Ознака: овој

policija

Среќни и безбедни матурски и полуматурски вечери

Post Views: 2 Среќни и безбедни матурски и полуматурски вечери. Ова е целта поради која денес на заедничка маса седнаа преставници од СВР, директорите од средните и основните училишта во градов, психолози, педагози како и преставници на центарот за социјални грижи и Црвениот крст. Тие и годинава во очи одржувањето на матурските и полуматурските вечери поразговараа како превентивно да се делува за оваа вечер која е многу важна за средношколците и основците да им остане во најдобро сеќавање без притоа да има некакви несакани инциденти. Овој проект започна во 2009 год. откога се превземаат...

Continue reading

info

ЕУ Инфо точка во Охрид

Post Views: 3 ЕУ Инфо точка во Охрид. Овој информативен центар беше отворен денес во рамките на Општинскиот центар за услуги во Охрид по повод 9ти Мај, Денот на Европа. Во ова европско катче во кое граѓаните ќе можат да ги добиваат сите информации кои се однесуваат на Европската унија, рече секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески.– На овој начин, граѓаните од Охрид ќе бидат во тек со сите случувања во рамките на Европската унија, дали се тоа определени огласи, конкурси, информации, и едноставно денешниот ден го користиме да направиме спој помеѓу граѓаните на Охрид и сите...

Continue reading

protesti JP Biljanini Izvori

Продолжуваат предупредувачките протести пред ЈП Билјанини извори

Post Views: 0 Предупредувачкиот штрајк пред ЈП Билјанини извори продолжува.  Претседателот на синдикалната организација на претпријатието, Зоран Стевоски вели дека ќе протестираат се до исполнувањето на нивните барања.   „ Како синдикална организација испративме барање до сите релевантни фактори односно до бившиот директор, до управниот одбор, до советот на општината Охрид и до градоначалникот на општина Охрид. Сеуште на тие наши барања не е одговорено. Искрено се надевам дека ќе започнат интензивно да работат на решавање на нашиве проблеми“, вели Зоран Стевоски, претседател на синдикалната...

Continue reading

Tockov i Marina

Црвениот крст и Универзитетот „Св.Апостол Павле“ со поинтензивна соработка

Post Views: 1 Со потпишувањето на денешниот формален меморандум за соработка, Црвениот крст од Охрид и Универзитетот за информатички науки и технологии најавија уште поинтензивна соработка. Претседателот на Црвениот крст, Сашо Точков, вели дека овој меморандум и идната соработка ќе биде само надоградување на веќе добро воспоставените и реализирани програми помеѓу двете институции. Точков напомена дека бенефитите се обострани. „Се надевам и ве повикувам и медиумите како и досега да ги следите нашите активности како и заедничките активности со Универзитетот за информатички науки и технологии...

Continue reading

sv.Georgij

Ѓурѓовден, празникот кој ги обединува етникумите во Македонија

Post Views: 0 Освен втор ден Велигден, денес православните христијани го слават и денот на свети Ѓеорѓиј Победоносец или Ѓурѓовден. Овој великомаченик според православната црква е еден од најпочитуваните светци во христијанството. Свети Ѓеорѓиј кој бил родум од Кападокија, во име на верата се подложил на бројни измачувања, а поради чудата кои ги правел, многу незнабошци го попримиле христијанството. „Денес на гробот од свети Ѓорѓи се случуваат безброј чудеса. Честопати свети Ѓорѓи знае да им помогне на сите оние кои имаат потреба од телесно здравје, духовно спасение. Еве и ние се...

Continue reading

gradski grobishta

Отстранета мини депонијата од градските гробишта

Post Views: 6 Се подобрува состојбата на градските гробишта, барем што се однесува на естетскиот дел. Мини депонијата која пред само недела дена го грдеше изгледот на просторот во и околу гробиштата, сега веќе не е таму. Денес увид во состојбата со градските гробишта, на лице место направи и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. „Јас сум денес, од она што претходно го имав како фотодокументација добиено од моите стручни служби и од моите помошници, пред да се почне со оваа акција, доста задоволен сум од она што го гледам, гледам дека се улиците исчистени, измиени и гледам...

