Ознака: општината

пп возило

Tропаат за пари на погрешна врата

Post Views: 3 Група револтирани припадници на  противпожарната територијална едница, кои сакаа да останат анонимни, се пожалија дека единствено тие биле отстранети од списокот за добивање на овој екстра приход. Нивниот командир Спасе Прентоски пак, вели дека иако уште од 2004-та година противпожарните територијални единици се преземени од страна на општината, нивното финасирање, сеуште го прави некој друг. „Но финансирањето на противпожарните територијални единици, сеуште го прави државата односно, преку МВР и Министерството за финансии,“ вели Прентоски. Улогата на Локалната е да...

Continue reading

sovetnici

Буџетот на општина Струга за 2011 помал во однос на ланскиот

Post Views: 11 Во  Буџетот на општината за 2011 година проектиран на 13 милиони евра, од кои 7 милиони евра се од блок дотации  по одделни намени, нема програма за капитални инвестиции. Најголемата ставка на буџетот, покрај ставката за плати на администрацијата во висина од 435 милиони денари, е изградбата и реконструкција на локалните  патишта која изнесува 40 милиони денари. Дел од советниците искажаа забелешки во однос на минатогодишната програма  колку е таа досега успешно реализирана.„Не сме разговарале  за извршените работи по оваа  програми што е направено во Струга и колку...

Continue reading

javna rasprava

Како ќе се трошат парите на охриѓани в година?

Post Views: 11 Јавна расправа за развојните програми на Општина Охрид за 2011 година. Денешната средба со граѓаните и претставниците на месните заедници, градоначалникот Александар Петрески ја оцени како општо корисна за сите. Според него, граѓаните имаат легитимни и скромни барања кои мора да се реализираат, а приоритет ќе се даде на најкритичните. Проектираната сума од околу 16 милиони евра за буџетот за 2011 година, Петрески ја гледа како реална и смета дека секој денар оди на вистинско место. За разлика од Петрески, советничката од редовите на ВМРО –ДПМНЕ Јованка Дамоска, смета...

Continue reading

presmetka

Супер оптимистички буџет за 2011

Post Views: 7 Буџетот на општина Охрид вртоглаво расте. За годината што следува тој ќе изнесува околу 977.061.000 милиони денари или околу 15 милиони евра. Приоритети на општината со вака проектиран буџет се зголемување на на ефикаснсоат на локалната администарција, насочување на средства во комуналната проблемтика и инфрстаруктура, воспоставување на систем за транспарентност и отчетност на трошење на буџетски средства , неизбежното намалување на задолженоста н а општината и што е за големо поздравување, доклку се реализра, поголема  ангажираност на администрацијата  кон оствраување...

Continue reading

potkrovja

Неизвесна судбината на диво изградените поткровја во стариот дел од градот

Post Views: 8 Неизвесна судбината на изградените поткровја во стариот дел од градот, дали ќе се спасат од рушење или ќе бидат легализирани. На почетокот од оваа година инспекторатот изготви список со  20-тина    незаконско изградени поткровја во стариот дел од градот, од вкупно  70 во  општина Охрид. Сега се зависи од предлог законот за легализација на дивоградбите на кој се чека скоро 4 години, вели раководителот на инспекторатот Танас Танасоски. „Сепак се сомневам дека поткровјата ќе бидат легализирани, со оглед на тоа дека се работи за заштитено подрачје како што е стариот дел...

Continue reading

ucenici

Само да се речело „НЕ“ !

Post Views: 7 Учениците и нивните наставници од основното училиште „Св Климент Охридски“ секоја година мора да се изборат за учество на свечената академија која општината ја организира по повод патронот на градот, Св.Климент Охридски. „Едноставно ни кажаа, не!“ Сеуште, наставниците и третооделенците од основното училиште „Св Климент Охридски“, чекаат на потврда од општината за нивното учество на свечената академија, која треба да се одржи во среда, во чест на патронот на градот, Св.Климент Охридски. Со танталови маки некако им успеа да учествуваат пред две години, на последното издание...

