Тимовите  од Бугарија и Хрватска веќе ја напуштиле нашата земја. Неофицијално дознаваме дека во извештајот експертите констатирале дека бродот Илинден бил технички исправен за пловидба....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top