Continue reading

Решение на еден од овие проблеми, носи 10 милиони фунти

Post Views: 4 Доколку успеете да решите еден од овие шест проблеми за човештвото, без оглед на тоа дали сте научник или аматер, можете да освоите награда од 10 милиони фунти. Оваа награда, longitude act, одбележува 300 години од своето постоење, кога во 1714 година Велика Британија ги предизвикала пронаоѓачите да решат еден од најголемите предизвици за тоа време – како да се одреди позицијата на брод во морето со помош на географската должина. Овој предизвик го решил часовничар од Јоркшир, Џон Харисон, кој дизајнирал хронометар, првиот морски часовник кој овозможувал прецизна навигација. Во...

Continue reading

Србија им заблагодари на Хрватите

Post Views: 0 Благодарност до Хрватска и нејзините граѓани за солидарноста и помошта во соочувањето во незапамтените поплави во Србија, се наведува во соопштението на српската амбасада во Загреб. „Во името на владата на Република Србија и на сите нејзини граѓани многу сме благодарни на владата на Република Хрватска на брзата реакција и искажаната спремност да помогнат. Овој гест има додатна важност имајќи во предвид дека и самата Хрватска се соочува со поплави на својата територија. Уверени сме дека чинот на искажаната солидарност, граѓаните на Србија ќе знаат да го ценат“, се вели...

Continue reading

sednica sovet Ohrid

Охрид ќе добие панорамски автобус

Post Views: 0 Динамична трета седница на градскиот совет. Предложена точка по која советниците требаше да расправаат денеска ,предлог одлука за донесување на годишна програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2013 год,  уште на почетокот повлечена од страна на предлагачот, градоначалникот Никола Бакрачески. На местото на ова точка градоначалникот предложи нова и тоа: Предлог одлука за прием  на движна ствар  ниско двокатен автобус од отворен тип,  затоа што како што кажа во градов се пристигнати многу туристи  и се наближува официјлниот почеток на туристичката сезона....

Continue reading

skara

Нема протести, ама нема ниту скара и пиво за 1ви Мај

Post Views: 0 Денес е први Мај, меѓународен празник на трудот. За сите оние кои го заборавиле неговото значење да потсетиме дека овој ден е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Се празнува во знак на почит кон жртвите на штрјкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго за воведување осумчасовен работен ден. Во спомен на жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот основачки конгрес во 1889 година во Париз донела декларација со која работниците се повикуваат на масовни демонстрации на 1 мај за да ја подобрат својата положба. ...

Continue reading

turisti

Првомајските и Велигдeнските празници го наполнаа Охрид

Post Views: 1 „Ако кажеме дека по утрото се познава денот , тогаш ова е утрото на Охрид, а денот е пред нас, а благодарение на вакво утро се надеваме на добра сезона“, вели туристичкиот водич Љупчо Јузмески. Тој открива дека групите кои во моментов се во Охрид се претежно минатогодишни гости во Македонија и тоа од Финска и Данска. Јузмески додава дека годинава имаме повеќе гости од Данска, туристи кои се окарактеризирани како авантуристички настрени и за кои најпривлечни се најновите туристички атракции кои ги нудиме, „Велосипедските тури“,  преку Галичица  до ресен и назад. Покрај...

Continue reading

Bejbunar

Бакрачески: Да продолжи урбанизацијата на Бејбунар, но согласно законите

Post Views: 0 Атрактивниот локалитет Бејбунар 2 повторно во фокусот. Деталниот урбанистички план за скапиот  стамбено деловен комплекс кој е предвиден на тоа место беше оспорен од Уставниот суд поради повреда на постапката при изведување и носење на истиот. Судот ги стопираше градежните работи во Бејбунар. Но неколку дена по одлуката на Уставен, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, со став дека урбанизацијата на овој локалитет треба да продолжи. „Јас ќе се заложам заедно со моите служби да се поведе повторно една постапка, меѓутоа законска постапка, каде што ќе се почитуваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top