Continue reading

sednica

Турбулентна седница на Советот на општината

Post Views: 10 Урбанизмот, работата на јавните претпријатија и формирање на нови како и потребата од кредитното задолжување на општината, беа точките околу кои на големо дискутираа советниците на ова 27-мо издание на седницата на советот. Ги усвоија предлог одлуките за основање на три нови јавни претпријатиа,  следбеници на ЈП „Охридски Комуналец“. Станува збор за основање на ЈП за управување со градски гробишта, ЈП, за управување на пазари на гоелмо и мало и ЈП за вршење на погребни услуги.Охридските советници најмногу се исторошија околу извештаите за работењето на јавните претпријатија...

Continue reading

Sv Naum

Дивите градби во Охрид, ќе ги руши државата

Post Views: 1 Опомена и постапка. Диво изградените објекти во Охрид нема кој да ги руши, бидејќи општината нема пари, за тоа. Деновиве на тоа укажа и Министерсртвото за транспорт и врски, така што ја опомена општината со тоа што дел од обврските на општинскиот градежен инспекторат ги превзеде во свои раце. Не постапувајќи по укажувањата на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, согласно законот за градење, на општина Охрид и се одзема правото да руши дел од нелегалните градби во комплексот на Св. Наум. Заклучокот и решението за рушење било донесено 07.07 2009 година и...

Continue reading

vmro-dpmne

Квази, квази…квази…

Post Views: 5 Квази мнозинство во Советот на општината и квази Градоначалник. Ова се зборовите со кои од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција ја нападнаа градската власт. Отаму обвинуваат за нивно катастрофално однесување и на редок политички случај мнозинството предводено од СДСМ да го нема на седниците, а опозицинерите трпеливо да ги чекаат во клупите. „Не може тоа да се покрие ниту со тероризирање на вработените во општината, претпријатијата  и училиштата. Во тоа нанесување на штета врз Охрид предничи основачот на ова мнозинство квази Градоначалникот...

Continue reading

Sv Kliment Ohridski

Доделување награда или политичка фарса?

Post Views: 1 Објавен конкурсот за престижната Светиклиментова награда. Иако минатогодишните добитници сеуште чекаат да ги добијат наградите и повелбите, општината во потрага по нови кандидати за највиското општинско признание, наградата „Патрон на градот“ – Св. Климент Охридски. Ќе го добие ли годинава ова признание третманот и вниманието кое го заслужува? Ќе заврши ли во рацете на оние кои по заслуга го добиле или ќе биде само уште еден од купот камења околу кој ќе се сопкаат интересите на политичките партии во градов?Најпрестижната награда која општина Охрид ја доделува за животно...

Continue reading

prezentacija na DUP

Поткровља ќе има над чаршијата, но колку, каде?

Post Views: 7 Започнаа јавните анкети и презентации на петте спорни нацрт детални урбанистички планови. Овие пет Нацрт – ДУП – ви беа донесени на 21-ва седница на Советот на општината. Околу нивното донесување советниците од позицијата и опозицијата имаа дијаметрално спротивставени ставови. Денес во големата сала на општината на ред дојде јавната анкета и презентација на нацрт – ДУП за УЗ 1, Уб 1.1 опфат1. Имено станува збор за Просторот на планскиот опфат во Нацрт- ДУП кој е ,е во границите на улиците:”Св.Климент Охридски”, “Климентов Универзитет”...

Continue reading

kej

Не се знае ни кој јаде ни кој пие

Post Views: 0 Општината сеуште  не знае колку пари  се инаксирани по основ на поставена урбана опрема од охридските угостители. Одделението за даноци и комунални такси кое треба да ја следи наплатата  нема изготвени податоци  нити  извештај за досегашната финасиска  состојба по овој основ. Портпаролот на општината немаше одговор  ни по пет дена од нашето барање за информација  колку пари има во општинската каса од поставените маси и столици  пред угостителските локали. Но, затоа се огласи градоначалникот Петрески.  Тој за ТВМ  изјави дека не е задоволен од наплата, но ни од работата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top